Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (3) using AWB
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто (22) using AWB
Ред 14:
 
=== СССР ===
По поразот на [[Руска Империја|Руската Империја]] во Првата светска војна во 1917 во Русија се случиле двете руски револуции кои штокоишто ќе остават траен белег врз светот не само во 20 век, туку општо во целата историја не само на Русија и Европа, туку и врз историјата на целото човештво: [[Февруарска револуција|Февруарската буржоаско-демократска револуција]], со која царот [[Николај II]] абдицирал, со што и официјално бил ставен крај на повеќе од 300 годишното владеење со Русија од страна на [[Династија Романов|царската династија Романови]], како и на 200 години старата [[Руска Империја]], и [[Октомвриска револуција|Октомвриската социјалистичка револуција]], со која во Русија на власт дошле [[Болшевици]]те предводени од страна на [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], по што бил создаден Сојузот на Советските Социјалистички Републики или [[СССР]], уште попознат како Советски Сојуз. По смртта на Ленин во 1924, власта во СССР ја превзел еден од најбруталните диктатори општо познати на целото човештво, [[Јосиф Сталин|Јосиф Висарионович Сталин]].
 
=== Италија и Јапонија ===
Ред 29:
|}
 
Во Германија, гневот од поразот во Првата светска војна, [[Големата криза од 1929|Големата економска криза од 1929]] и невработеноста биле вешто искористени од страна на [[Адолф Хитлер]] и неговата [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|Националсоцијалистичка работничка партија на Германија]] уште попозната како Нацистичка партија на Германија. И покрај [[Хитлер-пуч|неуспешниот обид за државен удар во 1923 од страна на Хитлер и нацистите]], ефектите од економската криза од 1929 сè уште биле свежи, што предизвикало незадоволство кај германскиот народ и несогласување помеѓу политичките партии во Германија, поради што на парламентарните избори во јули 1932 нацистите и комунистите освоиле мнозинство од 52% од пратеничките места во [[Рајхстаг]]от, поради што претседателот на Германија [[Паул фон Хинденбург]] морал да му даде мандат на Хитлер за да формира влада со што Хитлер станал [[канцелар]] на Германија. Во 1933 зградата на Рајхстагот била запалена, што било искористено од страна на Хитлер и нацистите за да ги обвинат комунистите и за да се забрани [[Комунистичка партија на Германија|Комунистичката партија на Германија]]. Хитлер го убедил претседателот фон Хинденбург да потпише серија законски акти со кои штокоишто биле суспендирани повеќето граѓански права загарантирани со Уставот на [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]], била воведена таканаречена "заштита" од комунистичките водачи, а еден од тие законски акти бил и таканаречениот [[Овластувачки акт]], со којшто владата на Хитлер се стекнала со законодавни моќи. Во март 1933 Хитлер распишал нови парламентарни избори на кои штокоишто нацистите освоиле 43,9% од пратеничките места во Рајхстагот и заедно со нивните националистички сојузници имале мнозинство од 51,8%. Во јули 1933 бил усвоен актот со којшто бил укинат повеќепартискиот систем во Германија, а Нацистичката партија била прогласена за единствена политичка партија во Германија, со што Германија станала еднопартиска држава. По смртта на претседателот фон Хинденбург во август 1934, Хитлер си ги припишал на себе и ги превзел неговите претседателски права и обврски и се прогласил себеси за [[Фирер]] (водач) на Германија. Хитлер ја одржувал својата диктаторска позиција и власт во Германија преку тајната полиција [[Гестапо]] и паравоените формации [[СС]] и [[СА]]. По осигурувањето на власта во Германија, Хитлер започнал кампања за вооружување и подготвување на германските вооружени сили за подолго војување.<ref>Wouk, Herman. ''The Winds of War'', стр. 72.</ref> Ова ги загрижило Франција и Велика Британија кои штокоишто и онака изгубиле многу во Првата светска војна исто како и Германија и Италија.<ref>Brody, J. Kenneth. ''The Avoidable War: Pierre Laval and the Politics of Reality, 1935–1936'', стр. 4.</ref> За да се осигураат дека Италија нема да влезе во сојуз со Германија, Франција и дозволила на Италија да ја окупира Етиопија. Но ситуацијата станала сериозна кога во 1935 Хитлер ја вратил [[Сар|Сарската област]] под германска власт, која што била окупирана од страна на Франција со помош на Велика Британија во 1920. Со враќањето на Сарската област под германска власт, Хитлер прекршил една од точките на Версајскиот договор, која што гласела дека Сарската област треба да биде под управа на [[Друштво на народите|Друштвото на народите]] 15 години, по што требало да се одлучи дали ќе и биде вратена на Германија или ќе и припадне на Франција. Верувајќи дека ќе ја воздржат Германија од понатамошни освојувања, Франција, Велика Британија и Италија го формирале [[Стрезки фронт|Стрезкиот фронт]]. Советскиот Сојуз, загрижен поради германските цели за окупирање на територии и од источна Европа пристапил кон договор за меѓусебно помагање со Франција. Но договорот никогаш не стапил насила официјално бидејќи бил заглавен во бирократските лавиринти на Друштвото на народите.