Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
683.423
уредувања
“Повторното обединување со Ози Озборн”(Osbourne Reunion) (1997 – 2006)
Во летото 1997 година, Тони Ајоми, Гизер Батлер, и Ози Озборн официјално повторно се обединија за заедно да го предводат фестивалот Озфест заедно со соло бендот на Озборн. Во поставата беа тапанарот на Озборн, Мајк Бордин, замена за Бил Ворд, кој не беше во можност да учествува заради претходните обврски во својот соло проект, Бендот на Бил Ворд. Во декември 1997 година, на групата му се придружи Ворд, правејќи го првото обединување со четворицата оригинални членови после шоуто за пензионирање на Озборн во 1922 година. Оригиналната постава сними два настапи на Birmingham NEC,
Пред бендот да тргне на Европска турнеја во летото 1998 година, тапанарот Бил Ворд претрпе срцев удар и беше привремено заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс. Ворд се врати на време за турнејата во САД со воведниот бенд Пантера, кој ја започна својата турнеја во јануари 1999 и продолжи низ летото предводејќи ја годишната Озфест турнеја. После настапите на Озфест, бендот паузираше додека членовите работеа на соло материјали. Тони Ајоми го издаде неговиот официјален прв соло албум, Ајоми, во 2000 година, додека Озборн ја продолжи работата на неговото следно соло издание, “Реалистичен” (Down to Earth).
|
уредувања