Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Замена со тековно име на предлошката, replaced: МакЛит → Македонска книжевност using AWB
Ред 13:
[[Податотека:Joakim Karchovski - The Wonders of the Holy Virgin translated from Amartolon Soteria into Bulgarian.jpg|мини|десно|Корица на „Чудеса пресвјатија Богородици“, Буда, 1817 г.]]
[[File:Различна поучителна наставленија - Ј.Крчовски0001.tif|мини|десно|Насловната страница на „Различна поучителна наставленија“, Будим, 1819 г.]]
'''Јоаким Крчовски''' ([[1750]]-[[1820]]) — првиот [[Македонци|македонски]] [[Просветителство|просветител]], кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на [[XIX век]], време во кое ширењето на [[Христијанство|христијанскиот]] морал било единствениот начин да се избегне [[исламизација]]та <ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година''</small></ref>.
 
== Потекло ==
Некои спомени за Јоакима во народното предание, особено од [[Кратовско]] и [[Кривопаланечко]] побудуваат несомнен интерес, но нивната веродостојност не може, се разбира, во сè да се потврди. Според соопштението на кратовчанецот Е. Кранов, татко му на Јоаким бил од [[Кичево]]. Фамилијата се преселила прво во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], отаде во [[Крива Паланка]] и после во [[Кратово]]. Јоаким се учел во [[Цариград]]. Како даскал во [[Кратово]] тој ги учел заедно машките и девојчињата. „Тој и неговите синови - вели Каранов - биле скитници проповедници по различни цркви и параклисчиња од Штип до Ќустендил. Во едно од таквите скитања и умрел Хаџи Јаким“.
 
Според вестите што ги собрал Ј. Иванов од [[Крива Паланка]] би излегувало дека Јоаким бил родум од кратовските села, дошол во Паланка и таму живеел до својата смрт. Кај неговите внуци се чувала сингелија за располагањето на Јоаким за свештеник, пишувана на [[црковнословенски јазик]], издадена во 1787 година од скопскиот митрополит Захариј (Ј. Иванов, меѓутоа, немал можност и лично да го види тој документ).
 
Јоаким имал три сина, од кои двајцата исто станале попови: Давид јереј останал во [[Крива Паланка|Паланка]], Геогри јереј се преселил во [[Кратово]], а третиот син во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]]. Ј. Иванов соопштува и за една белешка во зборник што му припаѓал некогаш на кратовчанецот Коџе Хаџи Трајчев, а која гласи: „Занимавалсја Х. Јоаким исповедник в град Кратово, 1781 година“. Тој смета дека оваа белешка потекнува од самиот писател, меѓутоа А.М. Селишчев ја отфрла таа претпоставка излегувајќи од јазичните и ортографските особености одразени во неа. Тој укажува и на несоодветноста на датумот: Јоаким, којшто, според сингелијата, станал свештеник во 1787 година, не можел да биде веќе неколку години пред тоа исповедник.
 
Исвесна поткрепа на веста дека Јоаким потекнувал од [[Кичево]], односно Кичевско (с. [[Осломеј]]), наоѓаме во неговото презиме Крчовски, кое може да се изведува од турската варијанта на името на Кичево (Крчова: таа варијанта е употребена во запис од 1846 година во псалтир што му припаѓал на Шишевскиот манастир кај [[Скопје]]: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“; дека била обична и во македонската средина се гледа особено од тоа што и Миладиновци ја употребиле во белешка при пресната бр. 339: От Крчово, кун Дебарските места). И јазикот на Јоаким содржи особености што можат да го потврдат преданието дека неговата фамилија потекнува од Кичевско. А.М. Селишчев во својата студија за хаџи Јоакима и за јазикот на неговите книги забележа дека во тој јазик се среќаваат и елементи на централномакедонските говори. Тие се среќаваат спорадично насекаде и во делови за кои е јасно дека се препишувани од оригинали што немаат врска со [[Западна Македонија]]. Останува како најприродно објаснението дека тие елементи се влезени во текстовите на Крчовски од неговиот роден западномакедонски говор.
 
Како што се гледа од тие тесктови, Крчовски во нивната основа ги поставува североисточните говори. Според тоа треба да се претположи дека во североисточна Македонија тој живеел уште од рана возраст. Но тоа не значи дека од неговиот говор биле истиснати сите западномакедонски особености. Тие можеле да се одржуваат во неговиот домашен круг. И така, споменот за потеклото на Крчовски од Кичевско ни се чини веродостоен.
 
