Едмунд Хусерл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
с →‎Младост и образование: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
Ред 24:
== Живот и кариера ==
=== Младост и образование ===
Хусерл е роден во 1859 година во Просниц (германски: Prossnitz), град во Бохемија во провинција Моравија, кој штокојшто тогаш беше австриската империја, после 1918 година во Чехословачка, а од 1993 година во Чешка. Тој е роден во еврејско семејство, и е вториот од четирите деца (момче, момче, девојче, момче). Детството го поминал во Просниц, каде што одел на основното училиште. Потоа Хусерл отпатувал во Виена за да студира во гимназија таму, а потоа пак во државната гимназија во Оломоуц.
 
Од 1876 до 1878 година Хусерл студирал математика, физика и астрономијата на Универзитетот во Лајпциг. Во Лајпциг, исто така, бил инспириран од предавања по филозофија од Вилхелм Вунд, еден од основачите на модерната психологија. Во 1878 година се префрлил на [[Хумболтов универзитет|Хумболтовиот универзитет]] во Берлин (тогаш наречен Фридрих Вилијам Универзитет), каде што го продолжил студирањето по математика кај професорот Леополд Кронекер и познатиот Карл Вајерштрас. Во Берлин го нашол менторот Томас Масарик, кој тогаш бил поранешен студент по филозофија кај професорот Франц Брентано, а подоцна и прв претседател на Чехословачка. Таму Хусерл, исто така, присуствувал на предавањата по филозофија кај Фридрих Паулсен. Во 1881 година заминал на Универзитетот во Виена да ги заврши студиите по математиката под надзор на професорот Лео Конигсберг (поранешен студент на професорот Вајерштрас). Во Виена во 1883 година ја добил својата докторска титула со делото Beiträge zur Variationsrechnung ("Придонес кон математичката анализа на варијации ").