Ултрас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
с →‎Ултра култура: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 25:
Пред големите натпревари, ултра групите припремаат [[Кореографија|кореографии]] кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започни натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма. Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна.
 
Се почеста е појавата на непријателство на ултрасите кон т.н. модерен фудбал. Тие се противат на стадиони кои штокоишто мораат да имаат седишта, натпревари во петок, сабота и понеделник во доцните часови наместо традиционалните неделни натпревари во 3 часот, екстремно скапи билети, играчите се продаваат како “стока на пазар”, се носат играчи кои не го сакаат [[дрес]]от на својот тим и фудбалот се повеќе и повеќе се комерцијализира. Против модерниот фудбал (Contro il Calcio Moderno, Against modern football) е се почеста фраза која се слуша на стадионите ширум Европа.
 
[[Фанзин]]ите исто така играат значајна улога во целото ова движење. Се почесто се печатат во А5 професионален печатарски формат со добар квалитет и во боја намести црно-бели списанија пишувани на печатарска машина и потоа само пресликувани. Обично секоја група уредува ваков фанзин со информации за наредните натпревари, репортажи, вести и слики. Во Европа најпознат фанзин е италијанскиот [[SuperTifo]], додека во [[Македонија]] моментално нема ниеден фанзин иако порано се печатеа [[МакТифо]] и [[Хаос (фанзин)|Хаос]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ултрас