Ана (британска кралица): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Титули, почести и мотиви на грб: Додадена категорија using AWB
с →‎Владеењето на Џејмс II и VII: Правописна исправка, replaced: сèуште → сè уште using AWB
Ред 38:
Јавните критики за католицизмот на Џејмс се зголемиле кога неговата жена Мери од Модена, останала бремена за првпат во времето на владеењето на Џејмс. Во писмо упатено до нејзината сестра Мери, Ана поттикнала сомнежи дека Кралицата ја лажира својата бременост во обид да претстави лажен наследник. Таа напишала ,,тие се спремни на сè, нема да запазуваат на ништо ако тоа ги поткрепува нивните интереси...тие посакуваат и груба игра.” Во април 1688 год., Ана претрпела уште едно подметнување па го напуштиа [[Лондон]] и замина на опоравување во бања.
 
На 10 јуни 1688 год., кралицата роди син (Џејмс Франсис Едвард) и наследникот бил тука. Ана сèуштесè уште била на бања, па таа не присуствувала на пораѓањето, со што ги зголеми верувањата дека бременоста била лажна. Ана можеби намерно не присуствувала или пак само поради тоа што била болна, но исто така можно е и Џејмс да сакал да ги исфрли сите протестанти, вклучувајќи ја неговата ќерка, од државните работи. ,,Јас можеби никогаш нема да бидам задоволна, дали детето е ваше или не. Можеби е моја роднина, но само Бог го знае тоа.. Никој не може да ни помогне покрај стравовите и меланхоличните мисли,но какви било промени да се случат да знаеш дека секогаш ќе бидам верна на својата религија и верно твоја” – Ана ѝ напишала на нејзината сестра Мери.
 
За да ги прекини гласините за сомничавото дете, на состанокот на Личниот Совет, Џејмс имал 40 сведоци, но Ана не можела да присуствува бидејќи била бремена и потоа одбила да ја чита изјавата под заклетва затоа што ,,не било потребно”.