Грегоријански календар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.44.66) и ја поврати преработката 3510026 на P.Nedelkovski
с Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Грегоријанскиот календар''' е [[календар]] кој денеска се користи во [[Европа]], поранешните европски колонии како и поголемиот дел од светот. Тој е модификација на [[Јулијански календар|jулијанскиот календар]], и првпат бил предложен од [[Неапол|неаполскиотнеапол]]скиот [[доктор по медицина|доктор]] [[Алојзиј Лилиј]], а бил прифатен со декрет на [[папа]]та [[Папа Григур XIII|Григур XIII]], по кого е и наречен.
 
Кога стапил на сила во [[1582]] година, биле избришани 10 дена од сончевата [[година]]. Така последен ден од [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]] бил [[4 октомври]] [[1582]], а прв ден од грегоријанскиот календар бил [[15 октомври]] [[1582]] година.
Ред 60:
 
== Усвојување на државно ниво ==
Во прво време, бидејќи [[папа]]та нема световна власт освен во папската држава ([[Ватикан]]), грегоријанскиот календар важел само за [[Римокатоличката црква]]. Во текот на првите децении по воведувањето прво го прифатиле државите во кои католичкото [[христијанство]] било официјална [[религија]], додека протестантските држави и заедници го игнорирале или одбивале. Повеќето земји од [[Западна Европа]], нивните колонии и државите кои произлегле од нив го имале прифатено календарот до средината на XVII век. [[Јапонија]] го прифатила во 1873 година, [[Кореја]] во 1895 г., а [[Кина]] во 1912 г. Во [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] е прифатен во 1918 година, а последна европска земја што го прифатила била [[Грција[[]] во 1923 г.
 
== Прифаќање од другите христијански цркви ==
Наспроти граѓанските прифаќања, ниту една православна црква го нема признаено грегоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]], кој испуштил 13 дена во 1923 година и вовел поинаква [[престапна година]]. До 2003 година овој и грегоријанскиот календар нема да се разликуваат. Ревидираниот jулијански календар го прифатиле [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]], Грчката православна црква од Александрија, [[Грчка православна црква од Антиохија|Грчката православна црква од Антиохија]], како и националните православни цркви на [[Грција]], [[Кипар]], [[Романија]] и [[Бугарија]]. До 2800 година овие новокалендарски цркви ќе го прославуваат [[Божиќ]] на 25 декември според грегоријанскиот календар, на ист ден како западните цркви.
 
[[Ерменска апостолска црква|Ерменската апостолска црква]] го прифатила грегоријанскиот календар во 1923 година, со исклучок на Ерменскиот патријахат од Ерусалим, кој штокојшто сè уште го користи јулијанскиот календар.<ref>[http://www.armenianchurch.net/worship/christmas/index.html ''The Armenian Church | Christmas''] (c. 2010). Diocese of the Armenian Church of America (Eastern).</ref><ref>Ardem A. Tajerian (n.d.). [http://www.churcharmenia.com/evangelical/evmain3_30_01b.html ''When Is Easter This Year?''] CAKE Foundation. Retrieved 7 January 2009.</ref>
 
Грчката православна црква на Ерусалим, Руската, Српската, Македонската, Полската православна црква, грузиските православна и апостолска црква, како и грчките старокалендарци го немаат прифатено ревидираниот јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божиќ на 25 декември според јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари. Одбивањето да се прифатат грегоријанските реформи исто така влијае на различното пресметување на датумот за [[Велигден]] кај овие цркви.
 
Од сите други источни цркви, православните Коптска, Етиопска, Еритрејска и Сириска продолжуваат да ги користат своите стари календари кои се базираат на јулијанскиот, додека кога Асирската црква го прифатила грегоријанскиот календар во неа се случила шизма и од неа се одделила Старовремската асирска црква.
Ред 82:
{{календари}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Календари]]