<ref>Record, Jeffery. ''Appeasement Reconsidered: Investigating the Mythology of the 1930s'', стр. 50.</ref><ref>Mandelbaum, Michael. ''The Fate of Nations: The Search for National Security in the Nineteenth and Twentieth Centuries'', стр. 96.</ref> Во 1935 Велика Британија потпишала независен поморски договор со Германија со кој дошло до олеснување на германската морнарица од одредени обврски кои штокоишто произлегле од Версајскиот договор. Забележувајќи ги историските промени во светот, САД прогласиле неутралност со [[Неутрален акт|Неутралниот акт]] усвоен во август 1935, со којшто ја ограничиле помошта за своите сојузници во Европа и Азија.<ref>Schmitz, David F. ''Henry L. Stimson: The First Wise Man'', стр. 124.</ref> Во 1923 Италија се обидела да го окупира островот Крф, а во 1924 го анектирала градот Риека. Во октомври 1935, Италија ја окупирала Етиопија со политичка поддршка од Германија, по што ги повлекла своите приговори кон Германија за да ја користат Австрија како сателитска држава.<ref>Kitson, Alison. ''Germany 1858–1990: Hope, Terror, and Revival'', стр. 231.</ref> Во 1939 Италија ја окупирала и Албанија.<ref>Lowe, C. J.; Marzari, F. ''Italian Foreign Policy 1870–1940'', стр. 330.</ref> Во целост спротивно на Версајскиот договор и договорите од Лоцарно, Хитлер ја ремилитаризирал Рајнската област во март 1936, на што наидел на многу мала реакција од останатите европски држави.<ref>Adamthwaite, Anthony P. ''The Making of the Second World War'', стр. 52.</ref> Во 1938 Хитлер извршил присилно присоединување на Австрија со Германија, уште попознато како [[Аншлус|Аншлусот на Австрија]].<ref>Collier, Martin; Pedley, Philip. ''Germany 1919–45'', стр. 144.</ref> Исто така во 1938 Хитлер побарал Чехословачка да им загарантира поголеми граѓански права на германците кои штокоишто живееле во Судетската област, што го искористил како изговор за да ја окупира, за што добил амин и од Велика Британија, Франција и Италија со Минхенскиот договор потпишан во септември 1938 во Минхен, Германија, без присуство на претставници на Чехословачка.<ref>Kershaw, Ian. ''Hitler, 1936–1945: Nemesis'', стр. 173.</ref> Подоцна, во март 1939 Хитлер ја окупирал цела Чехословачка. Со почетокот на [[Шпанска граѓанска војна|Граѓанската војна во Шпанија]] во јули 1936 Хитлер и Мусолини го поддржале фашистичкиот генерал и иден шпански диктатор [[Франциско Франко]] и неговите сили во неговата војна против шпанската република поддржана од страна на Советскиот Сојуз. И двете страни ја искористиле војната за да ги тестираат најновите оружја и методи на војување.<ref>Graham, Helen. ''The Spanish Civil War: A Very Short Introduction'', стр. 110.</ref> Двосмислената и доста помала помош од страна на СССР за шпанската република наспроти огромната воена помош од страна на Германија и Италија за Франко му ја донеле на Франко посакуваната победа во 1939 по што се прогласил себеси за регент на [[Шпанија|Шпанското кралство]], ги укинал сите политички слободи, како и националните слободи на народите на [[Каталонија]] и [[Баскија]]. Со зголемувањето на тензиите следувале обиди за консолидирање помеѓу Франција, Велика Британија и СССР, кои штокоишто не завршиле успешно, во главно поради несогласувањата на Полска со ставовите на трите држави. Во овие околности, во август 1939 била склучена советско-германската спогодба за ненапаѓање, уште попозната како [[Договор Молотов - Рибентроп|Договорот Молотов - Рибентроп]],<ref>Zachary Shore. ''What Hitler Knew: The Battle for Information in Nazi Foreign Policy.'' Published by Oxford University Press US, 2005 ISBN 0-19-518261-8, 978-0-19-518261-3, стр. 108.</ref> потпишана од страна на министерот за надворешни работи на СССР, [[Вјачеслав Молотов]], и министерот за надворешни работи на Германија, [[Јоаким фон Рибентроп]]. Од друга страна, Германија и Јапонија ги зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка, уште попозната како оската Берлин-Токио, прво со потпишувањето на [[Анти-Коминтерен Пакт|Анти-Коминтерниот Пакт]] во ноември 1936 верувајќи дека [[комунизам|комунизмот]] и Советскиот Сојуз се опасна закана за нив. Подоцна во мај 1939 бил потпишан [[Челичен Пакт|Челичниот Пакт]]<ref>"Pact of Steel", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 674.</ref> помеѓу Германија и Италија со што се зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка помеѓу Германија и Италија, уште попозната како оската Берлин-Рим. Ваквиот сојуз бил потврден во септември 1940, кога Германија, Италија и Јапонија го потпишале [[Троен Пакт|Тројниот Пакт]], со што станал уште попознат како оската Берлин-Рим-Токио. Од друга страна во 1937 Куоминтанг и кинеските комунисти се согласиле на привремен прекин на огнот во кинеската граѓанска војна поради јапонската агресија.<ref>Busky, Donald F. ''Communism in History and Theory: Asia, Africa, and the Americas'', стр. 10.</ref>
 
== Почеток, тек и крај на војната ==
Ред 53:
[[Податотека:Nazi-parading-in-elysian-fields-paris-desert-1940.png|лево|мини|Германски трупи во Париз по капитулацијата на Франција.]]
