Хромозом 2 (човек): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирано списание → наведено списание (4) using AWB |
||
Ред 1:
[[Податотека:chromosome 2.svg|125px|right|Генски локуси на 2 човечки хромозом.]]
'''Вториот човечки хромозом''' или '''хромозомот 2''' е еден од 23 пара на [[хромозом]]и кај [[Човек|луѓето]]. Луѓето обично имаат по две копии од овој хромозом. Тој е воедно и вториот најголем хромозом во човечкиот [[кариотип]], кој опфаќа или е составен од 237 милиони [[базни парови]].<ref name="Generation">{{
Бројот на [[ген]]и кои се наоѓаат на овој хромозом значително варира. Најверојатно овој хромозом содржи 1491 ген, вклучувајќи го и HOXD [[хомеобокс]] генскиот збир (кластер), кој ја одредува положбата на сите делови од телото (глава, гради, екстремитети).
== Еволуција ==
За хромозомот 2 се мисли дека е настанат по пат на [[фузија]] на два хромозома-претци.
* Сличноста на хромозомот 2 со два [[мајмун]]ски хромозоми. Најблискиот човечки роднина, [[бонобо]], има скоро идентични ДНК секвенци со вториот човечки хромозом, но тие се наоѓаат на два одделни хромозома. Ист е случајот и кај подалечните роднини-[[горила]]та и [[орангутан]]от.
* Присуството на [[Вестигална структура|вестигален]] [[центромер]]. Обично еден хромозом поседува само еден центромер, но хромозомот 2 се забележуваат и остатоци од втор центромер.
* Присуството на вестигални [[теломер]]и. Овие структури најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, но кај хромозомот 2 се забележуваат додатни теломерни секвенци во неговиот средишен регион.
Според горните тврдења, хромозомот 2 е силен доказ за [[Заедничко потекло|заедничкото потекло]] на луѓето и останатите [[човеколики мајмуни]].
== Наводи ==
{{Reflist}}
{{Човечки хромозоми}}
|