Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Бидете храбри во ажурирањето на страниците“

напатствие+кратенки, {{најважното}}, сменета категоријата во Кат:Википедија:Напатствија, ситни поправки
с (Бот Додава: sh:Wikipedia:Budite odvažni Менува: sv:Wikipedia:Var djärv)
(напатствие+кратенки, {{најважното}}, сменета категоријата во Кат:Википедија:Напатствија, ситни поправки)
{{напатствие|ВП:БХ|ВП:БОЛД|ВП:ХРАБРИ}}
{{ДелНН}}
{{најважното|Ако здогледате нешто што може да се подобри, подобрете го!}}
==Бидете '''храбри'''…==
 
Википедија-заедницата им препорачува на уредниците да '''бидат храбри во ажурирањето на страниците'''.
[[Вики]]јата се развиваат побрзо кога корисниците поправаат проблеми и граматички грешки, додаваат факти, гледаат дали се користи прецизен јазик итн. Очекуваме секој да биде храбар: тоа е сосема во ред. Википедија не само што ви дозволува да додавате, ревидирате и уредувате статии — таа ''сака'' тоа да го правите. Ова бара извесна мера на [[Википедија:Учтивост|учтивост]], но функционира. Ќе видите.
Се разбира, другите ќе го уредуваат и менуваат она што ''вие'' сте го напишале. [[Википедија:Претпоставите најдобри намери|Не сфаќајте го лично]]. Тие, како и сите ние, само сакаат да ја подобрат Википедија што повеќе можат.
 
==…но неимајте бидете безобѕирнимерка!==
Новите корисници се вчудоневидени од отвореноста на [[:Википедија]] и веднаш почнуваат да ја исползуваат. Тоа е добро. Но ве молиме внимавајте: „бидете храбри во ажурирањето на страниците“ не значи дека можете да правите големи промени или бришења на големи статии на комплексни, контраверзни теми со долга историја, како да речеме [[Израелско-палестински конфликт]] или [[абортус]], пред внимателно да разгледате што преуредувате. Покрај ова, големи промени на [[Википедија:Одбрани статии|Одбрани статии]], кои се се општоприфатени како најдобрите статии на Википедија за нивната целосност, точност и неутралност не е добра идеја.
 
Во многу такви случаи текстот кој го гледате е создаден по долги и макотрпни преговори помеѓу википедијанци со различни животни позадини и ставови. Невнимателни промени на една таква статија се слични на чепкање во осило, и другите уредници на страницата може да реагираат налутено.
''Бидете храбри со придонеси, но не со уништувања.'' Уредувањето е соработка, така што '''храбро уредување''' не е исто што и '''храбро враќање'''. Ова може само да доведе до [[Википедија:Уредувачка војна|уредувачки војни]]. Наместо тоа, користете ја страницата за разговор. Едноставна насока за едноставно враќање е дека тоа работи најдобро за, и како такво е замислено како, ''алатка против ЧИСТ вандализам.'' Затоа сочувајте го враќањето само за таа намена! Во случаи кои не се вандализам, некој се труди да биде конструктивен (дури и ако тоа го прави лошо), па дури и ако уредувањето е грешно и глупаво, обично постојат поучтиви и поконструктивни начини да се реши проблемот отколку враќање на изгледот кој ''вие'' мислите дека треба да остане. Значи сега е време да размислите за подобри решенија.
 
Доколку сте во искушение да вратите било што освен чист вандализам, земете воздух длабоко; веројатно е подобро тоа да се дискутира на страницата за разговор ... или да направите уредување на тоа уредување ... или пак можеби да не правите ништо во следните 24 часа додека не се оладите. Враќањето не е колаборативно уредување, туку евтина кратенка (исто така се јавува проблемот што со враќањето имате ограничен простор за објаснение во „описот“ -- со преконцизно искажување, исказите можат да звучат неучтиво). Внимавајте ова враќање да не почне враќачка војна. Доколку започне ваква војна, храбороста во уредувањето не е конструктивна, а уште помалку колаборативна. Тоа е наметнуванње на волјата на еден уредник врз волјата на друг, и ова никогаш не работи. Ваквите уредувања имаат многу краток век. „Точноста“ или „вистинитоста“ на уредувањето веќе станува нерелевантно ('''Видете:''' [[Википедија:ХРАБРО, враќање, дискусионен циклус|ХРАБРО, враќање, дискусионен циклус]]).
 
[[Категорија:НачелаВикипедија:Напатствија|Бидете и насоки на Википедијахрабри]]
 
[[af:Wikipedia:Voel vry en gaan jou gang]]