Разлика помеѓу преработките на „Коста Паница“

Одземени 2 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎top: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB)
'''Костадин (Коста) Атанасов Паница''' (1857-1890) бил армиски офицер и мајор во бугарската армија. Учесник во бунтови и востанија против отоманската власт во Бугарија и Србија, организатор на македонското иселеништво во Бугарија, доброволец во Српско-турската војна (1876-1878 г.), Руско-турската војна (1877-1878) и Српско-бугарската војна (1885).
 
Коста Паница е роден во Трново, северна Бугарија, во 1857 г. Потеклото му е од трновското село [[Дебелец]].<ref>Историјата на родот на Паница датира уште од пред 1700 година. Дедиње му биле многу строги и опишале целата негова историја. "Ги чувам некои стари бумаги, таму сè е напишано на многу стара хартија, со специјално мастило, најверојатно со перо. За тоа кој штокојшто има работено со што се занимавал, кој со кого бил партнер, и конечно причината за смртта на секој ", раскажува д-р Паница. Презимето му тргнува од периодот 1690-1710 година. Тогаш неговите предци живееле во Великотрновското село Дебелец. [http://www.segabg.com/article.php?id=37326 Васил Паница: Род без памет е род без иднина, Екатерина Терзиева, в-к “Сега”, 15.12.2006 г.]</ref><ref>''Паница, броен род, кој продолжува да дава видни личности. Историјата на родот започнува околу средината на 18 век, кога Димитар (овчар или орач) од селото Дебелец се преселува во Трново.'' Кой кой е сред българите ХV-ХIХ в: 501 имена от епохата на османското владичество, Илия Тодев, Издател Анубис, 2000, стр. 205.</ref> Кон 1690 година неговите предци живееле во Дебелец, а околу средината на 18 век, се преселиле во Трново. Неговиот татко Атанас Николов (1802-1872) бил роден во Трново. Атанас бил трговец и имал два бракови. Неговата прва жена Мариола умрела млада и од неа останале 4 деца. Од неговиот втор брак со сосетката му Венета се родиле Коста и уште две деца.<ref>Военно-исторически сборник, том 37, Институт за военна история, 1968 г., [http://books.google.bg/books?ei=LJNhUsjcL4WWswbniYCAAg&hl=bg&id=klsNAQAAIAAJ&dq=%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0+%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0+%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81&focus=searchwithinvolume&q=%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0 стр. 41.]</ref> Таткото Атанас не употребувал прекарот на неговиот дедо, хаџи Георги Димитров - "Паница" како презиме, но некои од неговите деца го прифатиле подоцна името Паница. Меѓу нив бил и Коста.
 
Историчарот од [[Оксфордски универзитет|Оксфордскиот универзитет]] [[Ричард Џ. Кремптон]], во своите трудови вели дека Мајор Паница исто така имал и [[Македонци|македонско]] потекло<ref>[http://books.google.mk/books?id=iL06AAAAIAAJ&q=macedonia#v=onepage&q=panitsa&f=false R. J. Crampton: A Short History of Modern Bulgaria (1987) , p. 34]</ref><ref>“'''Major Kosta Panitsa, a talented but flamboyant young officer of Macedonian origin'''.”: [http://books.google.mk/books?id=Ylz4fe7757cC&pg=PA105&dq=macedonian+major+panitsa&hl=en&sa=X&ei=H6NgUvruMsaz4ATQkoGYCQ&ved=0CDUQ6AEwAg#v=onepage&q=macedonian%20major%20panitsa&f=false R. J. Crampton: A Concise History of Bulgaria (Cambridge Concise Histories), 2005 , p. 105]</ref>. И [[Исаија Мажовски]], современик на Мајор Паница, во своите Спомени го вбројува Паница меѓу македонските офицери, што исто така укажува на неговото делумно македонско потекло<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Радев Мажовски: "Възпоминания", Софија, 1922 г., стр. 30]</ref>.
На 27 декември истата година, Паница повторно се јавува како основач и организатор на здружение на Македонци иселеници, наречено [[„Александар Македонски“]] во Русе.<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2010/10/kosta-shahov-edno-osvetlenie-po-nashite.html Коста Шахов, “ЕДНО ОСВЕТЛЕНИЕ ПО НАШИТЕ РАБОТИ”, стр. 40]</ref>
 
3а време на Српско-бугарската војна ([[1885]]) командува со Смолчанскиот партизански одред<ref>[http://www.promacedonia.org/dibo/jvd/jvd_4_1.htm Jордан Венедиков, “История на доброволците в Сръбско-българската война”. Софиja, 1935, стр. 138-143]</ref>, во кој штокојшто влегуваат стотици доброволци от Македонија. По војната, во 1886 станува председател на Македонскиот револуционен комитет „Искра“ <ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Мажовски, "ВОЗПОМИНАНИЈА", Софија, 1922 г., стр. 28]</ref>. Кратко потоа влегува и во високата, државна политика на Бугарија. 3а време на превратот против кнез [[Александар I Батенберг]] (9 август 1886 г.) и по повлекувањето на кнезот, игра значајна ролја во државната политиката, председател е на Воениот суд. Откако кнез [[Фердинанд I]] доаѓа на бугарскиот престол, Паница го смета за узурпатор. Коста Паница влегува во конфликт и со својот соработник, и многу често истомисленик [[Стефан Стамболов]], поради македонското прашање.
 
3а време на Српско-бугарската војна, одредот на Мајор Паница наречен „Македонски арамии“ е составен дел од Бугарската армија<ref>Стефан Цанев, „Български хроники“, (том 3 - История на нашия народ от 1878 до 1943 г.), 2008, стр 105.</ref>, со надеж дека бугарската држава и армија ќе помогне Македонија да се ослободи од турскиот јарем. Тогаш, но и по војната, намерите на Паница, и пред сè на неговите потчинети, како и на сите родољубиви Македонци, биле искрени и благородни. Од друга страна пак, приоритет на бугарскиот премиер [[Стефан Стамболов]] му биле личните амбиции и кариерата, којашто меѓу другото, ја градел неретко и злоупотребувајќи го македонското прашање. Во една прилика, во врска со ослободувањето на Македонија тој изјавил: