Дизниленд Париз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 93:
Еден новинар во францускиот весник Le Figaro напишал: „Од сѐ срце посакувам бунтовниците да го запалат Евро Дизнилендˮ. Ариан Нуцкин (Ariane Mnouchkine), сценограф од Париз, изгледот го нарекол „Просветен Чернобилˮ, фраза која се одгласила во медиумите и постоела напоредно со Евро Дизни во неговите почетни години.
 
Како одговор на тоа, францускиот филозоф Мишел Серес (Michel Serres) истакнал: Не е Америка таа која сака да не нападне. Ние сме тие кои сакаме да бидеме освоени и кои ја обожаваат нејзината мода и нејзините изрази. Тогашниот директор на „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ Роберт Фицпатрик (Robert Fitzpatrick) пак одговорил: „Кога почнавме со работа ние не му ставивме беретка и багет на Мики Маус. Ние сме тие кои штокоишто сме.ˮ Исто така излегло на виделина и тоа дека потеклото на презимето на Волт Дизни е од едно село во Нормандија, Isigny-sur-Mer. Со Волт во целина (Walt d’Isigny) , d’Isigny звучи како Дизни.
 
Понатамошни контроверзии настанале поради барањето на американските менаџери на Дизни на сите состаноци да се зборува англиски, како и поради составениот Кодекс на Дизни за правата на членовите на персоналот. Во него биле наведени правила и ограничувања за употребата на шминка, брада, тетоважи, накит.