Црнобог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (2) using AWB
Ред 1:
'''Црнобог''' (исто и ''Чернобог'' или ''Жернебог'', со значење „црн бог“) е мистериозно [[словенска митологија|словенско божество]] за кое многу се претпоставува, но малку се знае со сигурност. Во единствените извори, кои се [[христијанство|христијански]], тој е претставен како мрачно и проклето [[божество]], но не е сигурно колку тој навистина бил важен за [[словени|старите словени]]. Името е потврдено само кај западнословенските племиња во 12 век, па според тоа се претпоставува дека тој не бил многу важно или многу старо божество.<ref>''L Leže, Slovenska mitologija, Beograd''</ref>
 
 
== Извори ==
 
 
Единствениот историски извор во [[словенска митологија|словенската митологија]] во кој се спомнува овој бог е „[[Словенската хроника]]“ од 12 век, дело на германскиот свештеник [[Хелмолд]], во кое се опишуваат обичаите и верувањата на неколку [[венеди|вендски]] и [[полабјани|полабски]] племиња, кои во тој период сè уште му се спротивставувале на силното христијанско влијание. Хелмолд напишал:
Ред 9 ⟶ 7:
„Велат дека словените имаат еден чуден обичај: за време на гозба, тие предаваат пехар од еден на друг човек во круг, не за да ги величат, туку за да ги проколнуваат имињата на боговите, добри или зли, и за секое добро го величеле добриот бог, а за секое зло го проколнувале злиот. Овој бог на несреќата, на нивниот јазик е наречен [[ѓавол|Диаволос]] или Жернебох, со значење „црн бог“.“
 
Врз основа на овој запис, многу модерни митолози претпоставуваат дека, ако злиот бог е Црнобог, црниот бог, тогаш добриот е [[Белобог]], односно белиот бог. Меѓутоа, Хелмолд не го споменал Белобог во Хрониката, ниту пак е споменат во другите историски извори во кои се опишани боговите на словенските племиња и народи. Исто така, поверојатно е горнаведениот запис да е сопствено толкување на Хелмолд, отколку точен опис на словенските предмонотеистички верувања. Хелмолд не го знаел словенскиот јазик и затоа што бил христијански свештеник, не бил во допир со самите словени.
 
== Фолклор ==
Ред 22 ⟶ 20:
== Хтонското божество ==
 
Во својата докторска дисертација д -р [[Нина Анастасова Шкрињариќ]] потенцира дека Црнобог претставувал божество а не демон од пониска категорија; класификацијата ‘зол’ таа ја толкува како неадекватна бидејќи според ‘природните религии’ боговите не се делат на добри и лоши, туку се едновремено и добри и лоши. Името црн никако не смее да ни укажува на зло. Според тоа името на Црнобог не потекнува од неговото зло или поистоветување со ѓаволот како што било слободното толкување на Хелмолд, туку доаѓа од неговата област, долниот свет<ref> [[Нина Анастасова - Шкрињариќ]], Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 186 -187</ref>..
 
'''Црноглав''' е исто што и Црнобог според [[Луј Леже]], додека Брикнер во него го гледа старословенското божество [[Триглав]]<ref>[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.245</ref>..
Ред 30 ⟶ 28:
Црнобог се појавува во повеќе медиуми. Како Чернабог се појавува во „Ноќ на пустата гора“, секвенца во [[Волт Дизни|дизниевиот]] анимиран филм „[[фантазија (филм)|Фантазија]]“ од 1940 година. Оваа епизода потоа е прилагодена за видеоиграта „[[Кингдом хартс]]“, во која Чернабог има улога на господар на врвот на пустата гора. Чернабог се појавува и во серијата книги „[[Чуварите на кралството]]“, како најмоќниот негативец на Волт Дизни и главниот на Обземачите.
 
Во книжевноста се појавува во романот „[[Американски богови]]“ на [[Нил Гејман]] како Чернобог, а понатаму во романот и како „[[Белобог|Бјелебог]]“ (се претпоставува дека ова се два различни аспекти на истиот карактер, кои го споделуваат истото битие, но се одвоени со годишните времиња). Во романот „[[Пешаварските копјаници]]“ кој спаѓа во жанрот [[алтернативна историја]], по ударот на [[комета]] кој ќе предизвика сеопшт глад и [[канибализам]], [[руска империја|руската империја]] создава [[култ]] кон Црнобог.
 
Црнобог е и главниот [[антагонист]] во книгите „[[Наследниците на Александрија]]“ на [[Мерцедес Леки]], [[Ерик Флинт]] и [[Дејв Фриер]].
Ред 39 ⟶ 37:
 
== Литература ==
* {{цитирананаведена книга
| last = Стојковска
| first = Гордана
Ред 47 ⟶ 45:
| year = 2004
| isbn = 9989-918-97-X }}
* {{цитирананаведена книга
| last = Анастасова
| first = Нина
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Црнобог