Стар Рим: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →'''Мит за создавање на Рим''': Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB |
с →'''Мариј и Сула''': Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB |
||
Ред 39:
== '''Мариј и Сула''' ==
Гај Мариј ја започнал својата политичка кариера со помош на моќната фамилија Метели и наскоро станал водач на републиката, извршувајќи едно од првите седум конзулства (со невидено искуство) во 107 година п.н.е.. Тој тврдел дека неговиот поранешен заштитник Квинт Цецилиј Метел Нумидски не бил во можност да го порази и да го зароби кралот на Нумидија- Југурта. Подоцна Мариј ја започнал својата воена реформа: за да се бори со Југурта, тој регрутирал многу сиромашни луѓе и многу луѓе кои немале земја, влегле во војската. Со овој начин се обезбедувало лојалност од војската кон главниот командант.
Во тоа време, Мариј ја започнал својата караница со Луциј Корнелиј Сула. Мариј кој сакал да го зароби Југурта, побарал од зетот на Југурта- Бок I да го предаде Јогурта на Римјаните. Кога Мариј не успеал, Сула
По повлекувањето на Мариј, Рим доживеал краток мир, во кој италијанските сојузници побарале римско државјанство и право на глас. Реформистот Марко Ливиј Друз го поддржал нивниот правен процес, но тој бил убиен и сојузниците се кренале против Римјаните во социјалната војна. Во еден момент биле убиени двајцата конзули, Мариј бил задолжен да командува со војската заедно со Луциј Јулиј Цезар и Сула.
Кон крајот на социјалната војна, Мариј и Сула биле главните лица на војската во Рим. Нивните приврзаници имале конфликт, борејќи се за моќ. Во 88 година п.н.е. Сула бил избран за неговото прво конзулство и неговата прва задача била да го порази Митридат VI од Понт, кој имал намера да го освои источниот дел на римската територија. Сепак, приврзаниците на Мариј ги извршиле воените постројки, спротивставувајќи се на Сула и на Сенатот. Ова била причина за гнев на Сула. За да ја зацврсти својата моќ, Сула спровел изненадувачко и незаконско дело: тој марширал до Рим заедно со својата легија и ги убил сите оние кои ги поддржале причините на Мариј и им ги набил главите на колци кај Римскиот форум.
|