Во западна Европа, британските трупи биле подготвени за војување, но ниту биле нападнати од страна на германските сили, ниту ги нападнале. Советскиот Сојуз и Германија влегле во заеднички договор за трговска размена, со кој Германија му обезбедувала воена и индустриска опрема на СССР, во замена за советски суровини, со кои штокоишто Германија успеала да ја заобиколи увозната блокада на воена и индустриска опрема од страна на Велика Британија.<ref name="shirer668">Shirer, William L., ''The Rise and Fall of the Third Reich: A History of Nazi Germany'', Simon and Schuster, 1990 ISBN 0-671-72868-7, стр. 668–9.</ref> Во април 1940, Германија ги окупирала Данска и Норвешка. Додека Данска се предала без никаков отпор, Норвешка пружала жилав отпор речиси два месеца, потпомогната од сојузнички војски, кој можеби би продолжил да не би дошло до капитулацијата на Норвешка<ref>Commager, Henry Steele. ''The Story of the Second World War'', стр. 30.</ref> за која што најмногу придонеле домашните предавници, предводени од министерот на војската [[Видкун Квислинг]], чие име станало синоним за предавниците во војната (квислинзи). Со окупацијата на Данска и Норвешка, Германија дошла до пристап на постојан увоз на железна руда од Шведска, кој Сојузниците се обиделе да го запрат. Британското незадоволство поради неуспешната кампања за одбрана на Норвешка резултирало со смената на британскиот премиер [[Невил Чемберлен]] со [[Винстон Черчил]] на 10 мај 1940.<ref>Reynolds, David. ''From World War to Cold War: Churchill, Roosevelt, and the International History of the 1940s'', стр. 76, 77.</ref>
 
=== Напредокот на силите на Оската ===
Ред 62:
 
[[Податотека:Supermarinespitfire.JPG|лево|мини|Британски [[Супермарин Спитфаер]], борбен авион во кралската авијација, често користен во [[Битка за Британија|Битката за Британија]].]]
Со Франција неутрализирана, Германија започнала кампања на масовни бомбардирања на Велика Британија, како подготовка за инвазија на Велика Британија, уште попознати како [[Битка за Британија|Битката за Британија]].<ref>Kelly, Nigel; Rees, Rosemary; Shuter, Jane. ''Twentieth Century World'', стр. 38.</ref> Битката за Британија официјално започнала на 10 јули 1940, а завршила на 31 октомври 1940, со победа на Велика Британија. Битката се водела во главно во небото над Велика Британија, германските трупи никогаш не дочекале да стапнат на британскиот остров. Како главен фактор за британската победа се сметаат британските радари, кои штокоишто ги информирале британците за доаѓањето на германските бомбардери, со што британските сили постојано биле чекор напред пред германските. Кралската морнарица била растегната од водите на Ла Манш, или Англискиот канал, до Атлантскиот Океан, но имајќи ги под своја контрола француските пристаништа, Германија постојано ги напаѓала бродовите на кралската морнарица со У-подморниците, особено во водите на Атлантскиот Океан, постигнувајќи огромни успеси против кралската морнарица.<ref>Goldstein, Margaret J. ''World War II'', стр. 35.</ref> Италија започнала со свои операции во Средоземното Море, почнувајќи со [[Опсада на Малта|опсадата на Малта на 11 јуни 1940]], во периодот од 3 август до 17 август 1940 успешно го окупирала британскиот дел од Сомалија, а извршила и напади врз британските сили, слободните француски трупи и силите на Комонвелтот во периодот од 9 септември до 16 септември 1940. Јапонија ја зголемила својата блокада на Кина завземајќи бази во тогаш веќе изолираните северни делови на [[Француска Индокина|Индокина окупирани од страна на Франција]].<ref>Mercado, Stephen C. ''The Shadow Warriors of Nakano: A History of the Imperial Japanese Army's Elite Intelligence School'', стр. 109.</ref> Во овој период неутралните САД превзеле мерки за помагање на Кина и нивните сојузници од западна Европа. Во ноември 1939, Неутралниот акт претрпел измени, со кои штокоишто САД им дозволиле на Сојузниците да "купуваат и транспортираат" воени средства и опрема.<ref>Brown, Robert J. ''Manipulating the Ether: The Power of Broadcast Radio in Thirties America'', стр. 91.</ref> Во 1940, по капитулацијата на Франција американската морнарица значително се зголемила, а по јапонското влегување во Индокина, САД вовеле ембарго кон Јапонија со коешто и забраниле да купува нивни производи од областа на железната индустрија, челичната индустрија и механички делови.<ref>Morison, Samuel Eliot. ''History of United States Naval Operations in World War II'', стр. 60.</ref> Во септември 1940, САД се согласиле на размена на американски воени бродови разурнувачи во замена за британски бази.<ref>Maingot, Anthony P. ''The United States and the Caribbean: Challenges of an Asymmetrical Relationship'', стр. 52.</ref> Но сепак, американската јавност и понатаму силно се противела на било каква воена интервенција од страна на САД во вооружениот конфликт во 1941.<ref>Hadley Cantril, "America Faces the War: A Study in Public Opinion," ''The Public Opinion Quarterly'' 4:3 (Sept. 1940), 390.</ref>
