Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (4) using AWB
Ред 22:
 
== Географија и местоположба ==
Костинци — село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]]–[[Македонски Брод]].<ref name=mitkopanov>{{цитирананаведена книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец.<ref name=mitkopanov/>
 
Крај Костинци тече [[Строшка Река]], која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км<sup>2</sup> на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари.<ref name=mitkopanov/> Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.
Ред 28:
== Историја ==
[[Податотека:Sleeve-Kostinci.jpg|мини|лево|160п|Ракав „со една вртешка“ од женска празнична кошула. Везен со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. С. Костинци, Прилепско Поле, крај на XIX век.]]
Селото Костинци за првпат во пишаните историски документи се споменува во 1335 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{цитирананаведена книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=sr| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | pages = 373}}</ref>. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци.
 
Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“.
Ред 68:
 
== Културни и природни знаменитости ==
;Цркви<ref>{{цитирананаведена книга|last=Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски|title=Карта на верски објекти во Македонија|editor=Валентина Божиновска|publisher=Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи |location=Менора - Скопје |date=2011 |isbn=978-608-65143-2-7 |language=македонски |page=18}}</ref>
* [[Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци|Црква „Рождество на Пресвета Богородица“]].
 
;Археолошки наоѓалишта<ref>{{цитирананаведена книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=sr| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 }}</ref>
* [[Манастириште (Костинци)|Манастириште]] - неопределено од непознат период;
* [[Дуња (Костинци)|Дуња]] - неопределено од непознат период;