Даниел Кајмакоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Живот и кариера: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
Ред 24:
 
Победник е на регионалното шоу ''X Factor Adria'' и победник на ''Скопски Фестивал'' на кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2015. На своја 7 година заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа. Првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12. Најголем успех има има постигнато во регионалното шоу ''X Factor Adria''. Во 2009 година, за првпат настапува во Македонија, на Охрид Фест со неговата сопствено искомпонирана и напишана песна ’’Нежна ко принцеза’’, со која сепак повторно не бил забележан. Исто така Даниел има учествувано и во Бугарско шоу, “Пеј С’мен“.
Неговата омилена храна е боранијата, омилена боја е тиркизна. Неговите најголеми идоли се нашиот легендарен Тоше Проески, Џастин Тимберлејк, Бруно Марс и Крис Браун. Мајка му знаела да “осети“ добра музика и пишувала фантастични тесктови. Приватно слушал hip-hop и RnB. Името на неговите фанови е “сонциња“ доделено сопствено од Даниел Кајмакоски, тој вели дека [[File:Danielkajmakoskiiksfaktor2014.jpg|thumb|right|Winning X-Factor Adria|врска=Special:FilePath/Danielkajmakoskiiksfaktor2014.jpg]]тоа име им го дал затоа што сонцето зрачи со позитивна енергија, слично како и тие. Една од неговите напишани песни е ’’Више се не врачаш’’ која ја напишал на англиски јазик, но подоцна ја превеле на српски и таа песна е перформирана од страна на Каролина Гочева. Таа песна е многу популарна низ нашите простори. На аудицијата на ''X Factor Adria'' го има пријавено еден од неговите најдобри другари од Македонија, Антонио Павловски. Една од неговите најомилени книги е ’’Најголемиот трговец во светот’’, а омилен филм му е “Аватар’’, тој ужива додека ги гледа филмовите дома со своето друштво. Во раните негови години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски кој штокојшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично, уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент. Неговиот ментор во шоуто ’’Икс фактор’’ е добро познатиот и талентиран Жељко Јоксимовиќ. Судиите во шоуто, секогаш имаат добри коментари за него, т.е. секогаш се воодушевени од талентот на нашиот Даниел. Кристина Ковач, една од судиите, уште на првата аудиција рече дека мисли дека Даниел Кајмакоски е потенцијалниот победник на ова популарно музичко шоу. Тој има двајца браќа, од кои едниот е 13 години помал од него и се вика Филип, а едниот е неколку години постар од него и се вика Далибор. Филип е роден во Виена, Австрија, а поради тоа што родителите на Даниел пред да се роди тој, живееле во Германија, нивниот прв син Далибор е роден во Германија. Првата официјална награда за ’’Откритие на годината’’ ја доби на 19.02.2014 на ’’Златна бубамара на популарноста’.
 
На 22 Мај 2016,тој победи на третата сезона на познатото балканско шоу Твое лице звучи познато.