Обработливо земјиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: km² → км<sup>2</sup> using AWB
Ред 1:
[[Податотека:040719 172 dorset marnhull2.jpg|мини|250px|Современото земјоделство користи големи обработливи [[поле (земјоделство)|полиња]] како ова во [[Дорсет]], [[Англија]].]]
'''Обработливо земјиште''' или '''обработлива површина''' — [[земјоделство|земјоделски]] поим, кој значи [[земја (економија)|земја]] која е погодна за одледување на [[земјоделство|култури]] на неа. Поединечната одгледувана површина се нарекува '''нива'''.
 
Денес обработливото земјиште исчезнува со стапка од 100.000 км² годишно, започнувајќи од [[Среден век|Средниот век]] во [[Европа]] и [[Азија]].
 
Најплодниот дел од обработливото земјиште се наносите оставени од поплави на реки и од мориња. Во денешно време поплавите не се толкав создател на обработливо земјиште, главно заради потребата од контролата на поплавите потребна за интензивно земјоделство кое ги задоволува потребите на многубројното население во светот.
 
Реката [[Нил]] и денес редовно се поплавува, и со тоа претекува на своите брегови. По поплавата, водите се повлекуваат и оставаат богата и плодна [[мил]]. Оваа мил е одлично ѓубриво за полјоделските [[култура (земјоделство)|култури]]. Дури и ако земјата е преобработена и сите [[хранлива материја|хранливи материи]] од почвата се исцрпени, земјиштето повторно станува плодно со нов нанос од мил. Заштитните мерки од поплава како [[речен бедем|речните бедеми]] и сл. можеби даваат безбедност, но од друга страна предизвикуваат значајни неповолни влијанија на количеството и квалитетот на обработливото земјиште.
Ред 14:
Меѓутоа необработливото земјиште може да се претвори во обработливо со извесни методи како иригазиони канали, нови бунари, аквадукти, станици за [[отсолување]], засадување на дрвја за сенка во пустината, [[хидропоника|хидропоници]], ѓубрива, азотни ѓубрива, [[пестицид]]и, водопреработувачи со [[обратна осмоза]], употреба на [[полиетилентерефталат|ПЕТ филм]], изолација, копање на ровови и ридови за заштита од ветер, и стаклени градини со внатрешно осветлување и затоплување за заштита од надворешниот студ и давање на светлина при тмурно време. Овие методи обично се многу скапи.
 
Примери за претворање на неплодно '''необработливо''' земјиште во плодно и '''обработливо''':
 
* [[Арански Острови]]: Тука земјиштето било непогодно за полјоделска активност бидејќи било премногу каменливо. Луѓето го покриле со тенок слој од алги и песок од океанот. Со ова земјиштето станало обработливо и денес на него растат прехранбени култури.
* [[Израел]]: Земјиштето во Израел било главно пустинско, сѐ до изградбата на станици за [[отсолување]] долж крајбрежјето. Со отстранувањето на солта од морската вода се добил извор на вода за земјоделски активности, пиење и миење.
* [[Сечно-пожарно земјоделство|Сечно-пожарното земјоделство]] ги користи хранливите материи од дрвениот пепел, но тие исчезнуваат за неколку години.
* [[Тера прета]], создавање на плодни тропски почви со додавање на дрвен јаглен.
 
Примери за претворање на плодно '''обработливо''' земјиште во неплодно:
 
* Сурови и долготрајни суши, при што обработливото земјиште станува пустина.
* Секоја година исчезнува обработливо земјиште заради [[ерозија]] од човековите стопански активности. Грешното наводнување на земјоделски површини доведува до повлекување на [[натриум]]от, [[калциум]]от и [[магнезиум]]от од почвата кој испливува на површина. Ова доведува до постепена концентрација на сол кај корењата, и така намалувајќи ја продуктивноста.
* [[Ексурбанизација]]: Во САД, во периодот од 1992-2002 г. било урбанизирано 8,900 km²км<sup>2</sup> земјиште.
 
== Поврзано ==
Ред 36:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Земјоделство]]
[[Категорија:Исползување на земјиштето]]