Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
722.586
уредувања
с (→Последици на природата од војувањето: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB) |
с (→Почетокот на индустриската војна: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB) |
||
Командантите во следните војни напросто ги игнорирале масакрите кај Мособорн, Резонвил и Седана. Наместо тоа, тие покажувале на еден свети пример: во битката кај Вионвил (фр. Vionville), на 16. август, шест ескадрони на пруската коњаница во јуриш ја прегазиле Француската топовска линија, и на тој начин ја спасиле Германската пешадија, која до тој момент била во критична ситуација, под неподнослив оган. Адалберт фон Бредоу (гер. Adalbert von Bredow), командант на коњаницата која толку добро се покажала тој ден, и тој напаѓач беше запаметен како "јавање во смртта". Веројатно е последното масовно јуришање на коњаницата, чизма до чизма, во историјата на европските војни. Сепак, оваа победа ја држеше репутацијата на коњаницата како армија до следната војна. Во други ситуации за време на француско-пруската војна, коњаницата била корисна само за извидување и за ненадејни напади врз спротивните линии на противникот.
Артилеријата сигурно влијаеше врз конечниот исход на војната. Купови на „челик топови“ кои се полнеле од назад, со гранати
Битката кај Седана исто така ја демонстрираше и ладнокрвноста на Германските лидери. Канцеларот Ото фон Бизмарк (гер. Otto Eduard Leopold von Bismarck) – (1815—1898. година) по дипломатски пат ја припремил победата, така што ја информирал владата на Белгија дека ако војниците на Францускиот маршал Патрик Мак Маона (фр. Marie Edmé Patrice Maurice, comte de MacMahon) – (1808—1893.година), таканаречени „шалонски војници“ преминат во Белгија, а Беллгијската влада не им ги одземе оружјата, тогаш Прусија го задржува правото да ги брка низ Белгија. На основата на ова, генералот фон Молтке бил сигурен дека сига ги има Француските воници во стапица. После тоа, потполно смирено се дошетал до висините позади местото Фреона, за потоа заедно со Вилхелм I и група на Германски принцови, со кои одеа и бројни странски воени надгледувачи - меѓу нив и америчкиот генерал Шедридан (анг. Philip Henry Sheridan) – (1831-1888. година), еден од главните команданти на Северот, да гледаат маси од Француски војници како беспотребно умираат. Битката кај Седана ја зацврситла Германската војно-оперативна вештина наречена „кеселшлахт“ (гер. Kesselschlacht), што би можело да се преведе како битка во опкружување, т. е. битка ссо опколување и потполно уништување на противникот. Тое се одвивало така што се опколувале големи непријателски сили, а потоа со одбрамбена тактика, со супериорен оган (пукање врз нив), ја дочекува и уништува секоја единица која би пробала да се пробие низ „опкружувањето“.
|
уредувања