Арјен Робен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2), втор пат → вторпат using AWB
с clean up, replaced: Јануари → јануари (2) using AWB
Ред 79:
На 17-ти април 2010 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Бундеслигата, против Хановер на [[Алијанц Арена]]. Натпреварот завршил со резултат 7-0 за Баварците. На 8-ми мај 2010 година, тој ја освои првата титула во Бундеслигата со Бајерн Минхен, откако постигна два гола во победата од 3-1 над Херта Берлин, завршувајќи го првенството како најдобар стрелец на Бајерн.
Една недела подоцна, Бајерн Минхен играше во финалето на Купот на Германија против минатогодишните шампиони, Вердер Бремен, на Олимпискиот стадион во Берлин. Бајерн Минхен го доби натпреварот со 4-0, а Арјен Робен го постигна првиот гол од тие четири гола од пенал. Робен со тоа им помогнал на Баварците да ја освојат нивната петнаесетта титула во Купот на Германија. На 25-ти мај 2010 година, Робен бил именуван за фудбалер на годината во Германија за 2010 година. Тој победил во изборот со освоени рекордни 72.1% од гласовите и бил првиот Холанѓанец кој победил во овој избор.
Сезоната 2010-11 започнала лошо за Робен, откако медицинските испитувања потврдиле дека неговата тетива не е соодветно заздравена и дека тој ќе биде надвор од терените два месеци. Претседателот на Бајерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, истакнал дека многу се лути во Бајерн Минхен на холандската Федерација, и ќе се бара отштета од нив, продолжувајќи “ Уште еднаш ќе мора да ја платиме сметката како клуб, откако наш играч сериозно ќе се повреди играјќи за репрезентацијата. На 15-ти Јануаријануари 2011 година, тој се вратил во строј во првиот тим, влегувајќи во игра како замена во ремито од 1-1 на гости кај Волфсбург.
Робен бил номиниран за најдобар играч од средниот ред во Лигата на Шампионите, но оваа награда отиде кај неговиот сонародник од репрезентацијата, [[Весли Снејдер|Весли Снајдер]]. Тој, исто така бил номиниран за престижната награда “Балон д’Ор” и наградата Ференц Пушкаш на [[ФИФА]], која се доделува за најубавиот гол на годината, а исто така бил номиниран во најдобриот состав според ФИФА за годината 2010, благодарение на неговата фантастична сезона со Бајерн Минхен. Во текот на неговиот престој во Бајерн Минхен, Робен во два наврата подлегнал на контроверзии, откако физички ги нападна неговите тимски колеги [[Филип Лам]] за време на тренинг, и [[Томас Милер]] за време на натпреварот против Вердер Бремен. Двата инцидента, не довеле до одмазда.
 
Ред 260:
*Гол на месецот во Премиер Лигата (1): Декември 2005
*[[Браво награда]] (1): 2005
*Гол на месецот во Германија (3): Јануаријануари 2010, Март 2010, Април 2010
*Играч на годината во избор на магазинот Кикер (1): 2010
*[[Фудбалер на годината во Германија]] (1): 2010