На 27 септември 1940 Германија, Јапонија и Италија во Берлин го потпишале Тројниот Пакт, со што Оската и официјално била формирана. Со овој Пакт, секој напад од било која држава, со исклучок на Советскиот Сојуз, кој не учествувал во вооружениот конфликт, кон било која од трите држави потписнички на Пактот, ќе резултирал со воен одговор од страна на сите три држави потписнички.<ref>Bilhartz, Terry D.; Elliott, Alan C. ''Currents in American History: A Brief History of the United States'', стр. 179.</ref> Советскиот Сојуз изразил интерес за придружување на Пактот, со мали измени на текстот на договорот, кои штокоишто со себе носеле економски придобивки за Германија.<ref name="WorldArms200">Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 200.</ref> Иако Германија никогаш официјално не изразила интерес СССР да му се придружи на Пактот, сепак ги прифатила економските придобивки, потпишувајќи договор со СССР на 10 јануари 1941.<ref name="WorldArms201">Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 201.</ref> И покрај потпишувањето на Пактот, САД продолжиле со поддршката за Велика Британија и Кина преку [[Позајми-изнајми полиса]]та,<ref>Murray, Williamson; Millett, Allan Reed. ''A War to Be Won: Fighting the Second World War'', стр. 165.</ref> создавајќи безбедна зона која се протегала низ речиси цела половина од Атлантскиот Океан, каде што американската морнарица ги штитела британските конвои.<ref>Knell, Hermann. ''To Destroy a City: Strategic Bombing and Its Human Consequences in World War II'', стр. 205.</ref> Како резултат на ова, САД и Германија се нашле во таканаречена воздржана, или необјавена, воено-поморска војна во северните делови на Атлантскиот Океан до 1941, иако САД и понатаму останале официјално неутрални.<ref>[http://history.sandiego.edu/gen/ww2Timeline/Prelude18.html Undeclared Naval War in the Atlantic 1941].</ref>
Оската се проширила во ноември 1940, кога Унгарија, Словачка и Романија се придружиле на Тројниот Пакт.<ref name="Tripartite Pact">"Tripartite Pact", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 877.</ref> Овие држави учествувале во подоцнежната инвазија на Советскиот Сојуз, особено Романија, која што помогнала најмногу во инвазијата, со цел да си ги поврати своите територии анектирани од страна на СССР, следејќи ја антикомунистичката идеологија на својот лидер, премиерот на Романија, [[Јон Антонеску]].<ref>Dennis Deletant, "Romania", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 745–46.</ref>
Ред 74:
Сојузниците сепак постигнале одредени успеси во овој период. На Блискиот Исток силите на Комонвелтот успеале да спречат државен удар во Ирак поддржан од страна на германската воена авијација од базите во Сирија, тогаш под окупација на Вишкиот Режим.<ref>Watson, William E. ''Tricolor and Crescent: France and the Islamic World'', стр. 80.</ref> Подоцна, со помош на слободните француски трупи ги окупирале Сирија и Либан со цел да спречат идни вакви настани.<ref>Jackson, Ashley. ''The British Empire and the Second World War'', стр. 154.</ref> Во водите на Атлантскиот Океан, кралската морнарица извојувала победа со која што се кренал моралот кај британските сили и кај британската јавност потопувајќи го германскиот боен брод [[Боен брод Бизмарк|Бизмарк]].<ref>Stewart, Vance. ''Three Against One: Churchill, Roosevelt, Stalin Vs Adolph Hitler'', стр. 159.</ref> Можеби најважниот успех на британските сили била успешната одбрана на британското небо во
Битката за Британија, која иако официјално завршила на 31 октомври 1940, сепак Хитлер ја прекинал кампањата на масовни бомбардирања од страна на [[Луфтвафе]] дури на 11 мај 1941.<ref>{{Наведена мрежна страница|title=The London Blitz, 1940|url=http://www.eyewitnesstohistory.com/blitz.htm|work=Eyewitness to History|year=2001| accessdate=2008-03-11}}</ref> Во Азија, и покрај офанзивите и од двете страни, позициите во војната помеѓу Кина и Јапонија останале непроменети во текот на 1940. Во август истата година, кинеските комунисти започнале офанзива во централна Кина, на што Јапонија возвратила со таканаречената [[Сите три полиса|Сите три]] полиса, која предвидувала уништување и ограбување на сите човечки и материјални ресурси кои штокоишто комунистите можеле да ги искористат во окупираните подрачја.<ref>Joes, Anthony James. ''Resisting Rebellion: The History And Politics of Counterinsurgency'', стр. 224.</ref> Продолжената антипатија помеѓу кинеските комунисти и националистичките сили кулминирала со вооружениот судир од 7 јануари до 13 јануари 1941, уште попознат како [[Нова четврта армија инцидент]]от, со што се ставил крај на нивната меѓусебна соработка.<ref>Fairbank, John King. ''China: A New History'', стр. 320.</ref>
Со состојбата во Европа и Азија релативно стабилна, Германија, СССР и Јапонија ги правеле своите наредни подготовки. Советскиот Сојуз бил загрижен од тензиите на Германија и Јапонија за окупирање на богатите со ресурси и суровини области во југоисточна Азија кои веќе биле под окупација на западните европски земји, поради што дошло до потпишувањето на [[Советско-јапонски пакт за неутралност|Советско-јапонскиот пакт за неутралност]] потпишан во Москва помеѓу СССР и Јапонија на 13 април 1941.<ref>Garver, John W. ''Chinese-Soviet Relations, 1937–1945: The Diplomacy of Chinese Nationalism'', стр. 114.</ref> Истовремено Германија правела подготовки за напаѓање на Советскиот Сојуз, распоредувајќи трупи низ границата со СССР.<ref>Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 195.</ref>
Ред 87:
[[Податотека:Kyiv-Prorizna_1941.jpg|лево|мини|[[Крешчатик]], главната улица во Киев, по серија германски бомбардирања.]]
