Рајан Гигс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Лични признанија: Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари using AWB
с →‎Почетоците на кариерата: Правописна исправка, replaced: отсран → отстран using AWB
Ред 58:
[[File:Ryan Giggs United.jpg|thumb|left|upright|Гигс играјќи за Јунајтед.]]
 
Неговото откривање и доаѓањето на [[Ерик Кантона]] ја најави доминацијата на [[ФК Манчестер Јунајтед|Јунајтед]] во новата лига. Неговиот менаџер беше многу заштитнички настроен кон него, одбивајќи да му дозволи на Гигс да биде интервјуиран се додека не наполни 20 години, и конечно му го дозволи првото интервју на [[Дес Линам]] од [[BBC]] за ,,Натпревар на денот” во сезоната 1993-94. Ова беше сезона кога Јунајтед ја освои двојната круна и Гигс беше еден од клучните играчи заедно со [[Ерик Кантона]], [[Пол Инс]] и [[Марк Хјуџис]]. [[Ли Шарп]], играчот кој Гигс го отсраниотстрани од левата крилна позиција две години претходно, сега се бореше со [[Андреј Канчелскис]] за десната крилна позиција- и двата играчи имаа клучни улоги во клупскиот успех. Тие беа на врвот на табелата од четвртиот натпревар од крајот на август и не беа престигнати цела сезона. Гигс исто така играше за [[Јунајтед]] во финалето на фудбалскиот [[Лига куп]], каде беа поразени со 3-1 од [[Астон Вила]], уништувајќи ги надежите за уникатна домашна [[тројна круна]].
Надвор од теренот, весниците објавија дека Гигс има ,,самостојна револуционерна слика за фудбалот” кога се појави како тинејџер ,,со брзина на оган, црна коса обвиткана околу неговото детинесто лице на поп ѕвезда, и импресивна, леплива врска помеѓу неговата неверојатно брза лева нога и фудбалската топка”. Како резултат на ова, му беа овозможени многу шанси кои обично не му беа доделувани на фудбалери на негова возраст, како што беше водење негово сопствено телевизиско шоу, Фудбалските вештини на Рајан Гигс, што се појави во 1994 година, и исто имаше и книга базирана на оваа серија. Гигс беше дел од обидот на Премиер лигата да се промовира себеси глобално, повторно создавајќи ја сликата после хулиганството- бледите години во 1980-тите и тој претстави безброј фудбалски корици, станувајќи домашно име, и пополнувајќи ја ерата кадешто фудбалерите почнаа да стануваат славни идоли во пар со поп звездите, во и околу средината и крајот на 1990-тите. Наспроти неговата одбивност од внимание, Гигс исто стана тинејџерски пин-ап и еднаш беше опишан како ,, Првото момче од постерите во Премиер лигата”, и ,, чудо од дете”, несомнено оргинален фудбалер кој го испрати терминот во јавната лексика. Беше претставен како првата фудбалска ѕвезда која ја претстави јавната имагинација на начин невиден од времето на [[Џорџ Бест]]. Иронијата беше во тоа што Бест и Боби Чарлтон го опишуваа Гигс како нивен омилен млад играч, одејќи до тренинг игралиштето [[Клиф]] само за да го гледаат, каде Бест еднаш даде духовита забелешка, ,,Еден ден тие можеби дури и ќе кажат дека јас бев другиот Рајан Гигс.”
Гигс докажа дека е одличен постигнувач на голови, многу од неговите незаборавни голови беа ставани во потесен круг за многуте награди за гол на сезоната. Најшироко се сметаат за најдобри оние против [[ФК Квинс Парк Ренџерс|Квинс Парк Ренџерс]] во 1993, [[Тотенхем]] во 1994, [[ФК Евертон|Евертон]] во 1995, [[Ковентри]] во 1996, и најневеројатниот од сите, неговиот соло погодок против [[Арсенал]] во повторниот натпревар од полуфиналето во ФА купот во 1999 година. За време на продолженијата, Гигс за собра топката во негов посед по губењето на топката на [[Патрик Виеира]], потоа трчаше од средишната линија, дриблајќи ја и поминувајќи преку целата дефанзивна линија на [[ФК Арсенал|Арсенал]], вклучувајќи ги и [[Тони Адамс]], [[Ли Диксон]] и [[Мартин Кион]] пред да лансира удар со левата нога веднаш под пречката на [[Дејвид Симан]]. Тој препознатливо го подигна неговиот дрес и се втрча да прослави со неговите соиграчи. Исто така има измена и тој е последниот гол вака постигнат во полуфиналињата од [[ФА Куп|ФА купот]], од наредната сезона, полуфиналињата од ФА купот се решавани во еден натпревар, со ектра време и шутирање на пенали ако е потребно.