Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (4) using AWB
с →‎Родови: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
Ред 52:
 
=== Родови ===
Костинци од секогаш во целост е населено со православни [[Македонци]]. Како што е споменато најстар македонски род во селото, кој најверојатно се старинци, се ''Ѓерекарци'' (слават [[Митровден]]). Родот потекнува од предокот Нестор кој е повеќе запамтен под прекарот Ѓерекар кој живеел кон крајот на XVIII век. Познат е следниот родослов на овој род: Милан 77 години во 1954 – Ѓорѓија-Миленко-Цветан-Нестор. Се зборува дека Нестор имал задруга од 36 луѓе кои најпрвин биле единствените жители на Костинци. Споменатиот Нестор со царски „берат“ (дозвола) ја извршувал должноста на доганџија – наоѓал и вежбал соколи за царскиот двор во Цариград, поради што тој во овој крај уживал одредени повластувања. За Нестор Ѓерекар се вели дека бил богат и силен човек кој „судел“ овде. Имал 12.000 овци, чии шточиишто трла биле во местноста Бело Поле спрема селото Слепче. Еднаш неговите кучиња растргнале неколку жени од Слепче, за што тој ја убил и својата сестра Чамина која ги осудувала неговите недела. После тоа споменатата задруга изумрела: од 36 членови, живи останале две деца - едно момче и едно девојче. Момчето израснало во селото [[Дебреште]], а девојката во [[Долнени]]. Кога пораснало момчето се вратило во Костинци и од него потекнува денешниот род. ''Шутковци'' и ''Пупунчевци'' слават Митровден. Тие се гранки на родот Ѓерекари. Доселени македонски родови се: ''Џиковци'' и ''Јанкуловци'' кои слават Митровден. Се доселиле на крајот на XVIII век од прилепското село [[Беловодица]] во долината Раец. ''Трпановци'' (слават Св. Никола) потекнуваат од Трпан кој пред околу 220 години се доселил од [[Богомила]] во долината на [[Бабуна]]. Се знае следниот нивен родослов: Бошко 72 години во 1954 – Ристе-Тале-Бошко-Трпан. ''Куртовци'' (слават Свети Никола) дошле од Белутино, сега пусто селиште помеѓу [[Слепче]] и [[Гостиражни]]. ''Димковци'' (слават Свети Архангел) дошле од [[Секирци]] каде имаат роднини (Божиновци и Ѓоревци) чие подалечно потекло е од [[Порече]]. ''Здравевци'' (слават Свети Никола) за кои се говори дека „биле момоци во [[Сливје]], па во манастирот во [[Зрзе]] и во [[Чепигово]]“, а овде дошле во 1912 година.
 
== Општествени установи ==