Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (3) using AWB
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (3) using AWB
Ред 34:
Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на [[Македонци]]те<ref>http://bro.gov.mk/docs/gimnazisko/zadolzitelnipredmeti/Makedonski%20jazik%20i%20literatura%20-%20IV.pdf</ref>, службен јазик во [[Република Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]], [[Србија]] и во [[Косово]] (познат како [[горански дијалект]]). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]]. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).
 
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на [[етничка Македонија]], па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во [[Мала Преспа]], [[Голо Брдо]] и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во [[Приморска Македонија]], македонскиот јазик се зборува најмногу вo префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во [[Пиринска Македонија]] (од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности)<ref>[http://www.nsi.bg/Census/MotherTongue.htm Попис 2001]</ref> а во [[Србија]] се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во [[Косово]].<ref name="конески">{{цитирананаведена книга|last=Конески|first=Блаже|title=Историја на македонскиот јазик|publisher=Култура|location=Скопје|date=1967|language=македонски}}</ref>
 
Македонските говори околу [[Солун]] биле основата за формирање на [[старословенскиот јазик]] и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од [[X век]] па навака. Слични промени ги зафатиле и [[бугарскиот јазик]] и источните дијалекти на [[српскиот јазик]]. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик<ref name="конески"/>, па како резултат на тоа се создала [[Македонска рецензија на старословенскиот јазик|Македонската рецензија на старословенскиот јазик]]. Познати центри на Македонската рецензија се [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]], [[Кратовска книжевна школа|Кратовската книжевна школа]] и [[Лесновска книжевна школа|Лесновската книжевна школа]].
Ред 128:
 
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |мини|десно|200п|Карта на македонските дијалекти]]
Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на [[македонистика]]та која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на [[Македонски дијалекти|македонските дијалекти]]. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после [[Кодификација на македонскиот јазик|кодификацијата на македонскиот јазик]], но нејзиното присуство се забележува и пред [[1940]]-те години. Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на XIX век. Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат [[Ватрослав Јагиќ]], [[Ватрослав Облак]], [[Виктор Григорович]], [[Мјечислав Малецки]], [[Зузана Тополињска]], [[Божидар Видоески]] и други.<ref name="македонска граматика">{{цитирананаведена книга|author2=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=413 - 454|language=македонски}}</ref>
 
Дијалектите на македонскиот јазик се варијации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината [[Скопска Црна Гора]], продолжува со реката [[Вардар]] па сè до [[Егејско Море|Егејското Море]] ([[Бело Море]]). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на [[Република Македонија]], [[Пиринска Македонија]], [[Егејска Македонија]] ([[Беломорска Македонија]]), [[Мала Преспа]] и [[Голо Брдо]] и југозападно [[Република Косово|Косово]]. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.
Ред 290:
[[Податотека:Zborovni grupi.svg|мини|десно|300п|Зборовните групи. Во сино се менливите, во зелено се неменливите зборовни групи.]]
 
Морфологијата во македонскиот јазик] и во останатите јазици е дел од [[лингвистика]]та која се занимава со проучување на формите на [[Зборовни групи во македонскиот јазик|зборовите]], нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од [[Старогрчки јазик|старогрчко]] потекло и во превод значи ''наука за формите''. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е '''морфосинтаксата на македонскиот јазик''' која се занимава со употребата на зборовите во реченица.<ref name="општа граматика">{{цитирананаведена книга|last=Бојковска|first=Стојка|author2=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=155 - 160|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref>
 
Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколку различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот ''„млекар“'' поделен на неколку начини<ref name="општа граматика"/>: