Менструален циклус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Овулација: Јазична исправка, replaced: Дијаметарот → Пречникот using AWB
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто (4) using AWB
Ред 21:
Стимулирано од естрогенот, чија количина во фоликуларната фаза постепено се зголемува, менструацијата станува се помалку обилна се додека не запре, а ѕидот на матката се задебелува. Фоликулите во јајчникот (лат. ovarium) започнуваат да се развиваат под влијание на сложено заемно дејство на хормони и по неколку дена еден или понекогаш два [[фоликул]]и стануваат доминантни (недоминантните фоликули атрофираат и умираат). Приближно кон средината на циклусот, односно 24 – 36 часа откако лутеинизирачкиот хормон (LH) почнал да забрзано да се лачи, доминантниот фоликул (Графов фоликул) испушта јајце (лат. ovum) при процес наречен овулација. По овулацијата, доколку нема оплодување, јајце-клетката живее само 24 часа или помалку, додека остатоците од доминантниот фоликул во јајниците се претвораат во жолто тело (лат. corpus luteum). Примарната функција на ова тело е да лачи големи количини на прогестерон. Под влијание на прогестеронот, ендометриумот (внатрешниот ѕид на матката) подлегнува на промени за да се подготви за можното всадување ембрион за да настане [[забременување]]. Доколку не се случи всадување во рок од две недели, жолтото тело пропаѓа, со што се предизвикува силен пад на нивото на прогестеронот и естрогенот. Падот на нивото на овие два хормони го предизвикува исфрлањето на внатрешниот ѕид на матката, кое се случува во процес наречен менструација.
 
За време на менструалниот циклус се случуваат промени во женскиот репродуктивен систем, како и во други системи (кои штокоишто на пример ги предизвикуваат болките во градите или промените на расположението). Првата менструација на жената се нарекува менархе и обично се случува околу 12-годишна возраст. Крајот на женската репродуктивна фаза се нарекува [[менопауза]], што најчесто настапува помеѓу 45-годишна и 55-годишна возраст.
 
== Терминологија ==
Ред 49:
 
=== Менструација ===
Менструацијата исто така се нарекува менструално крвавење или мензис. Протокот на мензисот обично служи како показател дека жената не е бремена. (Но сепак ова не може да се смета за сигурност, бидејќи постојат многубројни фактори, кои штокоишто можат да предизвикаат крвавење за време на бременост. Некои фактори се карактеристични за раната [[бременост]], а некои можат да предизвикаат и обилно крвавење.) За време на репродуктивните години пропустот на менструација може да се смета како прв показател дека жената можеби е бремена.
 
Со поимот еуменореја се означува нормална и редовна менструација, која трае неколку дена (обично од 3 до 5 дена, но од 2 до 7 дена се сметаат за нормални). Просечната загуба на [[крв]] за време на менструацијата е 35 милилитри, при што за нормално се смета од 10 до 80 ml. (Поради загубата на крв, жените се повеќе подложни на недостаток на [[железо]] во крвта отколку мажите.) Ензимот наречен плазмин го спречува засирувањето на менструалната течност.
Ред 74:
Лутеинската фаза се нарекува и фаза на секреција. Жолтото тело, тврдо тело кое се создава во јајчникот по испуштањето на јајце-клетката од јајчникот во јајцеводите, има многу важна улога во лутеинската фаза. Телото продолжува да расте одреден период по овулацијата и лачи значителна количина на хормони, особено прогестерон. Прогестеронот игра важна улога при подготвувањето на ендометриумот за да биде способен да го издржи всадувањето на бластоцистот и раната бременост. Тој исто така го предизвикува споредниот ефект на кревање на базалната телесна температура кај жената. На крајот на секреторната фаза има и лачење пролактин.
 
По овулацијата, гонадотропните хормони FSH и LH ја предзвикуваат преобразбата на преостанатите делови од доминантната фоликула во жолто тело, кое што лачи прогестерон. Зголеменото ниво на прогестерон во надбубрежните жлезди го започнува и предзвикува лачењето на естрогенот. Хормоните кои ги лачи жолтото тело исто така го потиснуваат лачењето FSH и LH, кои штокоишто му се потребни на жолото тело за да се одржува. Како последица со текот на времето нивото на FSH и LH брзо се намалува и жолтото тело атрофира. Нивото на прогестеронот, кое брзо опаѓа, ја активира менструацијата и почетокот на наредниот циклус. Времетраењето на процесот од овулацијата до намалувањето на прогестеронот и почетокот на меструацијата обично изнесува околу 2 недели, со тоа што од 10 до 16 дена се сметаат за нормални. Кај одделни жени времетраењето на фоликуларната фаза често варира од циклус до циклус. Но, за разлика, кај истите жени времетраењето на лутеинската фаза е прилично конзистентно од циклус до циклус.
Атрофирањето на жолтото тело може да се спречи со оплодување на јајце-клетката. Создадениот [[ембрион]] произведува хорионски гонадотропин (hCG), кој е многу сличен на LH и може да го зачува жолтото тело. Поради тоа што хормонот се лачи исклучиво од страна на ембрион, најголемиот дел од тестовите за бременост бараат присуство на [[хормон]]от.
 
Ред 94:
Ретката или нередовна овулација се нарекува олигоовулација. Недостатокот на овулација се нарекува ановулација. Нормалното менструално крвавење може да се случи и ако не му претходи овулација: тоа се нарекува ановулаторен циклус. Кај некои циклуси фоликуларниот развој може да започне, но да не биде довршен. И покрај тоа, естрогените хормони го формираат и стимулираат задебелувањето на ендометриумот. Ановулаторното крвавење како резултат на многу дебел ендометриум, кој е задебелен поради одолговлеченото и продолжено задржување на високото ниво на естрогенот, се нарекува крвавење поради покачување на естрогенот. Ановулаторното крвавење предизвикано од ненадејното опаѓање на нивото на естрогенот се нарекува крвавење поради повлекување на естрогенот. Ановулаторните циклуси често се случуваат пред [[менопауза]]та (перименопауза) и кај жени со синдром на [[полицистични јајчници]].
 
Појавата на многу мал проток на крв (помалку од 10 ml) се нарекува хипоменореја. Редовните менструации, кои се појавуваат на интервали од 21 ден или помалку, се нарекуваат полименореја. Честата, но нередовна менструација е позната како метрорагија. Ненадејното обилно менструално крвавење (повеќе од 80 ml) се нарекува менорагија. Обилната менструација, која се случува често и нередовно е наречена менометрорагија. Називот за циклуси, во кои штокоишто менструациите се појавуваат на интервали подолги од 35 дена е олигоменореја. Поимот [[аменореја]] се однесува на повеќе од 3 до 6 месеци без мензис (во случај кога нема бременост) за време на репродуктивните години на жената.
 
== Потиснување на овулацијата ==