Амијан Марцелин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 1:
'''Амијан Марцелин''' (Ammianus Marcellinus, роден околу [[330]]-[[335]] во [[Антиохија]] – починат околу [[395]] (и пред [[400]]) веројатно во [[Рим]]) бил еден од позначајните историчари на [[Доцна антика| Доцната антика]]. Иако од грчко потекло, тој пишувал на латински и впрочем е последниот голем историчар кој го користел овој јазик<ref>Другиот голем историчар на Доцната антика е [[Прокопиј Прокопиј| Цезариски]], кој живеел во 6 век и пишувал на грчки.</ref>.
 
Амијан е автор на ''Res Gestæ'' (Историја) кој покрива период од [[96]] до [[378]]. Само делот кој зборува за периодот од [[353]] до 378 бил сочуван, но станува збор за најдетален дел на делото : тоа се 17 од 31 книга колку што имало делото ''Res Gestae''. Овој зачуван дел зборува за периодот кога почнуваат големите инвазии, период кој го знаел Амијан кој бил војник под власта на [[Констанциј II]] и на [[Јулијан Отпадник]]. Повеќе од другите антички историчари, Амијан се труди да биде објективен, иако некои од неговите ставови јасно се изразени.
 
== Империјата во времето на Амијан Марцелин ==
 
Кога се родил Амијан со обединетата империја владеел [[Константин I|Константин]]. Глобално, контролата на границите била обезбедена. Во текот на последните месеци од неговиот живот, Константин подготвувал воен поход против [[Сасаниди|Сасанидската империја]], но смртта го спречила да го оствари тоа.
 
Сепак, во тек на 4 век, империјата била соочена со многу тешкотии како на внатрешен така и на надворешен план. Од 337/338, речиси постојано била во војна со Истокот. Персијците одново ги напаѓале источните провинции. На Запад, во Галија биле зачестени нападите на германските племиња. Узурпатори како [[Магненциј]], ја презеле власта. Империјата опстојувала но со потешкотии.
 
Се појавиле длабоки верски промени. Дотогаш потиснуваното [[христијанство]], земало сила во времето на Константин. Во тек на векот, тоа последователно било потиснувано или фаворизирано, зависно од тоа кој ќе дошол на власт. Односот на политиката и религијата добил ново значење. Амијан не бил многу наклонет кон христијанството, но сепак покажувал поголема толеранција кон него за разлика од многу други автори од неговото време.
 
== Биографија ==
Ред 15:
За Амијан не се знае многу иако одреден број информации може да се извлечат од неговото дело. Тој бил роден околу 330 во [[Антиохија]] во Сирија<ref>Барем така велат класичарите. Тимоти Д. Барнс (Timothy D. Barnes, ''Ammianus Marcellinus and the Representation of Historical Reality'', Ithaca, [[1998]]), вели дека Амијан долго време живеел во Антиохија но дека не бил роден таму.</ref>, еден од најзначајните градови на Империјата. Веројатно потекнува од богато грчко семејство и се чини дека имал добри познавања на грчката и латинската книжевност. На околу дваесет години, служел во римската армија како ''[[протектор доместикус]]'' : требал да го придружува и лично да го штити неговиот претпоставен ''[[магистер милитум]]'' [[Урсицин (римски генерал)|Урсицин]].
 
Амијан учествувал во деликатни мисии во Галија (356-357) и на персиската граница. После поразот на [[Амида]], [[Урсицин (римски генерал)|Урсицин]] бил разрешен и воената кариера на Амијан привремено била прекината. Тој дефинитивно ја напуштил војската по смртта на императорот [[Јулијан Отпадник| Јулијан]] на 26 јуни [[363]], во тек на некоја битка против Персијците.
 
Токму топгаш ја започнал својата книжевна кариера. Откако поминал низ [[Антиохија]] или низ [[Тракија]], се доселил во Рим после 375. Делото ''Res gestæ'' го пишувал дваесет години, од 375 до 395.
Ред 21:
==Дело==
 
Амијан го напишал делото ''Res Gestae'' во периодот меѓу [[380]] и [[395]].
 
Според самиот автор ''Res Gestae'' , составено од 31 книга започнувало во 96 година, кога на власт дошол [[Нерва]] (и годината кога завршува делото ''Истории'' од [[Тацит]]). Делото завршува со [[Битка кај Адријанопол (378)|битката кај Адријанопол]] во 378.
Ред 30:
* 14-16 : падот на [[Констанциј Гал]]. [[Јулијан Отпадник|Јулијан]] е прогласен за цезар на Галија.
* 17-19 : Јулијан ја обезбедува границата на Рајна. Походот на Констанциј II против Персијците.
* 20-22 : Јулијан е прогласен за [[Август (римска титула)| Август]]. Настаните до смртта на Констанциј II потоа владеењето на Јулијан како единствен император се до 362.
* 23-25 : походот против Персија и смртта на Јулијан. Кусото владеење и смртта на [[Јовијан]].
* 26 : Валентинијан I и Валенс ја делат власта.
Ред 38:
Интересот на Амијан најмногу се задржува на борбата на Римјаните со варварите, внатрешната политика и однесувањето на императорите. Низ неговите раскажувања се стекнува една општа слика за Рим и за Истокот.
 
Фактите се претставени на јасен начин ; Амијан голем дел од нив ги преживеал и бил нивен сведок. Тој се обидува да зачува одредена политичка објективност и останал речиси неутрален во однос на прашањето на христијанството.
 
Понекогаш се чувствува дека латинскиот не му бил мајчин јазик. Дискурсот честопати зема трагични, епски, односно романтични тонови. Негов јунак бил паганскиот император [[Јулијан Отпадник|Јулијан]].
Ред 70:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:Marcellin, Ammien}}
[[Категорија:Римски историчари]]
[[Категорија:Писатели од стариот век]]
[[Категорија:Починати во непозната година]]