Разлика помеѓу преработките на „Свети Никола“

Додадени 76 бајти ,  пред 4 месеци
с
Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
(→‎Заштитник и светец: грешка во споредба Јулијански и Грегоријански календар треба обратно !)
с (Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB)
|issues=
}}
'''Свети Никола''' ([[грчки јазик|грчки]]: ''Άγιος Νικόλαος'') или '''Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски''' се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.
 
== Живот ==
Свети Никола е роден е во [[Патара]], [[Ликија]], [[Мала Азија]] околу [[270]] година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на [[Свето Писмо|Светото Писмо]].
 
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во [[манастир]]от ''Нов Сион''. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. [[христијанство|Христијаните]] веруваат дека му се јавил гласот на [[Господ]] кој му рекол: „''Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака''“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот [[Мира]], денешна [[Турција]].
 
Во времето на царот [[Диоклецијан]] и [[Максимијан]], кога христијанското население било прогонувано, мачено и затворано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на [[Константин I Велики]], престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во [[Римско Царство|Римското Царство]]. Присуствувал на [[Прв вселенски собор|Првиот вселенски собор]] во [[Никеја]], каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за [[ерес]], бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на [[Бог]] на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.
== Пренос на моштите ==
[[Податотека:Bari BW 2016-10-19 13-35-11 stitch.jpg|мини|десно|Базиликата Свети Никола во Бари, Италија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од моштите на Свети Никола]]
На [[26 август]] [[1071]] година [[Византија]] на чело со Роман IV (владеел во периодот од 1068 - 1071 година) била поразена во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]] во [[Мала Азија]], со [[селџуци]]те предводени од султанот [[Алп Арслан]]. Битката завршила со пораз на византијците а Роман IV бил заробен. После оваа битка Византија привремено ја губи контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Византијците ја повратиле на кратко контролата врз Мала Азија за време на [[Алексеј I Комнин]].
 
Во тоа конфузно време некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на [[9 мај]] [[1087]] година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од [[Бари]] и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во [[Бари]], [[Италија]], кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.
== Свети Никола во Македонија ==
[[Податотека:Црква „Св. Никола“ од Свети Николе (15).JPG|мини|десно|Црква посветена на Свети Никола во [[Свети Николе]]]]
Во [[Република Македонија]], празникот Свети Никола се слави на [[19 декември]] и на 22 мај како Свети Никола Летни.
 
* [[Св. Никола заштитник на Прилеп|Св. Никола е заштитник на градот Прилеп]], согласно одлуката на општина Прилеп.
 
===Народни обичаи===
Култот на Св. Никола е познат од [[6 век|VI век]], а најстарото житие за него потекнува од [[9 век|IX век]]. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и [[Турци]]те, кои штокоишто како што стои во некои записи го викале “'''Ад’рбаба'''”, што значи јадар татко или голем татко.
 
Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Свети Никола| ]]
[[Категорија:Откривачи на хемиски елементи]]