Разлика помеѓу преработките на „Стефан Душан“

Одземени 6 бајти ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (6) using AWB
с (Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB)
с (Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (6) using AWB)
== Првата етапа од освојувањата кон Византија ==
 
Додека Стефан Душан се подготвувал за војна против Византија во Србија избегал византискиот војсководач Сиргијан кој бил син на еден кумански кнез и некоја Гркинка и бил обвинет за завера. Тој му ги понудил своите услуги на српскиот крал. Во пролета 1334 год. Стефан Душан започнал офанзива на југ, кон [[Македонија]]. [[Византијците]] имале погранични тврдини спрема Србија. Тоа биле: Сер, Мелник, Струмица, Прилеп, Охрид, Кроја, Берат, и Валона. Целта на овие тврдини биле да ги штитат областите кое биле претежно населени со [[Словени]], [[Власи]] и [[Албанци]]. Српската граница спрема Византија започнувала јужно од Леш и обваќала градовите Пирот, Дебар, и Полог, како и Кичево, Велес, Просек, Штип и завршувала јужно од Велбужд (Ќустендил). Биле освоени Прилеп, Охрид и Струмица, а Сиргијан ги освоил Костур и некои утрвдувања во негова близина. Во опасност од српски освојувања се нашол и градот Солун во чија околина се појавиле српски војски. Византискиот император Андроник III Палеолог дошол со војска пред градот. Еден дел од жителите на Солун биле спремни да ги отворат портите на градот. Намесникот на Лерин Сфранц Палеолог со знаење на императорот преминува на страна на Србите. Тој на брегот на реката Галико успеал да го убие Сиргијан. „Сиргијан кој штокојшто умирал, го донеле во српскиот табор, каде што Стефан Душан како пријател го оплакувал и свечено го погребал“<ref>Сфранц како награда бил унапреден</ref>. Со тоа Византијците успеале да ги подобрат своите позиции во борбата против Србите. Смрта на Сиргијан ги пореметила српските планови. Стефан Душан се откажал од идејата за заземање на Солун. На 26 август 1334 год. се одржала средба меѓу Стефан Душан и Андроник III каде што бил постигнат мировен договор. Со овој договор Србите од освоените територии ги задржале само Струмица и Прилеп. Како надомест за изгубениот Просек, Србите го добиле новоизградениот град Гинекокастрон кој штокојшто се наоѓал во Солунското поле. „Гинекастрон со јака кула, која била толку утврдена, што градот би го одбранила и женска посада“<ref>План известија арх. Инст. IV (1989) 31</ref>. На Србите им се заканила опасност од Унгарците. Нивниот крал Карло Роберт (1308-1342) сакал да ја нападне Србија.
 
== Војната со Унгарија ==
== Втората етапа од освојувањата кон Византија ==
 
Византискиот император [[Андроник III Палеолог]] успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол кој штокојшто бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 год. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ке се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Берат и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј кој штокојшто бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова императорот Андроник превзел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на императорот Андроник во јуни 1341 год. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била подржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на императорот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.
[[File:Loza nemanjica.jpg|thumb|right|''Лозата на Неманиќите'', Фреска во манастирот Високи Дечани.]]
Тогаш Стефан Душан со своја војска дошол пред Солун,но тамошниот византиски адмирал Јован Гавалс го убедил да не прави ништо. Бугарскиот цар [[Иван Александар]] нападнал на Сливен кој штокојшто се наоѓал на јужната граница и побарал да му се предаде неговиот противник Страцимир Шишман, и застанал на страна на императорот Јован Палеолог, со чија сестра бил оженет неговиот син [[Михаил Асен]]. Под притисок на опозицијата [[Јован Кантакузин]] морал да се повлече во Тракија и во октомври 1341 год. се прогласил за цар во тврдината Димотика на реката Марица. Така започнала новата граѓанска војна во Византија (1341-1347). Во војските и на едната и на другата страна имало турски платеници. Јован Кантакузин останал само со 2000 приврзаници и побарал помош од Србија. Во јули 1342 год. тој се состанал со кралот Душан во Приштина каде што бил склучен сојуз за заедничка борба против византиската власт. Било договорено секој да ги задржи териториите што ќе ги освои. „Царот, по неговиот совет, тргнувајќи малку погоре, лесно ја премина реката и се состана со Оливер. Тој му пристапи на царот како на господар и му искажа секаква почит. Го одвел дома и три дена со целата војска пријателски го гоштевал“<ref>Византиски извори за историју народа Југославије, Том VI, Beograd 1986, 384-402</ref>. Кантакузин се обидел да го заземе Солун, но без успех. Сојузот со Јован Кантакузин му овозможил на Душан да ги продолжи освојувањата. Го опседнал Воден кој штокојшто бил важна точка на патот од Солун до Охрид. По склучување на договорот во Приштина тие двајца заедно го нападнале Сер. Ова операција ја предводеле Оливер и Вратко. Населението на Сер не сакало да се предаде. Во српскиот табор се појавила болест од која умреле 1500 војници. Тоа било причина Канатакузин да го напуштат голем број негови луѓе. Му останале верни околу 500 војници. Во меѓувреме Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник. Кантакузин ја зазел Тесалија. Во овој период во Епир пристигнала царицата Ана. Таа му ги нудела на Душан сите византиски градови западно од Крстопол и Филипополис а за возврат да и ја даде главата на Кантакузин. Но Душан не го прифатил предлогот. Во пролетта 1343 год војските на Душан и Кантакузин се појавиле повторно пред Сер. Апокавк со своја флота од 70 бродови дошол на брегот на Струма сакајки со посредство на Хреља да преговара со Душан. Но до оваа средба не дошло. Наскоро починал и Хреља. Населението На Сер и понатаму одбивало да се предаде. Пратеникот на Кантакузин кој ги повикувал да се предадат бил убиен. Царицата Ана побарала помош од Венецијанците за борба со Турците. Во меѓувреме Кантакузин го зазел Бер. Стефан Душан го повикал Кантакузин да дојде во неговиот двор за да се договорат за војна со Унгарците, но тој не сакал да дојде на српскиот двор. Душан се договорил со царицата Ана, при што неговиот син Урош бил свршен со сестрата на Јован Палеолог.
 
=== Прогласувањето на Душан за цар во Скопје ===