Петар Самарџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 25:
Во почетокот Пешо растел со своите родители и повеќебројните братучеди. Првите години пред да замине на училиште, ги поминувал со детска игра. Им помагал на своите родители така што доставувал храна на животните и полнел вода од селската чешма или од полските кладенци. Напредувал физички и умствено. Кога имал слободно време, со своите врсници си играл по полјанките, ливадите и крај реката. Но тој безгрижен детски живот понесен од бујната мечта на душата, не ќе трае долго време. Уште во најраните години од неговиот живот ќе го почуствува турското ропство. Кога се уште не бил подготвен да се спротистави на злото, кога не можел да ги разликува сите појави, се случила најголемата трагедија во семејството Самарџиеви, која му ги затемнила чистите видици, му ги прекратила детските игри, му секнала громната смеа и го направил озбилен, смел и одаден борец против тиранијата. Многу рано го загубил својот родител.
Како се случила трагедијата во с. Подлес?
-Турските насилници го фатиле Пано (Татко на Пешо), го затвориле во велешките зандани, обвинет дека се бунтувал против царштината. Останал некое време заточен. Еден ден на чешмата, кога ја миел својата порција, го забележал стражарот и со еден силен удар со кундакот од пушката го соборил на земја. Пано сепак успеал да се соземе, собрал сила и ја зграбил стомната со која го ударил по главата. Кога веќе стражарот бил во несвесна состојба тој ги повикал и останатите затвореници да избегаат, а тие го послушале. Пано постанал ајдук на Руен Планина. Не ајдукувал долго време. Неговиот кум лично со ластарка го убил Пано и неговата глава ја предал на бегот за возврат да ги добие ветените пари. По овој настан Амди-бег добил поттик да ги затвори останатите членови , да им ја запали куќата и да им го разграби имотот. Фамилијата Самарџиеви се растурила, некои од нив заминале за Прилеп, Ѓоро заминува за Солун (каде умира), а додека Пешо, мајка му Марија и чичко му Нацо се преселуваат во Неготино. Малиот Пешо се помнел што се лсучувало во Подлес. Со детски разум се обидувал да ги разјасни крвавите настани и да ја осознае главната причина. Сето ова ќе придонесе, а и другите насилства, да се вклучи во општата борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Во таа борба ќе земе активно учество и видно место.
 
 
{{Инфокутија Воено лице
| име = Пешо Самарџиев
| живеел = [[ 1877 - 1906 ]]
| слика =[[File:Слобода или смрт.jpg|300px]]
| опис = Илинденско востание
Ред 63 ⟶ 62:
 
Во месец април 1901год. Пешо станува четник во четата на [[Јане Сандански]]. Пирин ги прегрна во своите шарени дипли младите борци за слобода. Нив ги имаше доста. Сите беа одлучни, озбилни и понесени со една идеја. Пешо ја дава комитската клетва Јас,Добри,Петар,Саво... се заколнувам во бога,верата и честа дека ќе се борам до смрт за слобода на Македонија...
Во овие збори кои штокоишто се изговараа пред Јане Сандански, имаше нешто величествено, трожествено, магично ги обврзуваше заветниците дека до последна сила ќе се борат против тиранот. Пешо како и многу други, остана најверен заљубеник во слободата. Подоцна Пешо се префрла во четата на Христо Чернопеев. Четата на Чернопеев во која четува и Пешо еден период се бори во Струмичко и Малешевско. Пешо се борел во вториот дел. Во таа борба кај Султан Тале биле убиено 40 четници. Покрај овие две чети каде Пешо добиваше големо борбено искуство, исто така извсен период ќе помине во четата на [[Петар Јуруков]] во Тиквешијата. Полни три години ќе четува кај три прочуени бојводи. Од нив многу нешто ќе научи, ќе дознае за начинот на борбата и за организирањето на населението.
 
==Пешо во четата на Петар Јуруков==
Ред 72 ⟶ 71:
 
По [[Илинденското востание]] турската власт револтирана поради учеството на населението во борбите и во Организацијата презеде инквизиторски мерки. Затворите се преполни, а во нив врз луѓето се вршат измачувања. Многу од нив умираа од жестокото тепање. Во Тиквешијата и по востанието останаа борците меѓу населението. [[Петар Јуруков]] е сè уште војвода , а Пешо е со него. Пешо го осуди ставот на врховистите и понатаму остана да црпи сили со сите оние што страдаат. Добро му беа познати зборовите на [[Ѓорче Петров]]: “Ако сега во најтешките дни го напуштиме народот,тој ќе ја изгуби вербата во себе и ќе го вратиме делото за 500 години назад...” По катастрофата на Илинденското востание во пролетта Даме Груев испрати порака до нелегалните дејци да се воспостави револуционална организација во растроени реони. Во Мај 1904 год.
На врвот Мукос се одржала конференција која со право се нарече подготвителен конгрес. Беа присутни и делегати од [[Тиквешијата]] [[Добри Даскалов]], [[Петар (Пешо) Самарџиев]] и [[Петар Јуруков]]. Главна тема на конгресот е каква треба да биде иднината на македонскиот народ.
 
 
 
==Во 1904 год. Пешо станува ''ТИКВЕШКИ ВОЈВОДА''==
Ред 111 ⟶ 108:
* Пешо Самарџиев-Тиквешки војвода /Киро Андонив
* Илинденска епопеја II /Ангел Динев
 
 
==Стихови==