Ласер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Физика: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 40:
Оптичката шуплина, пример на тип на шуплив резонатор, содржи истофрекфентен сноп на светлина помеѓу рефлективни површини така што секој еден фотон минува низ медиумот на засилување повеќе пати пред да биде емитиран од излезната апертура или изгубен поради дифракција или апсорпција. Светлината циркулира низ шуплината минувајќи низ медиумот на засилување, при што доколку засилувањето во медиумот е посилно отколку загубите на резонаторот моќноста на циркулирачката светлина може да се зголеми експоненцијално. Но, секој настан на поттикната емисија враќа честичка од нејзината возбудена состојба до основната состојба, намалувајќи го капацитетот на медиумот на засилување за понатамошно засилување. Кога овој ефект станува силен се вели дека ефектот на засилување е заситен (настанува заситување). Балансот на моќ на пумпање наспроти заситувањето и загубите на шуплината прозиведува една вредност во истоветност на интрашуплиновата ласерска моќ која што ја определува точката на оперирање на ласерот. Доколку избраната моќ на пумпање е многу мала, засилувањето не е доволно да ги надмине загубите на резонаторот и ласерот ќе емитува само многу мали светлински моќи.
 
Минималната моќ на пумпање потребна за започнување на дејство на ласерот се вика ласерски праг. За забелешка е тоа што медиумот за засилување ќе ги засили сите фотони кои минуваат низ него, без разлика на правец, но само оние кои штокоишто се подредени во иста насока со шуплината ќе успеат да направат повеќе премини низ медиумот и да имаат значајно засилување.
Излезот на еден ласер може да биде континуиран (непрекинат), со константна амплитуда, или пак пулсирачки (користејќи разни техники). Со пулсирачко дејство може да се постигнат многу повисоки максимални моќи.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ласер