Голема Морава: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с Јазична исправка, replaced: km² → км<sup>2</sup> (4) using AWB
Ред 1:
 
{{Инфокутија за река
| river_name = Голема Морава
Ред 13 ⟶ 12:
}}
 
'''Морава''' или '''Голема Морава''' ({{lang-sr|Морава или Велика Морава}}) – [[река]] во [[Србија]] формирана со спојување на [[Западна Морава|Западна]] и [[Јужна Морава]] кај градот [[Сталаќ]]. Се влива во [[Дунав]] на просторот меѓу [[Смедерево]] и [[Костолац]]. Заедно со Западна Морава, Морава е најголемата српска река. Должината на Голема Морава е 185 &nbsp;km, а со Западна Морава долга е 493 &nbsp;km.
 
==Должина==
Голема Морава се формира со спојување на Јужна Морава и Западна Морава близу Сталаќ, мал град и централна железничка крстосница во централна Србија. Од тоа место до устието во Дунав, североисточно од Смедерево, Голема Морава е долга 185 &nbsp;km. Вкупната должина со нејзината подолга притока, Западна Морава, изнесува 493 &nbsp;km. Јужна Морава, која претставува главен извор на вода за Морава, била подолга, но заради регулацијата на речното корито и мелиорационите работи, денес е пократка. Регулациони работи биле извршени на трите Морави, така што сите се значително скратени. Денес најдалечен извор на вода за моравскиот слив е изворот на реката [[Ибар]], десна и најголема притока на Западна Морава. Ибар извира во [[Црна Гора]], и заедно како систем Ибар-Западна Морава-Голема Морава, претставува речен систем со должина од 550 &nbsp;km, и како таков е најдолг воден пат на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]].
 
==Географија==
Голема Морава му припаѓа на црноморскиот слив. Површината на сливот на Голема Морава е 6.126 km²км<sup>2</sup>, а на целиот моравски систем 37.444 km²км<sup>2</sup> (од кои 1.237 km²км<sup>2</sup> во [[Бугарија]] и 44 km²км<sup>2</sup> во [[Македонија]]), што е 42,38% од површината на Србија. Голема Морава протекува низ најплодното и најгусто населеното подрачје на [[Централна Србија]], наречено [[Поморавје]]. Поморавје настанало на местото на залив на некогашното [[Панонско Море]] кое се исушило пред околу 200.000 години. На околу половина должина од долината се наоѓа Багрданската Клисура.
 
Во минатото била позната по своите непрегледни шуми, но денес не останало ништо од големите стебла. Вливот во Дунав е меѓу селата Кулич и Дубравица, во големиот јаглен басен Костолац. Тоа е еден од двата големи јаглени басени во речниот слив. Другиот е Ресавскиот јаглен басен во долината на десната притока [[Ресава]].
Ред 27 ⟶ 26:
==Притоки==
 
Притоките на Голема Морава се кратки. Најдолга е Јасеница (79 &nbsp;km), а другите ретко се преку 50 &nbsp;km. Десни притоки се Јовановачка Река, Црница, Раваница, Ресава и Ресавица (или Ресавчина). Левите притоки се побројни: Калениќка Река, Лугомир, Белица, Осаоница (или Осаница), Лепеница, Рача и Јасеница. Многу од нив се сиромашни со вода, но во текот на дождливи години тие предизвикуваат големи поплави што е главен проблем на целиот моравски слив. Пред вливањето во Дунав, Голема Морава се дели, правејќи ракавец долг 47 &nbsp;km со име Језава, кој се влива во Дунав одвоено во градот Смедерево откако претходно се спојува со левата притока Раља (51 &nbsp;km).
 
==Уредување на реката==
 
Голема Морава е пример на река која меандрира. Таа била долга 245 &nbsp;km од изворот до вливот, но по права линија должината е само 118 &nbsp;km. Така односот на меандрирање е 118:245, што е во самиот врв на реките во [[Европа]].
 
Речното корито е широко 80-20080–200 m и длабоко до 10 m. Сосема вообичаена појава е Морава после поплава да го промени текот, оставајќи на местото од претходното корито езера. Заради големата ерозија во својот слив Јужна Морава е богата со огромни количини материјали кои се таложат во речното корито смалувајќи ја длабочината и на тој начини правејќи ги поплавите почести.
 
Почнувајќи од 1966 година, започнати се огромни работи за спречување на идните поплави. На притоката направени се акумулации (езерата Бован, Ќелије, Газиводе, итн.), а меандрите се пресекувани. На тој начин текот на реката е исправен, а реката е скратена (во случајот на Голема Морава од 245 &nbsp;km на 185 &nbsp;km). Било предвидено да се скрати на 152 &nbsp;km и повторно да стане пловна.
 
Предвидени биле вкупно 18 акумулации, пресекување на 23 меандри, насипување на километри нови насипи и интензивно пошумување. Меѓутоа, од 1980-тите, и посебно 1990-тите заради економската криза, војните и санкциите сите работи биле прекинати.
Ред 43 ⟶ 42:
==Пловност==
 
Денес, Голема Морава е пловна само 3 &nbsp;km од устието. Порано била пловна сè до градот Ќуприја, што е скоро ¾ од нејзината должина. Меѓутоа, како што е наведено, Голема Морава е буквално затрупана со материјал од Јужна Морава. Кога почнала програмата за мелиорација во 1966 година, било предвидено да стане пловна, во првата фаза до Ќуприја, а подоцна сè до Сталаќ, значи целосно.
 
Ништо од најавеното не е направено. Дури се појавила нова идеја (всушност оживеала една стара) за изградба на пловен канал [[Дунав]]-Морава-[[Вардар]]-[[Егејско Море]].<ref>[http://arhiva.kurir-info.rs/Arhiva/2006/maj/03/V-10-03052006.shtml Српски Суец], Курир, 3 мај 2006</ref> Техничките проблеми за изградба на ваков објект се огромни (ни Морава ни Вардар не се пловни). Не е јасно колку би се користел овој пловен пат, а се претпоставува дека цената на ваков проект би била превисока и дека не постои економски потенцијал да се финансира ниту да се искористи ваков пловен комплекс. Во овој момент никој не ја разгледува како сериозна идеја, ниту има индикации за потенцијални инвеститори.
Ред 49 ⟶ 48:
==Населби==
 
И покрај тоа што отсекогаш плодната моравска долина била најгусто населениот дел ана Србија, големите поплави го спречувале населувањето на самите брегови на реката. Единствен града на брегот на реката е Ќуприја, кој повеќе пати претрпел големи штети заради близината на реката. Другите градови изградени се малку подалеку од самата река: [[Параќин]], [[Јагодина]], [[Баточина]], [[Лапово]], [[Свилајнац]], [[Велика Плана]], [[Пожаревац]] и [[Смедерево]]. Помалите места и села ги вклучуваат: [[Варварин]], [[Глоговац]], [[Марковац]], [[Велико Орашје]], [[Милошевац]], [[Лозовик]], [[Симиќево]], [[Ореовица]], итн.
 
==Традиција==
Ред 70 ⟶ 69:
==Наводи==
{{наводи}}
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Реки во Србија]]