Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''Модерна и Современа уметност''': Отстранување на категорија using AWB
с →‎Праисторија: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 8:
==Праисторија==
[[Податотека:VenusWillendorf.jpg|thumb|[[Вилендорфска Венера|Вилендорфската Венера]]]]
Човечката уметност веројатно потекнува од почетокот на човечката еволутивна праисторија. Многу рано, во човечката еволуција од силите на природната селекција биле создадени неколку форми на аудио и визуелна уметност (ритмичко пеење и удирање на тапан на надворешни предмети, танцување и цртање на тело и лице) со цел да се постигне променета состојба на свест. Во оваа состојба на таканаречен борбен транс, хоминидите и раните луѓе ја губеле нивната индивидуалност и барале нов колективен идентитет, каде не чувствувале страв или болка и биле религиозно посветени на интересите на групата со целосно игнорирање на нивната индивидуална сигурност и живот. Оваа состојба била потребна за да се одбранат раните хоминиди од предаторите и да се земе храната од агресивните мршојадци. Ритуалните активности кои штокоишто вклучувале тешка ритмичка музика, ритмичка вежба понекогаш придружени со танц и цртање на телото, биле општоприфатени во традиционалните култури пред лов или воени дејствија со цел да ги доведе до одредена изменета состојба на свест и да го подигне моралот кај учесниците. Првите материјални артефакти се пронајдени од каменото доба ( доцен палеолит, мезолит и неолит ) , периоди кога се појавуваат првите демонстрации од страна на луѓето кои можат да се сметаат за уметност. За време на палеолитот (25 000-8000 п.н.е.) човекот го практикувал ловот и живеел во пештери, каде било развиено пештерското цртање. По периодот на транзиција (мезолит, 8000-6000 п.н.е.) во неолитот (6000-3000 п.н.е.)кога човекот постанал седентарен и започнал со применување на земјоделството, а општествата станувале се покомплексни и религијата се позначајна, започнало производството на ракотворби. Конечно во бронзеното доба (3000-1000 п.н.е.) се појавуваат првите праисториски цивилизации.
 
==='''Палеолит'''===