Зевс: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 1 година
с
→‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга using AWB
с (clean up, replaced: language=English → language=en using AWB)
с (→‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга using AWB)
Во [[грчката митологија]], '''Зевс''' е крал на боговите, владетел на [[Олимп|планината Олимп]] и [[бог]] на [[небо]]то и [[гром]]от. Негови симболи се [[гром]]от, [[орел]]от, [[домашно говедо|волот]] и [[даб]]от. Поради неговото индо-евроско наследство, класичното „собирач на облаци“ доведува одредени иконографски особини од културите на [[Древниот Близок Исток]], како на пример [[жезло]]то. Зевс е често прикажуван од грчките уметници во две пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со [[гром]] во неговата подигната десна рака или седнат на престол. Зевс имал блескав штит („егида“), направен од кожата на [[коза]]та што го хранела на островот [[Крит]], а во средината на штитот е прикажана главата на [[Горгона]].<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 110.</ref>
 
Зевс бил дете на [[Хрон]] и [[Рија]], а бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции, тој е оженет со [[Хера]], иако кај пророкот на [[Додон]], негова придружничка е [[Диона]]: според ''[[Илијада]]'', [[Афродита]] е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу боженствени и херојски потомци, вклучувајќи ги [[Атена]], [[Аполон]] и [[Артемида]], [[Хермес]], [[Персефона]] (од [[Деметра]]), [[Дионис]], [[Персеј]], [[Херакле]], [[Елена Тројанска]], [[Минос]] и [[Музи]]те (од [[Мнемосина]]); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат [[Арес]], [[Хеба]] и [[Хефест]].<ref name="Hamilton1942">{{ЦитиранаНаведена книга|last=Hamilton|first=Edith|title=Mythology|publisher=Back Bay Books|location=New York|date=1942|edition=1998|pages=467|isbn=978-0-316-34114-1|accessdate=6-3-09|language=en}}</ref>
 
На грчки, името на богот е {{Polytonic|Ζεύς}} ''Zeús'' {{IPA|/zdeús/ или /dzeús/}} (на модерно грчки /'zefs/) во [[номинатив]] и {{Polytonic|Διός}} ''Diós'' во [[генитив]]. Негов [[Римска митологија|римски]] еквивалент бил [[Јупитер (бог)|Јупитер]], а [[Етрурска митологија|етрурски]], [[Тиниј]]. Во [[Хинди|хинди митологијата]] негов еквивалент е богот [[Индра]], со оружје слично на [[гром]]от, кое тој можел да го држи како стап.