Одвојувањето на три четвртини од воената сила на Оската и мнозинството од нејзината воена авијација од Франција кон централните делови на Средоземното Море и кон источниот фронт<ref name="D. Glantz. Soviet-German War">[[David M. Glantz]] [http://www.strom.clemson.edu/publications/sg-war41-45.pdf The Soviet‐German War 1941–45] Myths and Realities: A Survey Essay.</ref><ref>''Hitler Can Be Beaten''. The New York Times: Aug 5, 1941</ref> ги убедиле британските сили да преминат кон промена на својата стратегија.<ref>Brian P. Farrell. ''Yes, Prime Minister: Barbarossa, Whipcord, and the Basis of British Grand Strategy, Autumn 1941''. The Journal of Military History, Vol. 57, No. 4 (Oct., 1993), стр. 599–625</ref>
На 12 јули 1941 СССР и Велика Британија го потпишале [[Англо-Советски договор|Англо-Советскиот договор]],<ref>Pravda, Alex; Duncan, Peter J. S. ''Soviet-British Relations Since the 1970s'', стр. 29.</ref> кој всушност претставувал официјално формирање на воениот сојуз помеѓу СССР и Велика Британија против Германија, кој првпат бил тестиран во сојузничката окупација на Иран уште попозната како [[Англо-Советска инвазија на Иран|Англо-Советската инвазија на Иран]], која траела од 25 август до 17 септември 1941, а завршила со победа на сојузниците СССР и Велика Британија, со што биле осигурани персискиот коридор и нафтените полиња во Иран.<ref>Heptulla, Najma. ''The Logic of Political Survival'', стр. 131.</ref> Во август 1941 Велика Британија и САД ја потпишале [[Атлантска Повелба|Атлантската Повелба]], која претставувала нацрт документ и темел за многу меѓународни договори потпишани и меѓународни организации создадени по Втората светска војна.<ref name="AdvenBrit223">Louis, William Roger. ''More Adventures with Britannia: Personalities, Politics and Culture in Britain'', стр. 223.</ref> Во ноември 1941 силите на Комонвелтот започнале контра-офанзива со Операцијата [[Операција Crusader|Crusader]] или Операција Крстоносец и ги повратиле сите територии кои штокоишто силите на Оската ги имале во меѓувреме окупирано во северна Африка.<ref>Gannon, James. ''Stealing Secrets, Telling Lies: How Spies and Codebreakers Helped Shape the Twentieth Century'', стр. 76.</ref>
Претходната година Јапонија ја окупирала и јужна Индокина, делумно за да го зголеми притисокот врз Кина со блокирање на маршрутите низ кои штокоишто поминувале ресурсите и залихите во облик на помош за Кина, а делумно за да ја подобри сопствената позиција во случај да дојде до војна помеѓу Јапонија и западните земји.<ref>''AFLMA Year in Review'', стр. 33.</ref> Јапонија, сметајќи дека ќе добие некакви придобивки од сојузништвото со Германија, побарала воена помош од Германија, вклучувајќи и побарувачка за постојан увоз на нафта од окупираните делови на Индонезија од страна на Холандија, тогаш под германска окупација. Но ваквите обиди на Јапонија завршиле неуспешно во јуни 1941.<ref>''AFLMA Year in Review'', стр. 32.</ref> САД, Велика Британија и други западни држави реагирале на јапонската окупација на Индокина со замрзнување на јапонските имоти и средства кај нив, а САД, кои штокоишто обезбедувале 80% од целокупната побарувачка на нафта на Јапонија<ref>Irvine H. Anderson, Jr. ''De Facto Embargo on Oil to Japan: A Bureaucratic Reflex''. The Pacific Historical Review, Vol. 44, No. 2 (May, 1975), стр. 201.</ref> реагирале и со целосно нафтено ембарго.<ref>Northrup, Cynthia Clark. ''The American economy: a historical encyclopedia'', стр. 214.</ref> Со ова Јапонија била оставена да бира помеѓу откажување од своите амбиции за воспоставување доминантна власт во Азија и да ја прекине војната со Кина, или да превземе контрола врз ресурсите што и требале по пат на сила. Јапонските власти не сакале ни да помислат на прекин на војната со Кина и откажување на своите амбиции за воспоставување доминантна власт во Азија, а ембаргото воведено од страна на САД го сметале како неофицијална најава за војна со САД.<ref>Lightbody, Bradley. ''The Second World War: Ambitions to Nemesis'', стр. 125.</ref> Јапонскиот империјален главен штаб планирал во брзи наврати да ги окупира териториите во Азија окупирани од страна на европските држави, со цел да создаде голем одбранбен периметар во централните делови на Тихиот Океан, по што Јапонија би можела слободно да ги експлоатира ресурсите од југоисточна Азија, а при тоа Сојузниците би претрпеле сериозни загуби во случај на евентуална војна со Јапонија. За да се спречи интервенција од страна на САД било потребно да се неутрализира американската морнарица во водите на Тихиот Океан.<ref>Morgan, Patrick M. ''Strategic Military Surprise: Incentives and Opportunities'', стр. 51.</ref>
[[Податотека:Soviet_Offensive_Moscow_December_1941.jpg|лево|мини|Советски трупи опремени со зимска воена опрема тргнуваат во против напад кон германските тенкови, декември 1941.]]
Ред 112:
[[Податотека:SBD-3 Dauntless bombers of VS-8 over the burning Japanese cruiser Mikuma on 6 June 1942.jpg|десно|мини|Американски "нуркачи" бомбардери [[SBD Dauntless]] во [[Битка за Мидвеј|Битката за Мидвеј]], јуни 1942.]]
