Корисник:A.petrovski.sise/Благуњо дејче: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
|page= <!-- or pages= -->
|isbn=9989-730-47-4
}}</ref> Таа имала двајца браќа, Захарија и Александар. И двајцата биле многу надарени и паметни деца, па татко им ги пратил на школување. Захарија учел во Москва, а Александар во гимназија во Цариград, а од таму заминал во Париз на [[Сорбона]], каде студирал право. По завршувањето на студиите, од [[Кралството Србија]] бил упатен на дипломатска работа Франција, Швајцарија, Австрија и Турција.
 
Кога Благуња пораснала и станала стројна мома, почнале во селото по неа да се загледуваат момците, но и Турците кои доаѓале во селото, а тоа многу го загрижувало татко ѝ Никола. На совет на синот Александар, кој тогаш бил дипломат во Франција, татко ѝ Никола,во првите години од 20. век, продал сѐ што имал во Пожаране и купил куќа во [[Тетово]] во Горна Чаршија. Кога Благуња дошла во Тетово, набрзо низ градот се раширила веста дека ''од некое село гостијарско дошло некое дејче многу убоо''. Благуња брзо ги прифатила градските манири, почнала да се дружи со Трпана Јаковчева и Епса Димушева, исто така познати тетовски убавици од тоа време, за кои ќе бидат испеани најубавите тетовски народни песни.