Разлика помеѓу преработките на „Чикаго Булс“

Одземени 2 бајти ,  пред 1 година
с
Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
с (→‎1993-1995:Првото пензионирање на Џордан: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB)
с (Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB)
Есента 1993 година Џордан ја шокираше кошаркарската заедница со изјавата за негово пензионирање, неколку месеци откако тој дознал за убиството на неговиот татко. Булс тогаш беа предводени од Скоти Пипен, кој себе си се постави меѓу најдобрите играчи во лигата со освојувањето на наградата за највреден играч на Ол Стар (All-star games) натпреварите 1994 година.Тој беше потпомогнат во играта од Хорас Грент и Б.Џ Армстронг кои таа сезона беа за првпат одбрани за Ол Стар (All-star games) натпреварите.Останатиот дел од екипата на Булс беше составен од Картврајт, Пердју, Пит Маерс со позиција бек и дебитантот од Хрватска Тони Кукоч. И покрај 55-те победи на Булс во сезоната 1993/94 година, тие изгубија од Никс во втората рунда од плејофот, по свирнувањето на контраверзен прекршок од страна на судијата Хју Холинс во петиот натпревар меѓу Булс и Никс. Тимот на Никс евентуално таа сезона стигна до финалето, но за жал загуби од тимот ,,Хјустон Рокетс’’.Следната сезона, односно 1994/95 година Булс ја забележија со заминување од стадионот во Чикаго кој беше нивни дом цели 27 години, тие го преселија клубот во Јунајтед центарот (United Center).
Во 1994 година Булс ги заврши договорите со Хорас Грент, Бил Картврајт и Скот Вилијамс, а пак Џон Паксон замина во пензија.Тие како замена ги земаа Рон Харпер со позиција бек за кој се зборуваше дека е класа на играч како Џордан и Џод Бушлер со позиција крило.
Булс во тогашниот состав ги имаше Армстрон и Харпер во одбранбените позиции, Пипен и Кукоч во позициите за напад и Пердју како центар.Покрај оваа петорка тие како замени ги имаа Стив Кер кој имаше многу прецизен шут, а тимот го донесе во своите редови пред сезоната 1993/94 година, Маерс и центрите Лук Лонгли (кој беше купен од тимот ,,Минесота Тимбервулвс’’ 1994 година) и Бил Венингтон.И покрај добрата екипа тимот се соочуваше со кризен период сезоната, но на 17 Март 1995 година добија новост дека Мајкл Џордан ќе се врати од пензија.На само петиот натпревар од неговото враќање, Мајкл погоди 55 поени против Никс и го обезбеди пласманот Булс во плејофот каде го вознемири тимот ,,Шарлот Хорнетс’’.По неколку победи во првиот дел од плејофот, тие се соочија против тогашниот шампион, тимот ,,Орландо Меџик’’ каде што играа Хорас Грен, Анферне Хардавеј и Шекил O’Нил.Булс за жал не успеаа да ги победат тој плејоф.Кога Џордан се врати од пензија тој на првите неколку натпревари го носеше дресот со број 45 ( број на дрес со кој штокојшто играл во дебитантските години во универзитетската лига и втората лига). Тој го одбрал бројот 45 поради тоа што неговиот постар брат Лери го носел тој број во средно школо, а пак Мајкл сакал да биде барем пола успешен од тоа што бил брат му. Затоа тој го избрал бројот 23 што доаѓа како пола од 45 ( односно 22.5). Мајкл овој дрес со број 45 го носел само неколку натпревари, бројот 23 го сменил кога го играле вториот натпревар против Орландо Меџик тој плејоф. Во наредната предсезона, Булс го завршија договорот со Армстронг, и Краус го продаде Вил Пердју на тимот ,,Сан Антонио Спурс’’, за агресивниот и контраверзен специјалист во скокови во напад и одбрана Денис Родман кој ги освоил титулите за скокови четири години во низа.Тој е познат и како поранешен член на тимот ,,Детроит Пистонс’’ често нарекуван ,,Лоши момчиња’’ кој бил главен непријател на Булс во касните 1980-ти години.
