Готска уметност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
с →‎Готско сликарство: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
Ред 7:
 
== Готско сликарство ==
За врме на готската уметност подеднакво подем доживуваат како скулптурата така и сликарството. Во уметноста посебен акцент имале редот и чистотата. На сцена доаѓа вдлабнувањето на релјефот, со што готиката ги уништува огромните ѕидни површини погодни за сликање, но со ова се овозможило настанувањето на една нова техника во сликарството- [[витражот]]. Готичкото сликарство не дава можност за навлегување во сликата со што се појавуваат и теоретичари ([[Витилио]]) кои се занимаваат со оваа проблематика околу просторот на сликата и перспективата на сликарите од која што инспириран бил и [[Чото]], чии шточиишто учител бил [[Чимабуе]] кој ја враќа просторната илузија во реалниот простор. Уметниците од истите бои добивале сенка и ги препознаваат згуснатите и разредените бои. Витражот станува една благородна техника која се развива во готиката, стаклото се изработува во мала и голема плочкаста форма на која се гради сликата. Структурата на сликата има дводимензионален плоштенски карактер. Доминанти бои се црвената, сината, темно сината и жолтата. Контурите се формираат, а подоцна се јавуваат и останатите уметнички пристапи како декаденцијата, помалите композиции на помали стаклени површини, се појавува додавањето на сенки на витражот и техниката во која само на средината на стаклената површина се јавува витражот.
Во тој период, катедралите почнуваат со натпреварување која од нив ќе има поубав витраж, кога почнува и слиакњето на дврени плочи од тврдо дрво излепени со посебни украсни делови во самите катедрали, каде и според некои митови, се појавува и цртањето на платно иако се знае дека овој вид на цртање настанува дури во времето на ренесансата. Новите реалистични елементи доаѓаат околу 1400 година од [[Бургундија]] како и фламанските области ([[браќата ван Ајк]]) и се пренесуваат во француско-холандските области ([[Авињон]], [[Бургундија]] и [[Холандија]]) од каде што готиката се проширува и во останатите делови на [[Европа]].