На 3 мај 1942, Јапонија ја започнала [[Операција Мо|Операцијата Мо]], чијашто цел била завземање на пристанишниот град Морсби, со што ќе можела да ги прекине комуникациските врски и рутите низ кои штокоишто поминувале залихите и ресурсите помеѓу САД и Австралија. Но Сојузниците возвратиле на ударот, по што јапонските сили биле принудени да се повлечат.<ref>Maddox, Robert James. ''The United States and World War II'', стр. 111–12.</ref> По бомбардирањата на Токио на 18 април 1942 од страна на сојузниците, уште попознати како [[Дулитлов Напад|Дулитловиот Напад]], Јапонија планирала окупирање на Мидвејскиот атол, со цел да ги поттикне американските носачи на авиони да возвратат на нападот, по што би биле уништени од страна на јапонските сили. Како диверзија, Јапонија ја започнала [[Кампања за Алеутиските Острови|Кампањата за Алеутиските Острови]] на 3 јуни 1942.<ref>Salecker, Gene Eric. ''Fortress Against the Sun: The B-17 Flying Fortress in the Pacific'', стр. 186.</ref> Кон почетокот на јуни, Јапонија ги започнала воените операции, но американските сили, располагајќи со разузнавачки информации од јапонските воени штабови, до кои штокоишто дошле кон крајот на мај 1942, свесни за стапицата поставена од страна на Јапонија, ја искористиле оваа можност за да и нанесат силен удар на империјалната јапонска морнарица.<ref>Ropp, Theodore. ''War in the Modern World'', стр. 368.</ref> [[Битка за Мидвеј|Битката за Мидвеј]] траела од 4 јуни до 7 јуни 1942, а завршила со одлучна победа на Сојузниците. Со својот капацитет за агресивна акција намален по Битката за Мидвеј, Јапонија одбрала да се фокусира на повторниот обид за окупирање на пристанишниот град Морсби, овој пат преку [[Кокода Трак кампања]]та, чија цел била окупирање на целата територија на Папуа.<ref>Weinberg, Gerhard L. ''A World at Arms: A Global History of World War II'', стр. 339.</ref> Кампањата започнала на 21 јули 1942, а завршила на 16 ноември 1942 со стратешка победа на Сојузниците. САД, од друга страна, планирале контра-напад насочен кон јапонските позиции во јужните делови на [[Соломонски острови|Соломонските Острови]], особено Гвадалканал како прва фаза да окупирање на пристанишниот град Рабаул, кој тогаш бил главна база на јапонските сили во југоисточна Азија.<ref>Gilbert, Adrian. ''The Encyclopedia of Warfare: From Earliest Times to the Present Day'', стр. 259.</ref> И двата плана преминале кон реализација од страна на Сојузниците, [[Битка за Гвадалканал|Битката за Гвадалканал]] започнала на 7 август 1942, а кон средината на септември 1942, јапонските сили, за кои штокоишто Гвадалканал сега станал приоритет, биле принудени да се повлечат кон пристанишниот град Морсби, каде што се соочиле со сојузничките трупи на САД и Австралија во [[Битка за Буна-Гона|Битката за Буна-Гона]], која траела од 16 ноември 1942 до 22 јануари 1943, а завршила со победа на Сојузниците.<ref>Swain, Bruce. ''A Chronology of Australian Armed Forces at War 1939–45'', стр. 197.</ref> Гвадалканал бил во центарот на фокусот и на двете страни, кои штокоишто вложиле многу средства и реурси, човечки и материјални, секоја со цел да извојува победа. Битката за Гвадалканал завршила на 9 февруари 1943 со стратешка победа на Сојузниците.<ref>Hane, Mikiso. ''Modern Japan: A Historical Survey'', стр.340.</ref>
Во Бурма, силите на Комонвелтот започнале две операции. Првата била офанзива во Араканскиот регион, уште попозната како [[Прва Араканска Офанзива|Првата Араканска Офанзива]], која започнала кон крајот на 1942, а завршила неуспешно, принудувајќи ги силите на Комонвелтот да се повлечат кон Индија кон почетокот на мај 1943.<ref>Marston, Daniel. ''The Pacific War Companion: From Pearl Harbor to Hiroshima'', стр. 111.</ref> Втората била офанзива во Бурма, уште попозната како [[Операција Лонгклот|Операцијата Лонгклот]], која започнала кон почетокот на февруари 1943, а завршила кон крајот на април 1943 со дубиозни резултати за Сојузниците.<ref>Brayley, Martin. ''The British Army, 1939–45'', стр. 9.</ref>
Ред 148:
На 6 јуни 1944, сојузничките сили преку Ла Манш, или Англискиот канал, се истовариле на северните брегови на Франција, тогаш под окупација на Германија, во областа Нормандија, уште попознато како [[Денот Д]] или [[Операција Оверлорд]], со што започнала [[Инвазија на Нормандија|Инвазијата на Нормандија]], која траела од 6 јуни 1944 до средината на јули 1944, а завршила со одлучна победа на Сојузниците, со што и официјално бил отворен западноевропскиот фронт. На 15 август 1944, со помош на сојузничките дивизии од Италија, биле завземени јужните делови на Франција, тогаш под окупација на Германија, уште попознати како [[Инвазија на јужна Франција|Инвазијата на јужна Франција]] или како [[Операција Dragoon|Операцијата Dragoon]].<ref>Weinberg, Gerhard L. A World at Arms: A Global History of World War II, стр. 695.</ref> По овие успешни офанзиви следела [[Битка за Париз|Битката за Париз]], која траела од 19 август до 25 август 1944,<ref>Badsey, Stephen. ''Normandy 1944: Allied Landings and Breakout'', стр. 91.</ref> а завршила со победа на Сојузниците и слободните француски трупи. По ова следела офанзива на Сојузниците низ Франција, по што силите на Оската биле принудени да се повлечат источно од реката Рајна до крајот на 1944. Сојузниците направиле и обид за [[падобранска инвазија на Холандија]] со [[Операција Маркет Гарден|Операцијата Маркет Гарден]], која траела од 17 септември до 25 септември 1944, но завршила неуспешно за Сојузниците.<ref>"Market-Garden", in Dear and Foot, ed., ''Oxford Companion to World War II'', стр. 877.</ref> Сојузниците исто така напредувале и во Италија, стигнувајќи до последната голема одбранбена линија на силите на Оската во Италија, [[Линија Готик|Линијата Готик]].
