Разлика помеѓу преработките на „Прва македонско-косовска ударна бригада“

с
Замена со тековно име, replaced: Дебарца → Дебрца (5) using AWB
(+ фото)
с (Замена со тековно име, replaced: Дебарца → Дебрца (5) using AWB)
| notable_commanders=[[Петар Брајовиќ]]
}}
'''Првата македонско-косовска ударна бригада''' била формирана на 11 ноември 1943 година во село [[Сливово]], [[ДебарцаДебрца]]. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.
 
Освен [[Македонци]], во редовите на бригадата се бореле и [[Срби]], [[Црногорци]], [[Албанци]], [[Словенци]].
[[Податотека:Prva makedonsko-kosovska brigada, 1943.jpg|мини|лево|Формирање на I македонско-косовска ударна бригада, 11 ноември 1943 година во село Сливово, Охридско.]]
 
Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и [[балисти]]чките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во ДебарцаДебрца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
 
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината [[Галичица]] и Албанија до слободната територија во [[Меглен]], Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во [[ДебарцаДебрца]] повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата [[Мраморец]], [[Турје]] и [[Сливово]]. На 9 декември бригадата имала краток одмор во [[Герман (Леринско)|Герман]], а на 10 декември во нејзиниот состав влегол батаљонот „Стив Наумов“ како Петти батаљон. Бригадата пристигнала на [[Кајмакчалан]] на 14 декември. После 13 дена марш, на 18 декември бригадата пристигнала во село [[Фуштани]], [[Меглен]]ско.
 
Според планот за дејство, Првата македонско-косовска бригада на 26 декември извршила напад на бугарската гранична посада „Турски рид“ и граничниот гарнизон во [[Мрежичко]]. Во тричасовна борба биле убиени 27 непријателски војници, а 8 биле заробени. После оваа борба бригадата го продолжила патот низ Мариово, и во борбите до 31 декември биле ликвидирани посадите во селата Витолиште, Бегниште и Полчиште. На 2 јануари 1944 година бил нападнат рудникот Момирок во Витолиште. Во рудникот биле уништени машините со што било запрено производството на лискун од страна на Германците, а 20 работници се придружиле кон бригадата. Во текот на овој напад биле заробени: 1 пушкомитралез и 25 пушки, муниција, храна, 4 радио-апарати, 3 машини за пишување и др.
Со концентрирањето на единиците на НОВ и ПО Македонија на [[Кожуф]], на 20 јануари 1944 година, ЦК КПМ и ГШ за Македонија донеле одлука единиците да дејствуваат во три правци. Притоа, Првата македонско-косовска бригада требало да дејствува во западен правец и да продре до [[Азот (област)|Азот]]. Според планот, бригадата тргнала од село [[Баово]] на 31 јануари 1944 година, со што всушност е означен почетокот на походот.
 
На 12 април 1944 во село [[Долно Родиво]], Мегленско бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон ДебарцаДебрца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април - 6 мај), ДебарцаДебрца била повторно ослободена.
 
== Пролетна офанзива ==