Охридски рамковен договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 23:
'''Охридскиот рамковен договор''' — договор за внатрешното уредување на малцинските права во [[Република Македонија]], потпишан на [[13 август]] [[2001]] година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на [[ЕУ]] и на [[САД]]. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската [[ОНА]] и македонските вооружени сили во [[Конфликтот од 2001]]. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1284 Соопштение од СМК, А1, 12.8.2001.]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1925 МААК ќе покрене правна процедура за поништување на рамковниот договор, А1, 4.9.2001.]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1922 Повеќе од половина Македонци против Рамковниот договор, А1, 4.9.2001.]</ref><ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce450/Tekst20.htm НЕАЛБАНСКИТЕ ЕТНИКУМИ ПРОТИВ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, Македонско Сонце, 2002.]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1397 Македонската дијаспора против рамковниот договор, А1, 15.8.2001.]</ref>
 
Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D029D2A3FC20BD4C8DB35F78BD249021 Рамката поширока од државата, Дневник, 12.8.2009.]</ref><ref>[http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112493 Рамковен договор - осум години потоа, МИА, 12.8.2009.]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=82611 ДУИ организира свеченост за Рамковниот, A1, 13.08.2007.]</ref>
 
== Преговори ==
{{Историја на Македонија}}
 
Преговорите се одвивале во [[Вила Билјана|Вилата Билјана]] во [[Охрид]] во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.
 
Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ [[Борис Трајковски]], претставниците на политичките партии: [[Бранко Црвенковски]], претседател на [[СДСМ]], [[Љубчо Георгиевски]], претседател на [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Имер Имери]], претседател на [[ПДП]], и [[Арбен Џафери]], претседател на [[ДПА]], потоа претставници на ЕУ: [[Франсоа Леотар]] и [[Хавиер Солана]], претставници на САД: [[Питер Фејт]] и [[Џејмс Пердју]], разни советници и експерти: [[Владо Поповски]], [[Љубомир Фрчковски]] и други.
 
Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96332 Пердју: Охридските преговори беа многу тешки, А1, 13.08.2008.]</ref> Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и [[Али Ахмети]], иако тој формално не бил учесник на преговорите.<ref>[http://www.soros.org.mk/mk/Home/Publication?newsID=339&catID=9 Петрит Менај, ОНА порака и надеж - Том 2, ФИООМ, 2008.]</ref>
Ред 41:
* [[Борис Трајковски]], претседател на Република Македонија
* [[Бранко Црвенковски]], претседател на [[СДСМ]] и
* [[Арбен Џафери]], претседател на [[ДПА]].
 
Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници:
* [[Франсоа Леотар]], претставник на [[ЕУ]]
* [[Џејмс Пердју]], претставник на [[САД]]
 
== Содржина на договорот ==
Ред 57:
Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.
 
Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои штокоишто зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.
 
Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.
Ред 72:
Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и Законот за локална самоуправа, Законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.
 
Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.
 
Александар Илиев во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од 2014, наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци, но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?id=1250290774482630]
 
== Поврзано ==