== Творештво ==
Ред 30:
 
* „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и е анонимна, но според стилот и јазикот, му припаѓа нему. Тоа е '''првата книшка на народен македонски јазик''', составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух. Станува збор за малечка книшка од 30 страници мала осмина. Нејзината содржина ја сочинуваат две проповеди „Слово исказаное заради умирание“ и „Слово заради свјатое исповедание на сички христиани, на мужи и на жени“. Всушност првата проповед не е ништо друго ами скратена верзија на текстот на „Митарства“, објавен подоцна од Крчовски во целост на посебна книшка. Овде е даден расказот за Теодора и св. Василија, но не се опишуваат по ред сите дваесет митарства. Текстот е близок до оној во „Митарства“, иако немаме полно совпаѓање.<ref>Јоаким Крчовски, Собрани текстови, приредил Блаже Конески, македонска книга, Скопје, 1974</ref>
 
*„Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во Будим. На насловната страна е даден податокот: списана от хаџи Јоаким даскала - од каде дознаваме дека бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се одвивала на македонски народен јазик.
*„Чудеса пресвјатија Богородици“, 1817 г. во Будим.
* „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во Будим. Тука дава уште податоци за себе - дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Митарства е поголемо дело од 62 страници каде има апокрифни текстови за патувањето на човечката душа по смртта за да стигне во рајот. Оваа книга има верско-морализаторски карактер
 
* „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во Будим. Тука дава уште податоци за себе - дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Митарства е поголемо дело од 62 страници каде има апокрифни текстови за патувањето на човечката душа по смртта за да стигне во рајот. Оваа книга има верско-морализаторски карактер
 
* „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. во Будим. Оваа книга е најголема, со 310 страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер.
 
Ред 41 ⟶ 38:
 
Неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик - на кратовско-кривопаланечки говор, со примеси од западните говори, и црковнословенски елементи. Затоа тие претставуваат почеток на новата македонска литература.
 
 
Слово заради завист
Ред 56 ⟶ 52:
 
== Подрршката за печатењето на книгите ==
Во насловите на неговите книги се забележани одредени имиња на „настојатели“, на луѓе што се грижеле за нивното печатење или го смогнале: Димитрија Филипович, жител [[Кратовско|кратовски]], родум од [[Крива Паланка]], Димитрија Јованович - Зузура од Сечишта, Кир Хаџи Пецо од [[Штип]], Кир Хаџи Станко од [[Кратово]] и Нешо Маркович од [[Кратово]]. Тие се „господари“ и „купци“, луѓе од трговскиот сталеж, ангажирани, во пропагирањето на книги на народен јазик во почетокот на минатиот век. Македонските трговски и занаетчии ја претставуваат во споменатото време онаа средина што можела да го организира и материјално да го помогне издавањето на тие книги во далечниот град [[Будим]].
 
Списокот на „Чудеса“ покажува дека најголема поддршка Јоаким нашол во [[Кратово]], [[Крива Паланка]], [[Кочани]] и [[Скопје]] (во тие места се собрани суми од 120-160 гроша). Прилози дошле уште од [[Струмица]], с. [[Кокошиње]] и од следните места од Западна Бугарија: [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], [[Дупница]] и с. Рила. Јоаким ја имал поддршката и на Ќустендилскиот владика Авксентиј, до кого секако требало како монах да се обрати во врска со печатењето на својата книга.
 
Списокот во „Наставленија“ е значително подолг. Јоаким успеал да собере како претплата над 2 200 гроша. Скоро половината од таа сума ја сочинува прилогот на познатиот тогаш, како помагаш на манастири и училишта, пловдивскиот чорбаџија Господар Влко (600 гроша) и на [[Ново Село (штипска населба)|Ново Село, Штипско]] (500 гроша). Значителен е прилогот од [[Самоков (Бугарија)|Самоков]] и Самоковско (над 400 гроша). Во списокот се среќаваат претплатници од уште овие места: [[Штип]] и [[Штипско]], [[Дупница]], [[Радовиш]], [[Кратово]], [[Довезанце|Довезенци]], [[Велес]], [[Битола]], [[Скопје]], [[Гари]], [[Тресонче]], Лазарополе, Галичник, [[Гостивар]], [[Горна Џумаја|Џумаја]], [[Ниш]] и [[Лесковац]]. Кругот е поширок одошто оној на кој имал можност да се обрати подоцна, во почетокот на 30-те години на минатиот век, Кирил Пејчиновиќ, барајќи претплатници за својата книга „Утешение грешним“.
 
Во списокот на „Различни поучителни наставленија“ се среќаваат имињата на Петре Теледур и Марко Теледур од с. [[Гари]]. Тоа се две најславни имиња во тој список, двајцата теледури што ги изработиле чудесните иконостаси во [[Бигорски манастир|Св. Јован Бигорски]], [[Црква „Св. Спас“ - Скопје|Св. Спас]] во [[Скопје]] и во [[Лесновски манастир|Лесновскиот манастир]]. Значаен е овој податок за врската на нашите писатели и ликовни уметници во почетокот на XX век.
 
== Работен век и дела на Јоаким Крчовски ==
Ред 91 ⟶ 87:
{{наводи}}
 
{{Македонска книжевност}}
{{МакЛит}}
{{Македонско национално движење}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Крчовски, Јоаким}}
 
[[Категорија:Македонски просветители|Македонски просветители]]
[[Категорија:Македонски македонисти]]