 
На 22 јуни 1944, советските сили ја започнале нивната стратешка офанзива во Белорусија со [[Операција Багратион|Операцијата Багратион]], која траела до 19 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, што довело до речиси целосно уништување на германската воена група Центар.<ref>The operation "was the most calamitous defeat of all the German armed forces in World War II". Zaloga, ''Bagration 1944: The destruction of Army Group Centre'', 7.</ref> На 13 јули 1944 советските сили ја започнале [[Лвовско-Сандомоерзка Офанзива|Лвовско-Сандомиерзката Офанзива]], која траела до 29 јули 1944, а завршила со победа на советските сили, по што силите на Оската биле принудени да се повлекуваат од западна Украина и источна Полска. Успешните офанзиви на советските сили биле поттик за полскиот и словачкиот отпор да организираат серии на востанија против силите на Оската, очекувајќи помош од советските сили, но најголемите востанија од овие, [[Варшавско Востание|Варшавското Востание]], кое траело од 1 август до 2 октомври 1944, и [[Словачко Национално Востание|Словачкото Национално Востание]], кое траело од 29 август до 28 октомври 1944, воопшто не биле потпомогнати од страна на советските сили, поради што и двете завршиле со неуспех.<ref>Berend, Tibor Iván. ''Central and Eastern Europe, 1944–1993: Detour from the Periphery to the Periphery'', стр. 8.</ref> Иако победата во востанијата ја однеле силите на Оската, нивните започнувања и крвавите задушувања биле дел од стратегијата на советските власти, кои штокоишто сакале со почнувањата и задушувањата на востанијата да ги скршат националистичките отпори во Полска и Словачка. [[Јаси-Кишиневска Офанзива|Јаси-Кишиневската Офанзива]], која траела од 20 август до 29 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, ги принудила силите на Оската да се повлечат од источна Романија. На 23 август 1944, [[романски крал Михаил I|романскиот крал Михаил I]], поддржан од романската армија и Советскиот Сојуз го симнал од власт романскиот диктатор Јон Антонеску, уште попознато како романскиот државен удар од 1944 предводен од страна на кралот Михаил I. По ова, Романија преминала на страна на Сојузниците. На 5 септември 1944 Советскиот Сојуз и објавил војна на Бугарија, која му се придружила на Тројниот Пакт на 1 март 1941. На 7 септември 1944, советските сили ја окупирале Бугарија наидувајќи на речиси никаков отпор. По ова, и Бугарија преминала на страна на Сојузниците. Во септември 1944, советските сили навлегле во териториите на Југославија, принудувајќи ги германските воени групи [[Воена група Е|Е]] и [[Воена група Ф|Ф]] на брзо повлекување кон Грција, Албанија и јужните и западните делови на Југославија. Југословенските партизани, предводени од страна на [[Јосип Броз Тито]] во тој период ги држеле под своја контрола тие делови од Југославија, по што започнале офанзива против германските сили, принудувајќи ги да се повлечат јужно кон Грција. Во северните делови на Србија, југословенските партизани, предводени од страна на Јосип Броз Тито, потпомогнати од страна на Црвената Армија и ограничена помош од страна на бугарските сили, сега на страна на Сојузниците, ја започнале [[Белградска Офанзива|Белградската Офанзива]], која траела од 14 септември до 24 ноември 1944, а завршила со победа на Сојузниците. Белград бил ослободен на 20 октомври 1944. На 29 октомври 1944, советските сили ја започнале [[Будимпештанска Офанзива|Будимпештанската Офанзива]], која завршила со [[Опсада на Будимпешта|Опсадата на Будимпешта]], која траела од 29 декември 1944 до 13 февруари 1945, а завршила со победа на советските сили потпомогнати од романските сили, сега на страна на Сојузниците, со што и Будимпештанската Офанзива завршила со победа на Сојузниците. По ова, и Унгарија преминала на страна на Сојузниците.<ref>Wiest, Andrew A.; Barbier, M. K. ''Strategy and Tactics Infantry Warfare'' стр. 65, 66.</ref>
 
Продолжената [[Советско-финска војна]], која траела од 25 јуни 1941 до 19 септември 1944 завршила со победа на Советскиот Сојуз, по што Финска била приморана да го потпише [[Московско Примирје|Московското Примирје]],<ref>Wiktor, Christian L. ''Multilateral Treaty Calendar – 1648–1995'', стр. 426.</ref><ref name=newton>{{наведена книга|author=Steven H. Newton|title=Retreat from Leningrad : Army Group North, 1944/1945|publisher=Schiffer Books|location=Atglen, Philadelphia|year=1995}}</ref> потпишано на 19 септември 1944 во Москва, со кое морала да му отстапи дополнителни територии на СССР поради сојузништвото со силите на Оската, како и да ги легитимизира социјалистичките и комунистичките движења во Финска, а паралелно со тоа и да ги забрани сите движења во Финска кои штокоишто Советскиот Сојуз ги сметал за фашистички или про-фашистички ориентирани. По ова, и Финска преминала на страна на Сојузниците. Конечниот мировен договор помеѓу СССР и Финска бил потпишан во Париз на 10 февруари 1947, по [[Париска Мировна Конференција|Париската Мировна Конференција]], која што се одржала во престолнината на Франција, Париз, од 29 јули до 15 октомври 1946, со кој Финска била обврзана да му исплати 300 милиони американски долари на СССР во форма на воена оштета.
