Добрица Ќосиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 3:
== Политичка кариера ==
[[Податотека:Добрица Ћосић (Dobrica Chosich), firct President of Federal Republic of Yugoslavia.jpg|мини|Добрица Ќосиќ]]
Добрица Ќосиќ е роден на [[29 декември]] [[1921]] година, во Велика Дренова, тогаш дел од Кралството СХС. Во текот на [[НОБ]], Ќосиќ бил политички комесар на Расинскиот партизански одред, член на ПК на [[СКОЈ]] на [[КПЈ]] за [[Србија]]. По [[Втора светска војна|Втората светска војна]], тој работел во пропагандното одделение на ЦК на КПС. Исто така, во периодот од [[1945]] до [[1957]] година, Ќосиќ бил пратеник во собранијата на НР Србија и на [[ФНРЈ]] и [[СФРЈ]]. Ќосиќ бил еден од ретките југословенски политичари кои се спротивставиле на политичката ликвидација на [[Александар Ранковиќ]], а во [[1968]] година јавно проговорил за прашањето на [[Косово]] и потоа бил еден од најпознатите југословенски опозиционери.<ref name="ReferenceA">Блаже Миневски, "Со Југославија ќе пропадне и твојот македонски народ", ''Публика'' - неделен политички прилог, број 180, мај 2014, стр. 3.</ref>
 
Ќосиќ е познат како еден од најголемите промотори на српската национална кауза. Така, во [[1985]] година, тој побарал Српската академија на науките и уметностите ([[САНУ]]) да се изјасни за потребата од ангажирање во врска со "опшетствените и националните проблеми", а следната година, истиот предлог бил прифатен од САНУ. Оттука, во [[јуни]] [[1985]] година, претседателството на САНУ избрало одбор за подготовка на "Меморандумот за актуелните општествени прашања", во кој членувале 23 редовни и дописни членови на САНУ. Во [[октомври]] [[1986]] година бил објавен работниот материјал на таканаречениот "Меморандум на САНУ", чиј духовен автор бил Ќосиќ, а кој претставувал нова српска национална платформа за редефинирање на СФРЈ.<ref>Блаже Миневски, "Со Југославија ќе пропадне и твојот македонски народ", ''Публика'' - неделен политички прилог, број 180, мај 2014, стр. 2-3.</ref>
 
За време на распадот на СФРЈ, во текот на [[1989]] година, Ќосиќ учествувал активно во создавањето на [[Српска демократска партија|Српската демократска партија]] во [[Хрватска]], а една година подоцна и на Српската демократска партија во Босна и Херцеговина. По распадот на СФРЈ, на [[15 јуни]] [[1992]] година, Ќосиќ бил избран за прв претседател на СР Југославија. Сепак, на таа функција останал само една година, зашто по судирот со [[Слободан Милошевиќ]], тој бил разрешен со тајно гласање на двата собора на Сојузното собрание, поради "кршење на Уставот". Веднаш потоа, Ќосиќ преминал во опозицијата и, на повикот на [[Зоран Ѓинѓиќ]], зборувал на протестните собири во [[1996]] и [[1997]] година. Во [[мај]] [[2000]] година му се приклучил на опозициското движење "Отпор", иако подоцна изјавил дека немало да го направи тоа, ако знаел дека движењето било финансирано од странство.<ref>Блаже Миневски, name="Со Југославија ќе пропадне и твојот македонски народReferenceA", ''Публика'' - неделен политички прилог, број 180, мај 2014, стр. 3.</ref>
 
Ќосиќ умрел на [[18 мај]] [[2014]] година, во [[Белград]] и бил погребан на Новите гробишта, во семејната гробница, заедно со сопругата Божица. По негова желба, тој бил погребан без говори и почесни церемонии, но од него се простила целата политичка и културна елита на Србија.<ref>Блаже Миневски, name="Со Југославија ќе пропадне и твојот македонски народReferenceA", ''Публика'' - неделен политички прилог, број 180, мај 2014, стр. 3.</ref>
 
== Литературно творештво ==
Литературната слава, Ќосиќ ја стекнал со романот "Далеку е сонцето" (Далеко је сунце), објавен во [[1951]] година. Поркај тоа, тој е автор на романите: "Корени", "Делби", "Време на смртта", "Време на злото" итн.<ref>Блаже Миневски, name="Со Југославија ќе пропадне и твојот македонски народReferenceA", ''Публика'' - неделен политички прилог, број 180, мај 2014, стр. 3.</ref>
 
Во [[1970]] година, Ќосиќ постанал член на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).
 
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{Нормативна контрола}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ќосиќ, Добрица}}
[[Категорија:Српски романописци]]
Ред 27 ⟶ 26:
[[Категорија:Српски атеисти]]
[[Категорија:Српски комунисти]]
[[Категорија: Југословенски писатели]]
[[Категорија: Југословенски политичари]]
[[Категорија: Академци на САНУ]]
[[Категорија: Родени на 29 декември]]
[[Категорија: Родени во 1921]]
[[Категорија: Починати на 18 мај]]
[[Категорија:Српски писатели]]