Теодосиј III: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 23:
|}}
{{Дваесетгодишна анархија}}
'''Теодосиј III''' ([[грчки]]: ''Θεοδόσιος Γ΄'') бил византиски император кој владеел во периодот од [[715]] до [[717]] година.
 
Теодосиј III бил финанснов службеник и собирач на даноци во јужниот дел на тема [[Опсикион]]. Според една теорија, тој бил син на [[Тибериј III Апсимар]]. Бил испратен на советување во [[Мизија]], кога војската, незадоволна од управувањето на [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]] започнала да се бунтува и да го прогласува него за император. Теодосиј се откажал и дури се обидел да се спаси преку бегство, според хроничарот [[Теофан Исповедник]], во шумите недалеку од [[Цариград]] (околу градот Адрамитиум), но бунтовниците го принудиле да остане кај главната војска и да тргне кон престолнината во мај [[715]] година.
Ред 33:
Теодосиј требало да се занимава со арапските војници во [[Анадолија]] и со арапската флота која напредувала. За таа цел, тој потпишал мировен договор со хан [[Кормесиј]], во корист на [[Бугари]]те, за да си обезбеди заштита против арапската инвазија. Оваа политика се покажала како оправдана, кога малку подоцна Бугарите ги разбиле арапските армии и помогнале во спасувањето на Цариград.
 
По победата над арапите, Лав кренал бунт во Анадолија и без тешкотии го принудил на Теодосиј да се повлече од престолот. Тој бил изолиран во [[манастир]] во [[Ефес]], каде водел строг аскетски живот. Се претпоставува дека станал епископ на Ефес. Современите историчари сметаат дека тоа всушност бил неговиот син. Сигурно овој епископ бил жив барем до [[24 јули]] [[754]] година, кога учествувал на иконобоскиот собор во Хиерија. По смртта на поранешниот император населението долго го почитувал и на него му се препишуваат неколку чуда.
 
==Извори==
*''The [[Oxford Dictionary of Byzantium]]'', Oxford University Press, 1991.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}
 
[[Категорија:Византиски цареви од 8 век]]
[[Категорија:Дваесетгодишна анархија]]
[[Категорија:Починати во непозната година]]