Кон почетокот на јули 1944, силите на Комонвелтот во југоисточна Азија успеале да ги одбијат јапонските опсади на Асам, принудувајќи ги јапонските сили да се повлечат се до реката Чиндвин,<ref>Marston, Daniel. ''The Pacific War Companion: From Pearl Harbor to Hiroshima'', стр. 120.</ref> а во меѓувреме кинеските сили го завзеле градот Мјиткина. Во Кина, јапонските сили постигнале поголеми успеси. Покрај успешната окупација на Чангша по Третата Битка за Чангша во август 1944, јапонските сили успеале да го окупираат и градот Хенгјанг кон почетокот на август 1944.<ref>Jowett, Philip S. ''The Japanese Army, 1931–45'', стр. 8.</ref> Исто така јапонските сили постигнале голем успех по победата во Битката за Гуејлин и Лиџоу, која траела од 16 август до 24 ноември 1944 г,<ref>Howard, Joshua H. ''Workers at War: Labor in China's Arsenals, 1937–1953'', стр. 140.</ref> со што јапонците ја окупирале и покраината [[Гуангсји]] и успеале да ги поврзат своите сили од Кина и Индокина кон средината на декември 1944.<ref>Drea, Edward J. ''In the Service of the Emperor: Essays on the Imperial Japanese Army'', стр. 54.</ref>
Ред 166:
На 8 февруари 1945 советските сили ја започнале [[Долносилезиска Офанзива|Долносилезиската Офанзива]], која траела до 24 февруари 1945, а завршила со победа на советските сили. Подоцна, на 15 март 1945 советските сили ја започнале и [[Горносилезиска Офанзива|Горносилезиската Офанзива]], која траела до 31 март 1945, а завршила со победа на советските сили. Паралелно, во периодот од 24 февруари до 4 април 1945, советските сили извојувале победа и во [[Источнопомераниска Офанзива|Источнопомераниската Офанзива]]. Во западна Германија, сојузничките сили во [[Операција Plunder|Операцијата Plunder]] или Операција Грабеж, на 24 март 1945 ја преминале реката Рајна северно, а подоцна и јужно од Рурската област, заобиколувајќи ги германските сили во областа, додека во меѓувреме советските сили напредувале кон Виена. На 6 април 1945, сојузничките сили во Италија ја започнале [[Пролетна Офанзива во Италија|Пролетната Офанзива во Италија]], која завршила на 2 мај 1945 со одлучна победа на Сојузниците, по што германските сили во Италија се предале, а Социјалната Република Италија и официјално престанала да постои. Паралелно со Пролетната Офанзива во Италија, силите на Сојузниците напредувале и во западна Германија. На 16 април 1945 Црвената Армија ја започнала [[Битка за Берлин|Битката за Берлин]], која траела до 2 мај 1945, а завршила со одлучна победа на советските сили. За време на Битката за Берлин, на 25 април 1945, во близина на германскиот град Торгау, источно од реката Елба се сретнале американските војници од западноевропскиот фронт и советските војници од источноевропскиот фронт, настан уште попознат како Денот на Елба или Сретнувањето кај Елба.
На 12 април 1945, американскиот претседател Рузвелт починал, по што бил наследен од страна на [[Хари Труман]], дотогашен заменик-претседател на САД. На 28 април 1945, Мусолини бил убиен од страна на италијански партизани, додека правел подготовки за бегање во Шпанија преку авионски лет од неутрална Швајцарија. Соочувајќи се со неизбежниот пораз и немоќ, одлучен да не падне жив во рацете на силите на Сојузниците, а уште помалку во рацете на Црвената Армија, Хитлер се самоубил на 30 април 1945,<ref>O'Reilly, Charles T. ''Forgotten Battles: Italy's War of Liberation, 1943–1945'', стр. 244.</ref> по што бил наследен од страна на германскиот адмирал [[Карл Дениц]].<ref>Kershaw, Ian. ''Hitler, 1936–1945: Nemesis'', стр. 823.</ref> На 5 јули 1945 во Велика Британија се одржале парламентарни избори на кои штокоишто победата ја однела Лабуристичката партија на [[Клемент Атли]], која освоила 196 пратенички места повеќе од Конзервативната партија на Винстон Черчил, освојувајќи 49.71% од целокупниот број на пратенички места во британскиот парламент. Иако Черчил ја изгубил својата позиција како премиер на Велика Британија, сепак ја задржал својата улога во актуелните и во идните дејствија на Велика Британија во Втората светска војна.
[[Податотека:Soviet flag on the Reichstag roof Khaldei.jpg|лево|мини|Советските војници го поставуваат советското знаме над зградата на Рајхстагот по нејзиното завземање за време на [[Битка за Берлин|Битката за Берлин]].]]
Ред 237:
[[Категорија:Втора светска војна|*]]
[[Категорија:Војни на Бугарија]]
[[Категорија:Откривачи на хемиски елементи]]