Полимеризација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
Ред 5:
Реакцијата може да се одвива со прости меѓусебни поврзувања, адиција на исти молекули или различни молекули или со кондензација т.е. со одземање на вода, амонијак или други едноставни соединенија. Полимерот има исти хемиски состав како и молекулот од кој тој е настанат, но единствената разлика е во тоа што тој има поголема молекулска маса. Оваа реакција е од големо значење во органската хемија и на неа е заснована индустријата за производство на пластични маси.
 
Супстанцата што стапува во реакција на полимеризација т.е. чии шточиишто молекули се сврзуваат сами меѓу себе се вика мономер (μόνο – еден, μέρος – дел), а продуктот на полимеризација се вика полимер (πολύ- многу). Постојат и т.н. ко-полимери, кои се добиваат со полимеризација на два различни мономера. Покрај тоа, при некои полимеризации, можно е од мономерите, при образувањето на полимерот, да се издвојат мали молекули. Ваквата реакција се вика поликондензација. Постојат различни видови полимеризации во зависност од тоа кои честички учествуваат во процесот на полимеризација. Така на пример постои катјонска, анјонска и радикалска полимеризација.
Полимерите се супстанци изградени од молекули со многу големи релативни молекулски маси, во чиј состав влегуваат по меколку илјади идентични структурни единици т.н. мономерни единици, кои во структурата наизменично е повторуваат. Затоа, за полимерите се користи и терминот макромолекули.