Стар Рим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Средоземното море → Средоземното Море (2) using AWB
с →‎'''Мит за создавање на Рим''': Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 9:
Потоа близнаците основале свој град, но Ромул го убил Рем за време на караница за локацијата на Римската Британија, иако некои извори наведуваат дека караницата била за тоа кој требало да владее или да му го даде своето име на градот. Градот бил именуван по Ромул. Со цел да се привлечат луѓе во градот, Рим станал засолниште за сиромашните, протераните и несаканите. Ова предизвикало проблем за Рим, каде што имало голема работна сила и недостиг на жени. Ромул патувал до соседните градови и племиња и се обидел да обезбеди права за склучување на брак, но бидејќи Рим бил полн со непожелни луѓе, тие го одбиле. Според легендата се верува дека Латините ги поканиле Сабињаните на фестивал и ги украле нивните немажени девојки, што довело до обединување на Латините и Сабињаните.
 
Според друга легенда која е запишана од грчкиот историчар Дионис Халикарнасус, се верува дека принцот Енеј ја предводел групата од Тројанци на морско патување, за да откријат нова Троја, откако старата земја била уништена како последица на Тројанската војна. По долго време поминато на немирното море, тие пристигнале на бреговите на реката Тибар. По краток период откако пристигнале, мажите сакале повторно да пловат, но жените кои штокоишто биле со нив, не сакале да си заминат. Една жена по име Рома, им предложила на другите жени да ги изгорат бродовите за да го спречат заминувањето. На почетокот мажите и биле лути на Рома, но тие подоцна сфатиле дека се наоѓале на идеалното место за населување. Тие го нарекле ова населување по името на жената која ги уништила нивните бродови.
Римскиот поет Виргил ја раскажал оваа легенда во неговата класична епска поема Енеида. Во Енеида, тројанскиот принц Енеј бил предодреден од боговите за да основа нова Троја. Исто така во епот жените одбиле повторно да пловат на морето, но тие не биле оставени кај Тибар. По освојувањето на Италија, Енеј кој сакал да се ожени со Лавинија, бил принуден да води војна со нејзиниот поранешен додворувач Турнус. Според поемата латинските кралеви на Алба Лонга потекнуваат од Енеј, и на тој начин основачот на Рим- Ромул бил негов потомок.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_Рим