Петар Успенски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дела - поправка
биографија
Ред 1:
{{Окултизам}}
'''Пјотр Демјанович Успенски''' ([[руски]]: Пётр Демьянович Успенский), попознат само како '''Успенски''' ([[4 март]], [[1878]]–[[2 oктомври]], [[1947]]), бил [[Русија|руски]] фолозоф кој користел [[геометрија]] во неговите дискусии за [[психологија]] и повисоките димензии на постоењето.
 
Успенски е добро познат по неговите излагања на раните трудови на грчко-ерменскиот учител на езотериската доктрина [[Георг Гурдјеф]], кого го сретнал во Москва во 1915 година. Се поврзал со идеите на Гурдјеф од својата триесет и осма година, но на крајот сепак се одделил од него, а се вели и дека се откажал од „системот“ кој го делел со другите цели 25 години. Сепак, тоа се нагаѓања, и нема таква изјава во неговите „Записи од средби“, книга која е постхумно издадена. Но, забележано е дека во [[Лондон]], во 1924 година, изјавил дека ќе продолжи независно.
 
== Биографија ==
 
Успенски е роден во [[Москва]]. Неговата прва книга ''Четвртата димензија'' е печатена во 1909 година; втората книга ''Тертиум Органум'', во 1912 година; а ''Нов модел на вселената'' во 1931 година. Последнава книга се занимава со идејата за ''[[езотерија]].'' Негово дело е новелата ''Чудниот живот на Иван Осокин'', во која се зборува за концептот на враќање, односно вечното враќање.
 
Во потрага по знаења патувал низ [[Европа]], низ источна [[Индија]], [[Цејлон]] и [[Египет]]. По враќањето во Русија се запознал со Гурдјеф и со него ги поминал наредните неколку години во учење.