Дебар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Етимологија: Заменет застарен назив, replaced: Општина Дебарца → Општина Дебрца using AWB
с →‎Етимологија: Замена со тековно име, replaced: Дебарца → Дебрца using AWB
Ред 123:
[[Податотека:Proslava za 9 maj vo Debar.jpg|thumb|left|200px|Прослава за 9 мај во Дебар.]]
 
Голем дел научници тврдат дека името на градот ''Дебар'' е од [[Македонци|македонско]] потекло, односно со потекло и значење од [[Македонски јазик|македонскиот]], [[словенски јазици|старословенскиот и другите словенските]] јазици. На [[старословенски јазик]] именката ''дебар (дьбръ)'' означува ''долина, котлина''<ref name="ReferenceA">Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во [[Македонија]] постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката ''дебар'' како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина [[ДебарцаДебрца]] во [[Општина Дебрца|Охридско]], селата [[Дебреше]] (Гостиварско), [[Дебреште]] (Прилепско), [[Дебрец]] ([[Кајлари|Кајларско]]), [[Дебриште]] (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село [[Доброште]] се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)<ref name="ReferenceA"/>, со една заедничка карактеристика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот ''дебрина, дебрини'' за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) ''дебар'' е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина<ref name="ReferenceA"/>. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините [[Дешат]], [[Стогово]] и [[Јабланица]], а воедно и предел каде се составуваат долините на реките [[Радика]] и [[Црн Дрим]], со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.
 
Но сепак името ''Дебар'' се споменува уште пред доаѓањето на Словените, односно зборот ''Дебар'' ѝ е познат на историјата уште пред нашата ера. Така во „Историја Уннов“ на стр.86 пишува: „''Во 268 година пред Христа...Готите со 6000 лаѓи и 320 000 војници влегле во Св. Гора, го опседнале Солун, дошле до Дебар каде што се судриле со римската коњаница.''..“ Од ова произлегува дека Дебар е остаток од пражителите на тоа место, со чие се нарекувала целата долина (deboros) и покраина. Оваа теза ја потврдува и чешкиот историчар Иречек, кој меѓу другото вели дека зборот не е словенски, туку произлегува од латинскиот deboros, со значење ''котлина, долина''.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебар