Петар Успенски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
биографија
Ред 10:
Во потрага по знаења патувал низ [[Европа]], низ источна [[Индија]], [[Цејлон]] и [[Египет]]. По враќањето во Русија се запознал со Гурдјеф и со него ги поминал наредните неколку години во учење.
 
Во книгата ''Тертиум Органум'' ја негира безусловната реалност<ref>P. D. Ouspensky, ''Tertium Organum'', Alfred A. Knopf Publisher, 1968 ISBN 10: B000NVY3RC</ref> како и формулата за идентификација на [[Аристотел]] дека „A е A“. Успенски исто така нуди оригинална дискусија за природата на сексуалноста во неговата книга ''Нов модел на вселената''; а покрај другото, прави разлика меѓу еротика и порнографија.
 
Во текот на годините поминати во [[Москва]] Успенски пишувал статии за неколку весници. Бил посебно заинтересиран за идејата за ''четврта димензија''. Неговата прва печатена статија била насловена како ''Четвртата димензија'',<ref>P. D. Ouspensky, ''The Fourth Dimension'', Kessinger Publishing, 2005. ISBN 10-1425349358.</ref> а темата ја истражувал најмногу преку трудовите на Чарлс Хинтон,<ref>Rucker, Rudolf, editor, ''Speculations on the Fourth Dimension: Selected Writings of Charles H. Hinton'', Dover Publications Inc., 1980. ISBN 0-486-23916-0.</ref> зборувајќи за четвртата димензија како за продолжеток на просторот, иако пред појавата на [[Теоријата на релативноста]] на [[Алберт Ајнштајн]] време-просторот не бил во мода.<ref>Rucker, ''Geometry, Relativity and the Fourth Dimension'', p. 57.</ref> Успенски го сметал времето како четврта димензија индиректно во новелата ''Чудниот живот на Иван Осокин''<ref>P. D. Ouspensky, ''Strange Life of Ivan Osokin'', Lindisfarne Books, 1947. ISBN 1-58420-005-7.</ref> каде исто така ја истражува и теоријата за вечното враќање.
 
После [[Октомвриска револуција| Октомвриската револуција]], Успенски заминал за [[Лондон]], а од таму за [[Истанбул]]. Во тоа време Гурјеф го формирал својот Институт за хармоничен развој на човекот во [[Франција]], а Успенски дошол до заклучок дека не може повеќе да го сфати неговото учење и решил да се оддели од него. Сепак, во книгата ''Фрагменти на непознато учење'', која е издадена постхумно во 1947 година, со наслов ''Во потрага по чудесното'', Успенски пишува за учењата на Гурдјеф. Ова дело е критикувано од следбениците на Гурдјеф, кои сметаат дека овде се само делумно претставени идеите на Гурдјеф. Сепак важно е да се нагласи дека Успенски имал дозвола од Гурдјеф да го печати делото ''Во потрага по чудесното'', нешто што не дозволил на ниеден друг негов ученик.
 
Умрел во Суреј (Surrey) во Англија. Набрзо по неговата смрт, во 1947 година, се печатени книгите „Психологијата на можната еволуција на човекот“ и „Во потрага по чудесното“. Подоцна, во 1957 година печатени се сите негови одговори и важни концепти за учениците на ова учење, во книга под наслов „Четвртиот пат.“
 
Документите на Успенски се чуваат во архивите на универзитетската библиотека на Јејл.
 
==Публикувани дела на П.Д. Успенски==