Елвис Пресли: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: Јануари → јануари (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: чиј што → чијшто using AWB
Ред 49:
Пресли за првпат настапи на ЕнБиСи во Шоуто на Милтон Берл, на 3-ти април. Неговиот настап на палубата на бродот Хенкок во [[Сан Диего]] предизвика аплаузи и возвици од публиката од морнари и нивните придружнички. Неколку дена покасно, Пресли и неговиот бенд летаа до Нешвил, за да стигнат на сесија за снимање, кога тројцата биле потресени затоа што еден од моторите на авионот престанал да функционира и авионот за малку не се срушил над [[Арканзас]]. Дванаесет седмици после првото емитување, „Heartbreak Hotel“ прерасна во првиот број еден поп хит на Пресли. Кон крајот на април, Пресли започна настапи во хотел-казиното Њу Фронтиер, во [[Лас Вегас]]. Настапите не беа добро прифатени од страна на конзервативните, средовечни гости од хотелот, а според критичар на Newsweek, тој беше „како стомна со [[виски]], на [[шампањ]] забава“.
 
За време на престојот во Вегас, Пресли, кој имаше сериозни актерски амбиции, потпиша седум годишен договор со Paramount Pictures. Кон средината на мај, тој започна тура во средозападна Америка, во петнаесет градови во краток период. Исто така учествуваше неколку пати на шоуто на Фреди Бел и Белбојс во Вегас, и беше изненаден од нивната верзија на “Hound Dog”, хитот од 1953 со блуз пејачката Биг Мама Торнтон, со [[текст]] од Џери Лајбер и Мајк Столер. Овој хит стана новата завршна точка во неговите настапи. После настапот во Ла Крос, Висконсин, еден локален католички свештенички [[весник]] испрати наметлива [[порака]] до директорот на ФБИ Џ. Едгар Хувер. Тоа беше едно предупредување дека „Пресли е дефинитивна опасност за безбедноста на САД. ...неговите дејства и движења предизвикуваат сексуални страсти кај младите тинејџери. После настапот повеќе од 1000 тинејџери се обидоа да влезат во собата на Пресли...Докази за штетата што ја направи Пресли само во Ла Крос, беа двете гимназијалки...чиј шточијшто [[абдомен]] и бутови беа испишани со негови автограми.“
 
Вториот настап на шоуто на Милтон Берл, беше на 5-ти јуни во студиото на ЕнБиСи во Холивуд, точно во периодот на друга возбудлива тура. Берл го наговорил пејачот да ја остави својата гитара зад сцената, советувајќи го со зборовите „нека те видат тебе, синко“. За време на настапот, интерпретацијата на „Hound Dog“ беше забрзана и со кратки паузи, ја размавнуваше раката, и направи неприлагодна верзија со енергични и претерани движења на телото. Вртењето во круг на Пресли предизвика [[бура]] од противоречија. Телевизиските критики беа навредливи: „Г-дин Пресли нема видлива пејачка способност. Неговите [[фрази]], ако може да се наречат фрази, се состојат од типичните варијации на почетнички арии испеани во бањата. Неговата специјалност се драстичните движења на телото, првично идентификувани со репертоар од бурлеск шоу на сензационална блондинка“, истакнал Џек Гоулд, од [[Њујорк Тајмс]]. Бен Грос од весникот Њујорк Дејли Њуз, изкажал дека популарната музика „ги достигна најдолните граници со стенкањата и офкањата на еден Елвис Пресли... Елвис кој што меша со карлицата... кој што дава претстава, односно сугерира на вулгарност, примесено со еден вид на чулност која што треба да биде одржана во границите на јавните куќи“. Ед Саливан, чие што шоу беше од национална популарност го прогласи Елвис како „неприлагоден за фамилијарна средина“. Како врв на сето тоа, Елвис уште бил наречен и „Елвис карлицата - Elvis the Pelvis“, за кое што тој сметаше дека е најдетскиот израз што би можел да го изрече еден возрасен човек.
Ред 150:
[[Категорија:Американски пејачи]]
[[Категорија:Добитници на Претседателскиот медал на слободата]]
[[Категорија:Откривачи на хемиски елементи]]