Махатма Ганди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Втората светска војна и Августовското движење во Индија: Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари using AWB
с →‎Движењето за граѓанските права во Јужна Африка: clean up, replaced: Јануари → јануари using AWB
Ред 55:
Овие настани биле пресвртна точка во животот на Ганди, а го оформиле неговиот социјален активизам и го освестиле од социјалната неправда. По докажувањето на расизмот, предрасудите и неправдата против индијците во Јужна Африка, Ганди почнал да го преиспитува неговото место во општеството и неговите луѓе што стојат во Британската Империја.Махатма Ганди го продолжил својот креативен период во Јужна Африка, за да им помогне на индијците во спротивставувањето на предлог-законот да ги елиминираат нив од правото за гласање. Во однос на овој предлог-закон, Ганди пратил меморандум до Џосеф Чемберлен, Секретар на Британската колонија, барајќи од него да ја преиспита неговата позиција за овој предлог-закон. Иако неможело да се запре донесувањето на законот, неговата кампања била успешна, обрнувајќи го вниманието врз жалбите на Индијците, во Јужна Африка.
 
Во 1894 година, Ганди помогнал во основањето на Индискиот Конгрес во Натал, и преку оваа организација, тој ја направил Индиската заедница во Јужна Африка, во обединета политичка сила. Во Јануаријануари 1897 година, кога Ганди слетал во Дурбан, го нападнале толпа од белите доселеници, а тој само избегал преку напори, со помош на сопругата на началникот. Меѓутоа, тој одбил да ги притисне обвниненијата против било кој член од толпата, наведувајќи дека тоа било еден од принципите да не се бара надомест за лична грешка во Законот на судот.
 
Во 1906 година, владата на Трансвал изгласала нов Закон за задолжителна регистрација за популацијата на Индиската колонија. На масовните протести, состанокот одржан во Јаханесбург на 11 септември истата година, Ганди за првпат ја донесол неговата развиена методологија за Сатјаграха (ˮSatyagrahaˮ), (преданост кон вистината), или со други зборови, ненасилен отпор. Власта успешно ги потиснала индиските демонстранти, но јавното протестирање врз суровата постапка на мирните индиски демонстранти од страна на Владата на Јужна Африка го присилил јужноафриканскиот водач Јан Кристијан Смутс, да преговара за компромис со Махатма Ганди. Идеите на Ганди се оформиле, а концептот за „Сатјаграха“ се развил за време на оваа борба.