Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: чие што → чиешто using AWB
Ред 21:
=== Септемвриското востание ===
[[Податотека:Aleko Pasha.jpg|десно|мини|350п|Четата на Алексо Василев.]]
За време на [[Септемвриско востание|Септемвриското востание]] на БКП во Бугарија во 1923 година, меѓу поголемиот број на убиени комунисти-Македонци од страна на ВМРО бил убиен и внукот од сестра на [[Гоце Делчев]], [[Тодор Чопов]], македонски деец од левицата и член на БКП. Во ова востание учество зеле комунисти и приврзаници на соборената Земјоделска партија на поранешниот премиер [[Александар Стамболиски]]. Тоа имало подршка и кај македонскиот народ во Пиринска Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП.
 
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата можност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до [[Јане Сандански]], како и членови на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на [[Александар Цанков]] и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу [[Бугарија]] и [[Кралството на СХС]]. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев, активно го помагале Септемвриското востание <ref name="ATEN">Виолета Ачковска и Никола Жежов ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА,Скопје,2004.</ref>.
Ред 41:
Според докази на ВМРО планот за убиството на Тодор Александров бил направен во дрводелската работилница на Георги Пенков во присуство на Алеко Василев-Пашата, Георги Атанасов, Георги Пенков, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. За веродостојноста на ваквите планови потврдни изјави дале и дејците од левицата, Методи Алексиев и [[Стоју Хаџиев]], со напомена дека изјавите е можно да биле изнудени под закана од употреба на сила во настаните што се случувале во редовите на македонското националноослободително движење по убиството на Тодор Александров.
 
Кругот на заговорниците се стеснува околу Алеко Паша и Георги Атанасов, чие шточиешто сомнително држење во сите тие настани укажува на најголема веројатност дека тие биле запознаени со плановите за атентат врз Александров. Од гледна точка и на можните мотиви, сенката на сомнежот паѓа врз овие двајца од причина што тие без разлика на нивната идеолошка определеност, во периодот пред атентатот се наоѓале во непријателски односи со Александров и се обидувале да создадат силна опозиција, внатре во ВМРО, против првиот. Атанасов и Пашата, коишто за краток временски период успеале да натрупаат милиони левови на своите конта за сметка на угледот на Организацијата, исто така се плашеле дека на претстојниот Серски окружен конгрес би можеле да ги изгубат високите позиции во водечката хиерархија во ВМРО, а со тоа и стекнатите богатства.
 
=== Горноџумајски случувања ===
Ред 50:
На [[11 септември]] во Горна Џумаја пристигнале луѓето на Михајлов, таму биле пречекани од Асен Даскалов и Борис Тиков. Следниот ден се одржала средба помеѓу Шанданов, Алеко Пашата, Атанасов и Протоѓеров. Средбата започнала со голема недоверба меѓу присутните од двете групи. Најпрвин зборувал членот на ЦК, Протоѓеров, кој со солзи соопштил дека оваа средба по убиството на Александров била со цел да се зачува единството на ВМРО и таа да се спаси од распаѓање. Откако зеле збор и Шанданов и Алеко Пашата, бил утврден дневниот ред на состанокот по однос на разни тековни прашања, при што и покрај тензиите, разговорите протекле многу мирно. Ноќта на 12 септември пристигнале раководителите на Илинденската организација и [[Кирил Дрангов]] кој по наредба на Михајлов го известил околискиот началник на ВМРО, Константин Алексиев за престојната акција.
 
Според изработениот план, Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а Панчо Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, по што планирале заеднички да пукаат од револверите кон вратата за да го спречат обезбедувањете да влезе во просторијата.
 
''Четворката влегла во куќата, а набргу им се придружиле Александар Протоѓеров и Алеко, кои откако се ракувале ги започнале разговорите на тој начин што Протоѓеров, Панчо Михајлов и Ѓурков излегле на балконот, а во собата останале Алеко Пашата, Дрангов и Шанданов, додека Атанасов се наоѓал во соседната одаја. Во разговорот Алеко го повикал Дрангов да излезат надвор и во моментот кога стигнале до вратата, последниот се свртел и со поглед го прашал Шанданов што да прави, при што со знак добил потврден одговор за акција. Настаните се одвивале со голема брзина: Петар Шанданов и Дрангов исто-времено пукале во грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот, со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што бил Атанасов со обезбедувањето. Протоѓеров, кој не знаел ништо за планираната акција, се скрил во едно ќоше. Во престрелката Атанасов со обезбедувањето се обидел да се пробие со активирање на бомба, но и покрај експлозијата, која не им наштетила на Шанданов и Дрангов, пресретнат од насочената стрелба кон вратата, не успеал. Ѓурков и Дрангов во сета таа мешаница ги насочиле револверите кон Протоѓеров и заповеднички го запрашале, зошто го убиле Александров, на што тој очајнички одговорил дека не знае ништо за убиството на Тодор. Луѓето на Атанасов успеале преку прозорец во соседната соба да побегнат на улица, иако таму излегле да ги пресретнат Ѓурков и Панчо Михајлов'' <ref name="ATEN" />.
Ред 56:
== Наводи ==
<references/>
 
{{Дејци на МРО}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Василев, Алексо}}
Ред 61 ⟶ 63:
[[Категорија:Дејци на ВМОРО]]
[[Категорија:Македонски Власи]]
 
{{Дејци на МРО}}