Разлика помеѓу преработките на „Операција Оверлорд“

с
→‎Историја: Јазична исправка, replaced:  km →  км using AWB
с (→‎Историја: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто (3) using AWB)
с (→‎Историја: Јазична исправка, replaced:  km →  км using AWB)
 
==Историја==
Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на коишто им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал [[Теодор Рузвелт]] вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на коишто се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5 kmкм јужно од планираното.
 
Дваесет и пет километри источно од Јута се наоѓал секторот Омаха на којшто се истоварил 5. корпус на Првата американска армија. Овде одбраната ја држела 352. пешадиска елитна дивизија која стигнала неколку недели пред самиот напад. Во текот на десантот таа извршувала одбрана на напад од море, па истата се наоѓала во полна борбена готовност. Тоа во голема мерка овозможило вешто да се амортизираат нападите на сојузничката флота и нападите од воздух. Во општиот хаос набрзина биле спуштени 64 водоземни тенкови, но само половина од нив успеале да дојдат до брегот. Високите бранови потопиле 27 тенка, а пет-шест биле уништени од противничката артилерија. Исто така потонале 28 од вкупно 30 [[хаубица|хаубици]] коишто биле превезувани во десантни чамци. Американскиот корпус претрпел големи загуби а многу војници и оклопни возила биле истоварени на погрешни места со што била изгубена врската со главницата.