Димо Тодоровски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 19:
}}
 
'''Димо Тодоровски''' ([[Солун]], {{роден на|11|декември|1910}} – [[Скопје]], {{починал на|27|април|1983}}) — истакнат македонски [[вајар]] и [[академик]] од првата генерација вајари кои го втемелиле современиот облик на оваа ликовна уметност во Македонија. Претставува единствениот склуптор што се појавил во земјата меѓу двете светски војни.
 
== Живот ==
[[File:Dimo Todorovski.jpg|thumb|mini|left|Димо Тодоровски на помлади години]]
Димо Тодоровски роден е на 12 ноември 1910 година во [[Солун]], од мајка Ленка Перева и татко Ристо Тодоровски. Две години по неговото раѓање, неговото [[семејство]] се вратило во родниот град [[Прилеп]]. Во [[1917]] година, татко му починал, а Димо од [[1920]] до [[1929]] година престојувал во Домот за воени сирачиња во [[Битола]]. Без доволно финансиски средства, од 1929 до [[1935]] година студирал во [[Белград]], каде ја завршил Уметничката школа со академски курс, на вајарскиот отсек во класата на П. Палавичини. По враќањето во [[Македонија]], учествувал во формирањето на Уметничката школа во [[Скопје]] (каде бил и професор до пензионирањето), но и во формирањето на Уметничката галерија во [[1949]] година. Тодоровски вил и дописен член на [[МАНУ]], а починал во [[Скопје]], во [[1983]] година. И денес, во населбата [[Трнодол]] каде живеел, стои неговата празна куќа со ателјето, за која тој оставил аманет да биде претворена во спомен дом.
 
 
==Творештво==
Димо Тодоровски, освен дела со теми од [[НОБ]] и социјални теми, изработувал и [[Портрет|портретипортрет]]и, меѓу другите и на неговите пријатели [[Никола Мартиноски]], [[Лазар Личеноски]], на [[Ана Липша Тофовиќ]]. Познат е како автор, кој бил целосно предаден на [[скулптура]]та, на [[вајарство]]то, иако во текот на животот се соочувал со многу финансиски проблеми. Неговиот постар брат Панче Тодоровски го охрабрувал да студира, а поради немање [[пари]], за време на студирањето работел и како фирмописец, во Нишкиот [[театар]] и како [[сценограф]]. Како студент учествувал и на конкурси и добивал и откупни награди, но за жал, многу од скулптурите од пред [[Втората светска војна]] му биле уништени. „Во принцип тој бил човек со големо срце, не бил материјалист, не знаел да даде цена за своите дела. Му било важно делото да му биде убаво, да ги исполни неговите критериуми“
 
[[Податотека:Oro_statua.JPG|мини|десно|220п|Статуата „Оро“ на прилепскиот плоштад. Дело од 1972 година ]]
 
Во Националната збирка на [[Музеј на современата уметност, Скопје|музејот на современата уметност]] се наоѓаат повеќе дела на Димо Тодоровски, а некои негови дела се дел од приватни збирки. Притоа, дури 90% од неговите дела се изработени во [[гипс]], само 10% се излеани во [[бронза]]. Во [[Национална галерија (Скопје)|Националната галерија]] се чуваат 23 дела на Тодоровски, од кои 17 се излеани во бронза, четири се во гипс, а две се направени од теракота. Во [[Музеј на современата уметност (Скопје)|Музејот на современата уметност]] се чуваат 25 негови [[Скулптура|скулптури]], од кои, 22 се во гипс, а три во бронза. Споменикот на [[Мечкин Камен]] е авторско дело на Димо Тодоровски, изработено во [[1983]] година. Исто така, едно од неговите најзначајни дела е скулптурата „Јама“ што се чува во [[Даут-пашин амам|Даут-пашиниот амам]]. Најпосле, тој е автор на споменикот на НОВ во Трница.<ref>„Грев е „Јама“ на Димо Тодоровски да не биде градска скулптура“, ''Дневник'', година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 19.</ref>
Ред 43 ⟶ 42:
[[Категорија:Македонски вајари]]
[[Категорија:Луѓе од Егејска Македонија]]
[[Категорија:Починати во Скопје]]