Разлика помеѓу преработките на „Травелинг Вилберис“

с
Јазична исправка, replaced: пришто → при што using AWB
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Јазична исправка, replaced: пришто → при што using AWB)
Се започнало со неформалната средба меѓу [[Рој Орбисон]] и [[Том Пети]], кои заедно со [[Боб Дилан]] се собрале во неговото студио во [[Санта Моника]], [[Калифорнија]] со цел да снимат песна која ќе фигурира како Б-страна на Харисоновиот сингл "This is Love". Песната која тогаш ја создаваат е "[[Handle With Care]]". Уште во истиот момент кога ја ислушуваат, членовите на продукциската куќа, сфаќаат дека песната е и повеќе од добра за да служи само како пополнувач на синглот.
 
Музичарите пак, толку многу уживале во меѓусебната соработка што се решиле да снимат албум. Составен од песни чии автори се сите членови на групата, албумот е снимен во период од само десет дена поради тоа што [[Боб Дилан]] морал да оди на турнеја. Пуштен во продажба во 1988 година (приштопри што самата група се претставува под разни [[псевдоним]]и - полубраќа, синови на починатиот Чарлс Траскот Вилбери Сениор), албумот ''[[Traveling Wilburys Vol. 1]]'' во 1989 година е избран за 70<sup>ти</sup> најдобар албум издаден во 80тите, според списанието ''Rolling Stone''. Смртта на еден од членовите на групата - [[Рој Орбисон]] (на [[6 декември]] [[1988]]) ја спречува понатамошната соработка; сепак, групата продолжува и без него.
 
Зборот "Вилбери" е сленг измислен од Харисон и Лин за време на снимањето на албумот на Џорџ ''[[Cloud Nine]]'' и тоа како алузија на елиминирањето на "грешките" при процесот на миксирање (односно "'We'll bury' (Вилбери) them in the mix"). Терминот бил случајно употребен во присуство на сите членови на групата. Харисон го предложил името "Треперувачките Вилбери" (The Trembling Wilburys) но сите се согласиле да го искористат називот "Патувачки".
 
По првиот албум, следува синглот "Nobody's Child" кој ќе се обиде да го центрира светското внимание врз децата-сирачиња во [[Романија]]. Вториот албум, именуван ''[[Traveling Wilburys Vol. 3]]'' е издаден во октомври 1990 година. Сепак, албумот има понезабележителен успех. Неколку причини се спомнуваат за да се објасни чудниот скок од Vol. 1 до Vol. 3. Првото објаснување е дека албумот на Том Пети ''[[Full Moon Fever]]'' се смета за Vol. 2 (Џеф Лин, Џорџ Харисон и Рој Орбисон работат заедно со Пети на него), второто е дека албумот не е издаден од почит спрема починатиот Орбисон, а третото и наједноставно е дека името било обична шега. Еднаш, на едно MTV интервју Харисон ќе рече дека постоел материјал за да се издаде Vol. 2, но истиот бил украден пред сосема да се комплетира албумот.
 
== Членови ==
* Бу Вилбери - [[Боб Дилан]]
 
[[Џим Келтнер]], тапанарот на Вилберите, не е именуван како Вилбери; сепак дел е од нивните музички спотови. На ДВД-то издадено во 2007 година, даден му е прекарот 'Бастер Сајдбери'.
 
== Дискографија ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Супергрупи]]
[[Категорија:Музички групи]]