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==
Во сезоната 1996/97 година Булс за многу малце не ја одбележија втората сезона во низа со 70 победи во сезона.Тие загубија на последните два натпревари во регуларниот дел од сезоната и ја завршија сезоната со резултат од 69 победи и 13 порази.Тие ја повторија доминантноста на домашен терен со резултат од 39 победи и 2 порази во Јунајтед центарот.Таа сезона тимот ја освои повторно титулата, петта по ред ,играјќи во финалето против тимот ,,Јута Џез’’ кој ги имаше Џон Стоктон и Карл Мелоун во своите редови.Џордан таа година ја освои деветтата по ред титула во погодени поени, а Родман ја освои титулата во скокови по шестти пат.Тие заедно со Роберт Периш кој исто така беше член на Булс во тоа време беа почестени со место меѓу најдобрите 50 играчи во историјата на НБА, при што истата година и НБА лигата ја слави својата 50-та сезона.
Сезоната 1997/98 година беше немирна сезона за НБА шампионот Булс. Како дел од проблемите беа многуте гласини за повторно заминување на Џордан, иднината на Фил Џексон како главен тренер беше исто во прашање, и односот помеѓу Џексон и генералниот менаџер на тимот Џери Краус кој создаваше вознемирување во тимот.Скоти Пипен очекуваше значително продолжување на договорот што самиот мислеше дека го заслужува, а пак не го добиваше од организацијата. Покрај сите проблеми и препреки, Булс имаа беспрекорна сезона со резултат во регуларниот дел од сезоната од 62 победи и 20 порази.Џордан повторно беше назначен за највреден играч во лигата по петти и последен пат, и Булс влегоа во плејофот како фаворит од источната конференција.
Во првиот дел од плејофот Булс играа против ,, Њу Џерси Нетс’’, тимот предводен од Кендал Гил и Сем Касел.Булс ги победија Нетс во три натпревари во низа.Нареден предизвик за Булс во плејофот беа ,,Шарлот Хорнетс’’ тимот кој штокојшто им приреди малце поголем отпор, но сепак на крајот Булс победија.По Нетс и Хорнетс, Булс во конференциското финале се сретнаа со ,,Индијана Пејсерс’’, каде што се одиграа шест регуларни натпревари на кој Булс имаше победи на домашен терен, и беше одигран и седми решавачки натпревар каде што Булс ги победија Пејсерс со резултат од 88-83. Со ова Булс го освоија Источното конференциско финале по шестти пат.
Булс во финалето со тимот од минатата година, со Јута Џез кој беа предводени од Карл Мелоун познат како Поштарот и Џон Стоктон.Џез оваа година чуствуваа сигурност дека можат да ги победат Булс со победа на првиот одигран натпревар во Делта центарот во Јута.На вториот меѓусебен натпревар Булс победија на гостински терен со што го израмнија резултатот. Наредните два натпревари, односно третиот и четвртиот Булс ги одиграа на домашен терен каде ги добија и двата натпревари.Петтиот натпревар се одигра повторно во Делта центарот каде што Џез победија. Шестиот натпревар беше многу тежок подеднакво за двата тима, Џез преовладуваа на теренот за време на поголемиот дел од натпреварот, но затоа Булс го имаа искусниот Џордан во своите редови кој ги врати Булс во живот во последните мигови од натпреварот.Булс губеа со разлика од 3 поени на кој Џордан возврати со продорен двочекор каде што ја врати разликата на само еден поен.Во наредната акција Џордан ја украде топката од Карл Мелоун и го промени резултатот во полза на Булс 87-86. Со само 5.2 секунди преостанати за игра Џез пробаа да се вратат во игра со шут од тројка од странана Џон Стоктон кој промаши, со што Булс ја освоија осмата титула.По овие тешки натпревари во финалето, Џордан е прогласен за највреден играч во финалето за шестти пат во неговата кариера.Тој на 13 Јануари 1999 година се пензионира по втор и последен пат.