Операција Оверлорд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто (3) using AWB
Ред 5:
 
==Историја==
Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на кои штокоишто им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал [[Теодор Рузвелт]] вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на кои штокоишто се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5  km јужно од планираното.
 
Дваесет и пет километри источно од Јута се наоѓал секторот Омаха на којшто се истоварил 5. корпус на Првата американска армија. Овде одбраната ја држела 352. пешадиска елитна дивизија која стигнала неколку недели пред самиот напад. Во текот на десантот таа извршувала одбрана на напад од море, па истата се наоѓала во полна борбена готовност. Тоа во голема мерка овозможило вешто да се амортизираат нападите на сојузничката флота и нападите од воздух. Во општиот хаос набрзина биле спуштени 64 водоземни тенкови, но само половина од нив успеале да дојдат до брегот. Високите бранови потопиле 27 тенка, а пет-шест биле уништени од противничката артилерија. Исто така потонале 28 од вкупно 30 [[хаубица|хаубици]] кои штокоишто биле превезувани во десантни чамци. Американскиот корпус претрпел големи загуби а многу војници и оклопни возила биле истоварени на погрешни места со што била изгубена врската со главницата.
 
Американците и покрај значителните загуби успелае да се прошират правејќи го мостобранот во секторот Омаха. Во тоа значителна помош им пружела артилеријата од воените бродови и доминацијата на небо од нивната авијација. До касно во ноќта на 6 јуни, сојузниците воспоставиле три [[мостобран]]а на Нормандискиот брег во должина од 2 до 9 км. Се истовариле 8 дивизии (3 воздушно-десантни и 5 пешадиски) и една оклопна бригада со вкупно 156.000 луѓе.
 
 
{{Втора светска војна}}
Ред 16 ⟶ 15:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Битки на Франција во Втората светска војна]]
[[Категорија:Битки на Обединето Кралство во Втората светска војна]]