Инквизиција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Galileo before the Holy Office.jpg|thumb|right|350px|Галилео Галилеј одговара пред Инквизицијата]]
'''Инквизиција''' ([[латински]]: ''Inaquisittio'' - иследување) — група установи на [[Римокатоличката црква]] кои имале за задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе кои штокоишто црквата ги сметала за [[ерес|еретици]]. Почетокот на работата на иквизицијата се поврзува со [[папа Грегориј IX|Грегориј IX]] (1227-1241), кој со папски указ ја основал на [[29 август]] [[1289]] година. Дејствувала во средниот век во сите земји на [[Западна Европа]], а особено крвава и немилосрдна била озлогласената [[шпанска инквизиција]].
 
Во [[1232]] година папата ги испратил инквизиторите во [[Франција]] под изговор дека тамошните епископи имаале премногу други обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со еретиците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле [[Доминиканци]]те поради наводниот факт што добро знаеле како да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на еретиците, и воопшто осомничените, го помагала и државната власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по територијален принцип, туку делувала по потреба. Покасно ова судство било организирано по региони. [[Папа Инокентиј IV|Инокентиј IV]] на [[15 мај]] [[1252]] издал [[папска була]] под наслов “[[Ad exstirpanda]]” која експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание од наводните еретици во текот на инквизицијата, и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени еретици, со палење на [[клада]]. Булата отстапувала дел од имотот на државата конфискуван од осудениците.
Ред 8:
== Начин на испитување==
 
Инквизиторите во почетокот делувале на начин што оделе во некое место и прво ги повикувале еретиците и осомничените на покајување, ги собирале нивните имиња. Судот од своја страна пак се состоел од нотар, советници, чувари на затворите и бранители. Оптужените или осомничените ги немале имињата на сведоците кои сведочат против нив. Тие едноставно морале да ја зборуваат вистината и имињата на соучесниците. Во прилог на истрагата се пристапувало кон мачење. Најчести казни биле: одземање на имотот и сите права не само на оптужениот туку и на неговите роднини; потоа оптужениот е ставан во затвор. Упорните еретици биле осудувани на смрт и потоа спалувани. Тие кои се покајале биле задавени и потоа спалувани. Телата на умрените еретици се откопувани и потоа спалувани.
 
Инквизиторот себеси се сметал за одговорен единствено пред [[папа]]та, а на суд можел да ги изведе и духовните авторитети ''поголеми од себе''.
Ред 21:
== Осудување ==
 
Инквизицијата пројавила посебен интерес за [[Франција]] со движењето на албижаните, односно на [[катари]]те. Таму во [[Лангдок]], [[Алба]], [[Нарбони]], [[Авињон]], дошло до остри судири во кои во [[1242]] година некои инквизитори биле убиени. Освен во [[Франција]] инквизицијата делувала и во [[Италија]], [[Германија]], [[Чешка]], [[Шпанија]], но небила подеднакво застапена во сите европски земји. Во [[Арагон]], [[Кастиља]], [[Португалија]], [[Шпанија]] имало помалку еретици, а повеќе [[муслимани]] и [[евреи]].
 
Папата [[Папа Никола IX|Никола IX]] во 1278 година им дал задача на доминиканците да го зацврстат римокатолицизмот. Доминиканците со [[мисионерство]] создале силно движење против арапите и евреите, така што многу од нив биле принудени да го примат католицизмот. Таквите се нарекувале марани или новохристијани. Тие, меѓутоа, биле христијани само по име, а за самото [[христијанство]] претставувале голема опасност, затоа што особено во повисоките слоеви на народот ширеле [[ерес]].
Со доаѓањето на [[Фернандо II Арагонски]] и [[Изабела I Кастилјска]] во [[Шпанија]] триумфирал римокатолицизмот, а еретиците биле прогонети. Така кон крајот на [[XV век]] во [[Шпанија]] дејствувала најдобро организираната инквизиција. На чело на инквизицијата биле личности кои со одобрение на кралот ги поставувал папата. Прв генерал на инквизицијата бил Торкемада. Инквизицијата дејствувала против новохристијаните, против јудејските ереси. Околу 170.000 евреи биле протерани во 1492 година, а голем дел од муслиманското население го примиле христијанството.
 
Тие како христијани биле познати под името мориски. Во [[1609]] година околу 600.000 мориски биле протерани од [[Шпанија]], додека јудејската ерес се сметала дека е уништена кон крајот на [[XVI век]]. Освен евреите и муслиманите, биле прогонувани и протестантинте, франко-масоните, астролозите. Била спроведувана строга цензура на книгите, школите, политиката. Кон крајот на [[XVIII век]] инквизицијата била политички ангажирана во спречување на навлегувањето на либералните идеи од [[Франција]].
 
[[Наполеон Бонапарт]] ја укинал инквизицијата во [[1808]] година, но повторно истата била обновена во [[1814]] година. Инквизицијата повторно била на удар во [[1820]] година. Конечно, во [[1834]] година, на интервенција на папата, инквизицијата била изгасната. Според некои статистики, последиците од инквизицијата предизвикале запалување на 34.628 лица, протерување на 18.049, а на други начини биле казнети околу 308.214 луѓе.
Ред 41:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Инквизиција| ]]
[[Категорија:Контрареформација]]
Ред 47 ⟶ 48:
[[Категорија:Христијански спорови]]
[[Категорија:Антисемитизам]]
[[Категорија:Откривачи на хемиски елементи]]